Контакт

Свет

Рекордни 580 починати и 35 илјади новозаболени во Италија

Објавено пред

Во Италија за еден ден се регистрирани нови 35 илјади заболени од Ковид-19, а починале рекордни 580 луѓе во рок од 24 часа.

Уште од април на врвот од првиот бран од пандемијата немаше толку жртви од Ковид-19 во еден ден.

Индикаторот на брзината на ширење на заразата – РТ во последните денови е стабилен, но уште е висок и зависно од регионите се движи помеѓу 1,5 и 2, што е случај во регионот Ломбардија.

Индикаторот РТ се пресметува врз основа на 21 параметар што ја покажуваат епидемиолошката состојба, а една зона се смета за безбедна од инфекција кога РТ е под 1.

Италијанските медиуми ги пренесуваат зборовите на претседателот на Високиот институт за здравство (ВИЗ), Силвио Брусаферо, кој тврди дека построгите владини мерки што се во сила од минатата недела ги даваат првите резултати.

Според него, клучот за запирање на ширењето на инфекцијата е индивидуалното однесување, односно придржување кон основните мерки за заштита: одржување физичко растојание, избегнување собири и лична хигиена.

Дневниот весник „Ил фато Котидијано“ пишува дека клиниките за интензивна нега, каде што во моментот има речиси 3.000 заразени пациенти, бргу се полнат.

Весникот ги цитира зборовите на директорот на болницата во градот Комо, кој тврди дека се на работ на издржливост, а болниците се пред колапс.

Свет

Хонгконг се соочува со четвртиот бран на коронавирус

Објавено пред

Властите на Хонгконг, кој се соочува со четвртиот бран на Ковид-19, ги засилија мерките во борбата против вирусот, а за сите што ќе дојдат во тој финансиски центар на Азија задолжителен е двонеделен карантин во хотел, без оглед на негативниот резултат од тестот, пренесува дописничката на „Танјуг“ од Хонгконг.

Баровите и ноќните клубови повторно се затвораат од денес во Хонгконг, еден од најгусто населените градови во светот, а рестораните остануваат отворени со пополнет капацитет од 50 проценти, додека бројот на луѓе кои можат да седат на една маса е ограничен на четири.

Бидејќи беа потврдени десетици нови позитивни случаи, што е најголемо зголемување во последните три месеци, министерката за здравство Софија Чан предупреди дека Хонгконг се соочува со четвртиот бран на коронавирус, за кој рече дека може да излезе од контрола ако нема остар одговор.

Прикажи повеќе...

Свет

Поранешниот премиер на Судан почина од коронавирус

Објавено пред

Поранешниот премиер на Судан, Садик ал-Махди (84), почина од последиците на коронавирус.

Тој почина три недели по хоспитализацијата во Обединетите Арапски Емирати, соопштија неговото семејство и партијата Ума.

Махди беше последниот демократски избран премиер, кој со воен удар во 1989 година беше соборен од власта, а на негово место дојде доскорешниот претседател Омар ал-Башир, пренесе „Ројтерс“.

Махди ја предводеше умерената партија Ума и остана влијателен политичар, дури и откако Башир беше симнат од власт во април минатата година.

Семејството на Махди минатиот месец соошти дека тој бил позитивен на Ковид-19 и бил пренесен на лекување во ОАЕ, неколку дена по краткиот престој во болница во Судан.

Прикажи повеќе...

Свет

Пенсилванија ја прекина верификацијата на изборните резултати

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп забележа мала победа во правната битка. Имено, во Пенсилванија беше наредено да се прекинат сите понатамошни изборни активности во врска со потврдувањето на резултатите од изборите во таа држава.

Судијката Патриша Мекалоф нареди прекинување на верификацијата на изборните резултати по барање на републиканците.

Овој успех, иако далеку од можноста за поништување на предвидената победа на новоизбраниот претседател Џозеф Бајден, ги одржува во живот тврдењата на Трамп за изборни манипулации, пренесува „Вашингтон тајмс“.

Трамп објави на Твитер дека одлуката на Пенсилванија е голема вест.

Адвокатскиот тим на Трамп наведува дека се спорни околу 670.000 гласови за кои тие бараат да бидат отфрлени.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија59 минути

СДСМ: За јазикот и идентитетот не се преговара и не може да се преговара

За јазикот, за идентитетот не се преговара, ниту може да се преговара. Македонскиот јазик и македонскиот идентитет се потврдени и...

Топ1 час

Запленета марихуана во Струшко, приведен дилер од Албанија

Полицијата вчера заплени марихуана во Струшко и приведе дилер од Албанија по претходно добиени оперативни сознанија. Од МВР информираат дека...

Македонија2 часа

Пендаровски: Постои дилема дали државниот врв настапува единствено во спорот со Бугарија

Спорот со Бугарија може да се реши само ако доследно се почитува и македонскиот и бугарскиот народ и со избегнување...

Македонија2 часа

Опозицијата бара оставка од Заев поради вчерашното интервју

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од премиерот Зоран Заев, поради ставовите изнесени во интервјуто за бугарската новинска агенција БГНЕС. Од ВМРО-ДПМНЕ...

Свет2 часа

Меркел: Задолжителни маски и на отворено

Германската канцеларка, Ангела Меркел, објави дека ограничувачките мерки против коронавирусот ќе бидат продолжени најмалку до 20 декември, а можеби и...

Свет3 часа

Трамп одобри помилување на неговиот поранешен советник за национална безбедност

Американскиот претседател Доналд Трамп го одобри помилувањето на неговиот поранешен советник за национална безбедност, генерал Мајкл Флин, што медиумите го...

Македонија14 часа

Мицкоски повика на предупредувачки протест за одбрана на македонските црвени линии

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку социјалните мрежи повика на натпартиски протест за одбрана на црвените линии во преговорите со...

Македонија14 часа

1.288 новозаразени од Ковид-19, починаа 39 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.349 тестирања, а регистрирани се 1.288 нови случаи на...

Македонија15 часа

Кај Тумбе Кафе има околу 10.000 гранати од Првата светска војна, уништувањето ќе почне во декември

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопшти дека во декември ќе започне уништувањето на неексплодираните гранати од Првата светска војна...

Свет16 часа

Кинески експерти тврдат дека коронавирусот не потекнува од Кина

Кинескиот државен весник „Пиполс дејли“ тврди, повикувајќи се на изјави на кинески експерти, дека коронавирусот не потекнува од Вухан, град...

Меѓународен17 часа

Почина Диего Армандо Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона (60) почина од срцев удар во родната земја, јавуваат тамошните медиуми. Легендарниот фудбалер починал...

Македонија20 часа

Заев: Бугарија не е фашистичка земја, туку наш пријател

Бугарија не е фашистичка земја, таа е наш пријател, вели претседателот на Владата, Зоран Заев, во интервју за бугарската новинска...

Македонија22 часа

Судот го опомена Бојан Јовановски, одбиено е барањето за изземање на судијката

Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, го одби барањето на обвинетиот Бојан Јовановски за изземање на судијката Софче Гаврилова-Ефремова од...

Македонија22 часа

Се очекува зелено светло од Пендаровски за војниците од утре да почнат да ги обезбедуваат болниците

Припадниците на Армијата ќе може уште утре да бидат распределени во здравствените институции, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. „Вчера,...

Култура23 часа

Eкипата на „Медена земја“ тврди: На Атиџе ѝ обезбедивме дом, храна и лекови – здружението „Бекирлија“ и донациите ќе бидат затворени

Екипата на „Медена земја“ реагира по тврдењата што се појавија во јавноста дека Атиџе Муратова е заборавена од сите, без...

Европа24 часа

(Видео) Автомобил удри во оградата на канцеларијата на Меркел

Автомобил управуван од непознато лице удрил во оградата на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин. Деталите за оваа...

Свет1 ден

Сингапур го искорени коронавирусот

Некогаш имаше најголема стапка на Ковид-19 во Југоисточна Азија, но кога во вторникот пријави 14 дена без нови локални случаи,...

Македонија1 ден

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 39 пациенти, слободни уште 20-ина места

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје хоспитализрани се 39 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 486 лица...

Македонија1 ден

(Видео) Пендаровски: Пандемијата покажа дека домот не е најбезбедно место за многу жени и деца

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, се вклучи во глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“ на Обединетите нации,...

Регион1 ден

Од денес стапува во сила полициски час во Црна Гора

Во Црна Гора од денес угостителските и услужните објекти ќе работат од 7 до 18 часот, а забраната за напуштање...

Досие