Контакт

Вести

Републиканците го менуваат предлогот на законот за здравствена заштита пред гласањето во четврток

Објавено пред

Републиканците работат на промените на својата нова програма здравственото осигурување за во неа да вклучат поголеми даночни олеснувања за повозрасните Американци и да го воведат работниот статус како услов за програмата Медикејд за сиромашните, објави во неделата претседателот на американските законодавци, републиканецот Пол Рајан.

Републиканците и натаму планираат во четврток во Претставничкиот дом да гласаат за новиот закон за здравственото осигурување, изјави Пол Рајан. Зборувајќи за телевизиската мрежа Fox News, Рајан додаде како челниците на републиканците работат на измена на законот во оние области со коишто некои од републиканците биле незадоволни.

„Сметаме дека би требало да додадеме уште повеќе помош отколку што сегашниот закон тоа го прави“ за луѓето со ниски примања на возраст меѓу 50 9и 64 години рече Рајан во врска со даночните олеснувања за здравственото осигурување кое се предводени во новиот нацрт закон.

Републиканците работата и на промените со коишто на сојузните држави би им се овозможило да примаат исплата од федералните власти за програмата Медиед, открива Рајан. Станува збор за програма за осигурување за оние со ниски примања којашто ја финансираат сојузните држави и федералната влада.

Републиканците и натаму се длабоко поделени околу предлогот за новиот здравствен систем, првиот поголем законски потфат на претседателот Доналд Трамп со кој би се исполнило ветувањето од неговата кампања за повлекување и замена на таканаречениот Обамакер, законот кој го воведе неговиот демократски претходник Барак Обама.

Трамп ги наговара пратениците да гласаат за неговиот закон, а по состанокот во петокот на кој го поддржа условот за работен статус, што значи да се биде вработен или активни да се бара работа, како и фиксен износ пари којашто федералната влада би им ги давала на сојузните држави за Медикејд., доби поддршка од десетина конзервативци, но некои и натаму се воздржани.

Иако Рајан тврди дека се чувствува „многу добро“ поради шансите на овој закон во Претставничкиот дом, водечкиот конзервативен пратеник за програмата „Newsmakers“ откри дека моментално има 40 републиканци кои ќе гласаат против. Иако републиканците имаат мнозинство во овој дом, за да мине предлогот не смее да ги има повеќе од 21 против.

Пратеникот Марк Медоус, од Северна Каролина, челник на тврдата линија на конзервативната парламентарната група House Freedom Caucus тврди дека законот „апсолутно нема“ да мине во сегашната форма. Тој смета дека промените кои се разгледуваат за програмата Медикејд нема да бидат доволни доколку на сојузните држави им е остави можноста за одлука за тоа дали ќе ја бараат вработеноста на осигуреникот.

Дури и доколку законот мине во Претставничкиот дом, го очекуваат големи предизвици во Сенатот.

Сенаторот Том Котон, конзервативен републиканец од сојузната држава Арканзас, кој е критичар на споменатиот предлог, истакнува дека проблемот се состои во тоа што со него нема да се намали надомест за лицата кои се на пазарот на приватните осигурителни куќи. Пратениците треба да го забават и да го решат овој проблем, смета Котон.

„Тоа може да се поправи, меѓутоа ќе биде потребно извонредно многу работа“, истакна Котон во разговорот за телевизијата CNN.

Умерените републиканци, исто така, изразуваат загриженост околу законот, а нивните забелешки често се разликуваат од оние коишто ги искажуваат нивните поконзервативни колеги.

Републиканската сенаторка Сузан Колинс од сојузната држава изјави за телевизијата NBC News дека е загрижена за последиците од предлогот врз повозрасните Американци, како и дека неговата примен би ги префрлила трошоците за Медикејд на сојузните држави. Колинс предупредува дека не треба да се обрати внимание и на здравствената заштита, бидејќи под новиот закон без неа во идната година може да останат 14 милиони, а во следната деценија 24 милиони луѓе./крај/мф/сн

Најново

Забава7 минути

Луис Хамилтон објави фотографии со Ким Кардашијан и покажа како го поминуваат летото

Луис Хамилтон објави серија фотографии со Ким Кардашијан и покажа досега невидени моменти од нивната врска. Возачот на Формула 1...

Македонија14 минути

Филипче: Карпалак не смее да биде само датум во календарот

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати порака со почит и сеќавање кон загинатите бранители кај Карпалак, кои на денешен ден...

Македонија17 минути

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме

Постојат датуми кои не се само дел од календарот, туку остануваат засекогаш врежани во колективната меморија на еден народ. 8...

Македонија24 минути

ДУИ: Отстранувањето на албанскиот јазик од државните табли на Табановце е тешка провокација

Отстранувањето на албанскиот јазик од државните табли на граничниот премин Табановце, на територијата на Општина Куманово, претставува директно прекршување на...

Топ30 минути

Уапсен возач од Арачиново кој избегал по несреќата во Радишани во која загина 19-годишен мотоциклист

Полицијата приведе едно лице во врска со сообраќајната несреќа во Скопје во која вчера загина 19-годишен мотоциклист од скопско „На...

Црна хроника35 минути

Двајца фатени под сомнение дека подметнувале пожари во Македонија

Полициски службеници од ОВР Македонски Брод и ОВР Прилеп привеле две лица под сомнение дека предизвикувале пожари на отворен простор....

Црна хроника42 минути

Полицаец удрил лице со врзани раце во Градски парк, пријавен за малтретирање

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до ОЈО ГОКК поднел кривична пријава...

Црна хроника45 минути

Осумгодишно девојче тешко повредено откако во него удрил „јагуар“ во Гостивар

Oсумгодишно девојче од Гостивар е тешко повредено по удар од автомобил во градот. „На 07.08.2026 во 21:30 часот во ОВР...

Црна хроника48 минути

Со автоматска пушка пукал кон семејна куќа во Тетово, оштетени и автомобил и фасада

Вчера во Тетово било пријавено дека околу 04:20 часот, машко лице од мопед во движење испукало повеќе куршуми од автоматска...