Свет
Референдумот за антикорупциски мерки во Колумбија не успеа
Референдумот во Колумбија за седум антикорупциски мерки не успеа денес, иако секоја од овие мерки доби 99 отсто поддршка од гласачите.
Референдумот не успеа бидејќи не излегол доволен број гласачи, а за да биде признаен резултатот за секое прашање, треба да добие 12,1 милиони гласови, а само 11,6 милиони гласачи излегле да гласаат, што е под една третина од вкупниот број гласачи, објави агенцијата „Ројтерс“.
Во Колумбија право на глас имаат 36,5 милиони луѓе.
На референдумот, меѓу другото, беа поставени и прашањата за намалување на платите на пратениците, ограничување на јавните овластувања, забрана за извршување на казните од домашен притвор за корупција.
Корупцијата во последните години стана главна тема во Колумбија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Израел ја користи војната за проширување на територијата, смета Турција
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан го обвини Израел дека ја користи војната на Блискиот Исток како изговор за проширување на територијата.
„Израел не сака само да ја обезбеди својата безбедност, туку сака уште територија. Владата на Нетанјаху ја користи безбедноста како изговор за окупација“, изјави Фидан на дипломатски форум во Анталија.
Според него, покрај палестинските територии, Израел се обидува да ја прошири својата доминација и кон делови од Либан и Сирија.
„Ова е континуирана окупација и експанзионизам. Ова мора да престане“, рече Фидан.
Тој додаде дека конфликтот на Блискиот Исток ги оттурнал во втор план напорите за решавање на војната меѓу Русија и Украина.
Свет
Трамп вчера изјави дека Иран никогаш повеќе нема да го затвори Ормускиот теснец
Се чека реакција на претседателот на САД, Доналд Трамп, откако Иран повторно го затвори Ормсукиот теснец, кусо по отворањето.
Трамп во текот на вчерашниот ден го прослави повторното отворање со серија објави на социјалните медиуми вчера, тврдејќи, меѓу другото, дека Иран се согласил никогаш повеќе да не го затвора водниот пат.

Свет
Иран отвори шест аеродроми
Иран делумно го отвори својот воздушен простор, дозволувајќи меѓународни летови над источниот дел од земјата, соопштија властите.
Според информациите, шест аеродроми повторно се ставени во функција, меѓу кои и главниот во Техеран. Отворањето доаѓа во контекст на прекинот на огнот на Блискиот Исток.
Во исто време, податоците покажуваат дека конвој од осум танкери поминал низ Ормуски теснец, по краткото повторно отворање на овој клучен поморски правец.
Иако стотици бродови остануваат заглавени во Персискиот Залив од почетокот на конфликтот, дел од сопствениците се надеваат дека ќе го искористат примирјето за да го напуштат регионот.
