Контакт

Свет

Ријад издвоил 60 милиони долари за поддршка на Палестинската самоуправа

Објавено пред

Државниот Саудиски фонд за развој на палестинско Министерство за финансии му доделил 60 милиони долари како поддршка за Палестинската самоуправа во периодот меѓу ноември 2018 година и јануари годинава, вели Осама бин Ахмед Накли, претставник на Саудиска Арабија во Арапската лига.

„Саудиска Арабија ја поддржува палестинската кауза на разни нивоа – во политичко, економско и на хуманитарно ниво“, рече Накли, кој е и амбасадор на земјата во Египет.

Палестинците со години се во конфликт со Израел. Меѓународната заедница се обиде да го реши конфликтот со разни платформи. В среда и в четврток Варшава ќе биде домаќин на конференција спонзорирана од САД на Блискиот Исток, на која се очекува да се дискутира за израелско-палестинскиот конфликт.

И додека Саудиска Арабија соопшти дека ќе учествува на самитот, палестинската влада изрази страв дека на состанокот ќе се претстави договорот на векот на американскиот претседател Доналд Трамп за решавање на израелско-палестинскиот конфликт за кој палестинските власти сметаат дека е насочен кон напуштање на палестинска кауза.

Од центарот за хуманитарна помош „Крал Салман“ минатата година изјавија дека Ријад и понатаму ќе продолжи да го поддржува палестинскиот народ преку финансиска помош.

Според центарот, вкупниот придонес на Саудиска Арабија во Палестина во изминатите неколку години изнесува 6,4 милијарди долари за развој и за хуманитарна помош и за поддршка на бегалците.

Свет

Момче од Висконсин на лотарија освои 768 милиони долари

Објавено пред

Мануел Франко, 24-годишник од американската држава Висконсин, освои 768 милиони долари во играта на среќа „Пауербол“, што е трета најголема исплата во историјата на САД.

„Начисто полудев. Ги погледнав броевите и тие се совпаѓаа. Срцето почна силно да ми чука, почувствував топлина. Почнав да викам“, изјавил Франко за АП.

Тој кажал дека веднаш дал отказ од работното место, велејќи дека едноставно не може да продолжи да работи.

Одлучил да ја избере опцијата за еднократна исплата, наместо да ги добива парите на рати, но додал и оти се надева дека ќе има можност да донира и за добротворни цели. Бидејќи одбрал еднократна исплата, во готово ќе му бидат врачени 477 милиони долари.

Тој, како што рекол, е подготвен на луѓето кои ќе дојдат да молат за пари да им каже не.

Според законот на американската држава Висконсин, добитниците на лотарија не може да останат анонимни. Франко објаснил дека откако ги освоил парите станал параноичен и добитното ливче го сокрил во сеф.

„Станав параноичен, како кога имате чувство дека целиот свет ве бара токму вас. Секој ден мислев дека некој е зад мене. Тешко е да го живеете животот кога имате лист што секој го посакува“, објаснил младиот Франко.

 

Прикажи повеќе...

Свет

Брат и сестра преживеале една експлозија на Шри Ланка и почнале да бегаат, но не успеале да се спасат

Објавено пред

Меѓу над 320 жртви кои загинаа при експлозиите во Шри Ланка се и Даниел и Амели Линзи, брат и сестра од Велика Британија.

Тие успеале да побегнат кога се слушнала првата експлозија во луксузниот хотел Шангри-ла во Коломбо. Но, додека се обидувале да ги спасат своите животи, експлодирала уште една бомба, од која не успеале да побегнат.

Британските медиуми пишуваат дека за време на нападот, 19-годишниот Даниел и 15-годишната Амели појадувале со својот татко Метју пред летот за дома.

Таткото успеал да ги преживее нападите, по што се вратил во Лондон, каде што го пречекале сопругата Анџелина и двајцата синови кои не заминале на фаталниот одмор.

„Не можам да го опишам ужасот. Луѓето врескаа, јас бев со децата, не знаев дали се добро бидејќи беше темно. Почнавме да трчаме кога одекна нова експлозија. Стигнавме до лифтот, но не можев да ги разбудам. Даниел изгледаше полошо од Амели. Не можев да го оживеам. Една жена ми помогна со мојата ќерка и ги одведовме до брзата помош, се молев да ги спасат“, раскажува таткото.

За медиумите открил дека Даниел волонтирал во сиропиталиште во Етиопија, а Амели ја опишал како убава девојка однадвор и однатре.

„Тие беа заинтересирани за другите култури, сакаа да патуваат“, изјавил 61-годишниот Метју.

Одговорноста за нападите ја презеде Исламска држава, а агенцијата на оваа терористичка мрежа објави фотографии и снимки од осуммина мажи за се кои тврди дека се терористите кои ги извршиле нападите во цркви и хотели во Шри Ланка за Велигден.

Прикажи повеќе...

Свет

Израел ќе именува населба по Трамп

Објавено пред

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, денеска објави дека нова населба на Голанската Висорамнина ќе биде именувана по американскиот претседател, Доналд Трамп, како знак на благодарност за признавањето на израелскиот суверенитет над таа стратешка локација.

Израел ја зазеде Голанската Висорамнина во војна со Сирија во 1967 година и ја припои кон својата територија што не е меѓународно признато. Трамп минатиот месец потпиша одлука со која се признава суверенитетот на Израел врз таа област, со што им се спротивстави на останатите светски сили.

„Сите Израелци беа длабоко трогнати кога претседателот Трамп ја донесе својата историска одлука“, рече израелскиот премиер во видеоизјава снимена на Голан.

Тој додаде дека по еврејскиот празник Пасха, владата ќе претстави резолуција за формирање на нова населба на Голанската Висорамнина именувана по претседателот Доналд Ј. Трамп.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 часа

(Видео) ИВЗ: Судот не одлучува кој ќе биде реис, ако е така нека кажат и кој да биде поглавар на МПЦ

Судот не е тој што одлучува кој ќе биде реис, ако е така нека кажат и кој да биде поглавар...

Свет15 часа

В четврток прва средба меѓу Путин и Ким на рускиот Далечен Исток

Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, в четврток ќе се состане со рускиот претседател, Владимир Путин, на рускиот Далечен Исток, објави советникот...

Свет18 часа

(Видео) Камерите снимија терорист кој влегува во црквата непосредно пред масакрот

Медиумите на Шри Ланка објавија снимка од надзорните камери снимена непосредно пред еден од нападите. Како што известува „Гардијан“, се...

Македонија19 часа

Северна Македонија или Македонија? Караџовски и Адеми расправаa како да ја пишува државата на извештајот

Членовите на Судскиот совет го изгласаа годишниот извештај за работата за 2018 година, но претходно претседателот Зоран Караџовски и членот...

Топ20 часа

Мицкоски: Не е до чистката, туку проблемот е до тој што треба да исчисти

По најавите на премиерот Зоран Заев дека власта ја примила пораката од граѓаните и дека ќе следуваат кадровски промени, лидерот...

Топ20 часа

Поднесено обвинение против родителите чии деца загинаа во пожар во Велес

Против мајката и таткото, чии деца во јуни минатата година загинаа во пожар во куќа во Велес, е поднесено обвинение...

Македонија21 час

(Видео) Таткото на Саздовски: Родителите да кажат каде е третиот осомничен, кој е во бегство

Ни една мајка не треба да го закопа својот син, казната е толкава колку што е предвидено во законот. Не...

Македонија22 часа

(Видео) По 19 години затвор за убијците на Никола Саздовски

Кривичниот суд во Скопје им одреди по 19 години затвор на Бесим Беља и Скендер Демири, кои на 29 јуни...

Свет22 часа

Евакуирана Сиднејската опера поради истекување гас

Стотици луѓе се евакуирани денес од Сиднејската опера и околината поради истекување гас, а раководството на куќата објави дека настапите...

Регион23 часа

Убиецот на бугарската телевизиска новинарка осуден на 30 години затвор

Бугарскиот суд го осуди Северин Красимиров на 30 години затвор за силување и убиство на телевизиската новинарка Викторија Маринова. Телото...

Свет23 часа

(Видео) Базен на врвот на висококатница се излеа за време на земјотресот во Манила

Филипините вчера ги погоди силен земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтер поради што се тресеа многу згради, а...

Свет23 часа

Најмалку 11 жртви и 24 исчезнати во земјотресот во Филипини

Најмалку 11 лица загинаа, 24 исчезнати, а повеќе од 80 се повредени во земјотрес со јачина од 6,1 степен, кој...

Топ1 ден

(Видео) Дац му подари метла на Заев, премиерот возврати – чистка ќе има

Актерот Драган Спасов Дац на вечерашната трибина на СДСМ во Карпош му подари метла на премиерот Зоран Заев, порачувајќи му...

Европа2 дена

Курц ја осуди песната во која мигранти се споредуваат со стаорци

Aвстрискиот канцелар, Себастијан Курц, побара од помалиот партнер во владејачката коалиција, десничарската Партија на слободата на Австрија, да се дистанцира...

Избори 20192 дена

(Видео) Поништено гласањето на избирачко место во Ѓорче Петров, имало вишок гласачки ливчиња во кутијата

Три гласачки ливчиња повеќе во кутијата од бројот на гласачи нотира Државната изборна комисија во едно избирачко место во општина...

Свет2 дена

Кои се жртвите во Шри Ланка: Деца, познати готвачи, келнери, политичари…

Во терористичките напади во Шри Ланка загинаа најмалку 290 луѓе, а повеќе од 500 се повредени. Меѓу нив, повеќето луѓе...

Избори 20192 дена

ОБСЕ: Изборите беа добро спроведени, но потребна е реформа на изборното законодавство

Во првиот круг на претседателските избори гласачите беа во можност да се информираат пред да го направат својот избор помеѓу...

Македонија2 дена

(Видео) Николоски го наклеветил Вице Заев, но нема да му плати 30 илјади денари отштета

Судијката од Основниот суд Скопје 2, Кети Германова, заедно со двајца судии поротници, донесе пресуда со која утврди дека потпретседателот...

Избори 20192 дена

(Видео) Јанушев: Со постигнатите резултати ВМРО-ДПМНЕ би освоила 53 пратенички мандати, а СДСМ – 41

Вчера се потврди дека кај граѓаните има апатија поради криминалот, корупцијата и сиромаштијата, порача генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев,...

Избори 20192 дена

(Видео) Пендаровски: Не сум изненаден од резултатот, ја разбрав пораката на граѓаните

Претседтелскиот кандидат Стево Пендаровски вели дека не е изненаден од резултатите од гласањето и дека ја разбрал пораката на граѓаните....

Досие