Контакт

Свет

Рекордна дневна бројка на починати од коронавирус во Иран

Објавено пред

Иран забележа рекордна дневна бројка на смртни случаи од коронавирус бидејќи 229 лица починале во последните 24 часа, според податоците на Министерството за здравство.

Од почетокот на епидемијата во Иран вкупно 14.634 лица починале од вирусот, а инфекцијата била потврдена кај речиси 300.000 луѓе, пренесува „Гардијан“.

Иран се наоѓа на 11. место во светот според бројот на заразени.

 

Свет

Во Иран на секои седум минути од коронавирус умира по едно лице

Објавено пред

Иран во последните 24 часа забележа 212 починати од коронавирус, а вкупниот број на починати е 17.617, јавува „Си-ен-ен“.

Покрај тоа, дополнителни 2.751 лице се заразени и вкупниот број сега е 314.786, рече Сима Садат Лари, портпарол на иранското Министерство за здравство. Тој додаде дека 1.560 луѓе се во болница.

Иран е најпогодената земја на Блискиот Исток, а според универзитетот „Џон Хопкинс“, на секои седум минути во Иран умира по едно лице.

Прикажи повеќе...

Европа

Германија влезе во вториот бран на епидемијата, експертите ги предупредуваат граѓаните

Објавено пред

Германија, според тамошните експерти, моментно се наоѓа во вториот бран на епидемијата, пренесува Си-ен-ен.

„Ние сме во вториот бран на ширење на инфекцијата“, рече Сузана Џона, претседателка на синдикатот на лекарите „Марбургер бунд“.

Бројот на заразени лица во Германија се зголеми во последните неколку дена поради што политичарите и експертите ги повикуваат граѓаните да се придржуваат повеќе кон мерките за физичка оддалеченост.

„Постои опасност да го прокоцкаме успехот што го постигнавме досега во Германија“, рече Џона додавајќи дека причината за тоа е желбата на граѓаните да се вратат во нормалниот живот пред епидемијата.

Синдикатот „Марбургер бунд“ смета дека германскиот систем за здравствена заштита е добро подготвен за зголемувањето на бројот на заразените, но ги предупреди граѓаните дека нема причина за опуштање.

„Посакуваме нормалност. Но, продолжуваме да живееме во ситуација што, едноставно, не е нормална“, рече Џона.

Прикажи повеќе...

Европа

Полскиот премиер: Гасоводот „Северен тек“ е опасен за Европа

Објавено пред

Гасоводот „Северен тек 2“ е како Европа да инвестира во руско оружје и е опасен за Европа, рече полскиот премиер Матеуш Моравјецки за време на дискусијата во Атлантскиот совет, пренесува полскиот портал „Бизнес-алерт“.

„Не мислам дека во Полска постои силна антируска реторика. Сепак, има некои прашања што не ни се допаѓаат – на пример, ‘Северен тек 2’“, рече Моравјецки додавајќи дека изградбата на гасоводот е како Европа да вложува пари во руско оружје.

Шефот на полската влада го критикува ставот на Германија во врска со изградбата на рускиот гасовод. Моравјецки посочи дека во владејачката партија во полскиот парламент постојат разни мислења кога станува збор за односите со Германија, меѓутоа, Варшава не го прифаќа „Северен тек 2“.

Според полската страна, „европските пари за тој гасовод се финансираат од руско оружје“, истакна премиерот и додаде дека со овој проект ќе ѝ се овозможи на Москва да ја отсече Украина од снабдувањето со гас во Европа, а потоа да прави што сака со таа земја , пренесува „Спутник“.

„Затоа ‘Северен тек’ и ‘Северен тек 2’ претставуваат таква опасност за нашиот регион. Токму затоа ја критикуваме Германија“, заклучи Моравјецки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија27 минути

Собранието им ги верификува мандатите на сите 120 пратеници

Со 116 гласа „за“, без ниту еден воздржан ниту, пак, против, верифицирани им се мандатите на сите 120 пратеници, со...

Македонија47 минути

42-годишен маж спасен на Клиниката за кардиологија со стентирање на трауматска трансекција на торакалната аорта

Маж на возраст од 42 години е спасен од сигурна смрт кога на Клиниката за кардиологија му било извршено стентирање...

Македонија1 час

Јагода Шахпаска избрана за претседател на Верификациската комисија на Собранието

Со интонирање на химната почна првата седница на новиот парламентарен состав, која се одржува во салата Голема купола, со засилени...

Свет3 часа

В година Русите ќе ја тестираат вакцината против коронавирусот врз деца

Националниот истражувачки центар „Гамалеи“ во Русија планира да почне со тестирање на вакцината против коронавирусот врз деца во јануари-февруари в...

Регион3 часа

Грчките премини Дојрани и Ники ќе се отворат по 15 август

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека грчките гранични премини Дојрани и Ники ќе бидат целосно затворени за сообраќај до 15.8.2020...

Топ4 часа

Прегазена жена во Охрид

Деветнаесетгодишен скопјанец со „мерцедес“ на улицата Сирма Војвода во Охрид удрил во пешакот М. Т. (58) од Охрид. Жената била...

Свет5 часа

Гутереш: Коронавирусот ќе уништи генерации поради затворањето на училиштата

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, предупреди дека светот се соочува со генерациска катастрофа поради затворањето на училиштата во...

Свет6 часа

СЗО ќе распореди меѓународен тим експерти во Вухан

Светската здравствена организација соопшти дека тимот што го истражува потеклото на пандемијата на коронавирусот ја завршил својата мисија во Кина...

Европа6 часа

Расте бројот на тешко заболени од коронавирус во Франција

Бројот на пациенти заразени со коронавирус во одделите за интензивна нега во Франција денеска се искачи на 384, што е...

Македонија18 часа

Привремено е прекината потрагата по момчето кое се удави во Преспанското езеро

Потрагата по момчето кое исчезна во водите на Преспанското езеро е привремено прекината поради временските услови. Како што информираат од...

Регион18 часа

Преглед на состојбата во регионот: Во Албанија почина уште еден лекар, во Србија пад на бројот на новозаразени

Преглед на состојбата со коронавирусот во регионот во изминатото деноноќие. Уште еден лекар почина во Албанија од коронавирус Во болницата...

Македонија20 часа

Поранешни вработени во СЈО бараат од Пендаровски да им се извини: „Обвинителството не беше една личност“

Поранешни вработени во Специјалното јавно обвинителство реагираа на говорот на претседателот Стево Пендаровски во Пелинце. Тие велат дека СЈО не...

Топ22 часа

Лекар од Итната помош физички нападнат од татко на починато лице

Taтко на момче кое починало во сообраќајна несреќа, нападнал лекар од Итната медицинска помош. Лекарот бил на интервенција по претходно...

Македонија22 часа

Досега 500 лица починаа од коронавирус во Македонија

Бројот на починати од коронавирус во земјава достигна 500 лица, откако денеска беа потврдени 3 нови смртни случаи. Тројцата починати...

Македонија22 часа

Гостивар со најмногу новозаразени во изминатото деноноќие

Гостивар е на врвот на листата со најмногу новозаразени од коронавирус во земјава во изминатите 24 часа. Според податоците на...

Свет23 часа

СЗО: Mајките да ги дојат своите деца и кога имаат ковид-19

Светската здравствена организација денеска предупреди дека наспроти големите надежи за пронаоѓање на вакцина, можеби никогаш нема да има чудотворено решение...

Македонија1 ден

Нови 74 заболени и тројца починати од ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 689 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на...

Свет1 ден

Германските ученици се вратија во училишните клупи во екот на пандемијата

Десетици илјади училишни деца денеска се вратија во училиштата во северна Германија. Мекленбург-Западна Померанија е првата од 16 германски држави...

Македонија1 ден

Џафери: Добро се чувствувам, јас ќе ја водам седницата

Претседателот на Собранието, Тала Џафери изјави дека утре тој ќе ја води конститутивната седница. Џафери денеска ја напушта Клиниката за...

Свет1 ден

Руски доктор: Пандемијата личи на проба за биолошка војна

Ситуацијата со пандемијата на коронавирус личи на проба за биолошка војна, изјави рускиот детски хирург, Леонид Рошаљ, пренесе „Спутник“. „...

Досие