Контакт

Европа

Романската обвинителка Ковеси ќе гони криминал во ЕУ

Објавено пред

Романската обвинителка за борба против корупција Лаура Кодрута Ковеси речиси сигурнo ќе стане првата обвинителка на ниво на ЕУ и покрај противењето на романската влада.

Повеќето амбасадори на ЕУ гласаа за неа на неформално тајно гласање, изјави Марко Руонала, портпарол на Финска, земја која моментно претседава со ЕУ, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Земјите членки на ЕУ претходно го поддржаа францускиот кандидат Жан Франсоа Бонар, предизвикувајќи критики кои дојдоа од повеќе формални групи.

Советот на ЕУ ќе одржи официјално гласање во наредните недели.

Ковеси веќе ја обезбеди поддршката на Европскиот парламент за позиција во Европското јавно обвинителство. Како ЕУ обвинителка таа ќе биде задолжена да ги гони злоупотребите на европските фондови во земјите членки.

 

Европа

Протести во Барселона по пресудата за сепаратистичките лидери

Објавено пред

Стотици студенти и јавни службеници се собраа денес на протести во неколку делови на Барселона, по затворањето на сепаратистичките лидери во Каталонија.

Демонстрантите блокираа некои патишта во Барселона, а јавните службеници излегоа пред нивните канцелариски згради.

„Денес се прекршени сите нивни права. Страшно е што Европа не реагира. Не сакам да бидам Европеец, не сакам да бидам Шпанец“, рече еден од демонстрантите.

Протестите, според АП, биле организирани и во други градови во североисточниот регион.

Шпанскиот Врховен суд осуди деветмина поранешни каталонски политичари и активисти на казна затвор од 9 до 13 години поради нивната улога во неуспешното прогласување на независноста на Каталонија во 2017 година.

Поранешниот лидер на Каталонија, Карлос Пуџдемон, кој избега во Шпанија со неколку други членови на неговата поранешна влада, ја критикуваше пресудата, нарекувајќи ја „свирепа“.

Прикажи повеќе...

Европа

Полицијата се распореди во Киев, се собираат националистите

Објавено пред

Полицијата ги распореди силите околу украинскиот главен град, бидејќи екстремно десничарските и националистичките групи се собираат во знак на протест пред претседателот Володимир Зеленски и неговиот мировен план за источна Украина.

Со една минута молчење пред споменикот на Киев, Зеленски им оддаде почит на Украинците убиени во петгодишниот судир со сепаратистите поддржани од Москва.

Украинскиот претседател треба да ги посети и воените сили на исток, пренесува АП.

Властите очекуваат десетици илјади луѓе на демонстрациите на националистите кои го одбележуваат Денот на одбрана на татковината.

Зеленски ги повика учесниците да избегнуваат насилство и предупреди за потенцијални провокации.

Демонстрантите се спротивставуваат на договорот за локалните избори во источна Украина, плашејќи се дека тоа ќе и даде премногу отстапки на Русија.

Прикажи повеќе...

Европа

Пуџдемон: Пресудата за лидерите на Каталонија е свирепа

Објавено пред

Поранешниот лидер на регионалната влада на Каталонија, Карлос Пуџдемон, ја нарече свирепа пресудата на Врховниот суд на Шпанија, со која каталонските водачи се осудени на затворски казни.

„Време е за реакција… за иднината на нашите синови и ќерки. За демократија. За Европа. За Каталонија“, напиша Пуџдемон на „Твитер“.

Пуџдемон го предводеше шпанскиот регион во време кога имаше обид за прогласување независност во 2017 година за што им се суди на каталонските водачи, пренесува „Ројтерс“.

На Пуџдемон не му беше судено затоа што избега во Белгија, каде што живее во егзил.

Шпанскиот Врховен суд осуди деветмина поранешни каталонски политичари и активисти на затворски казни од 9 до 13 години поради нивната улога во неуспешното прогласување независност на Каталонија во 2017 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Плевнелиев: Македонија заслужува членство во ЕУ, Макрон греши

Го поддржувам пристапот на Македонија и на Албанија во Европската Унија, изјави поранешниот претседател на Бугарија, Росен Плевнелиев, за БГНЕС....

Свет46 минути

(Видео) Шест години затвор за мајка што лажела дека синот има карцином – за 10 години му направиле 13 операции

Мајка лажно тврдела дека нејзиниот син има карцином, па десетгодишното дете било подложено на 13 операции иако воопшто не било...

Топ2 часа

Планинар падна од карпа, со хеликоптер пренесен во болница

Дваесет и шестгодишен планинар од Битола е тешко повреден кога вчера, качувајќи се по патека кон врвот на Илинден, се...

Топ2 часа

Истрага за случајот во Богданци: се опијаниле, па со стол сакал да го убие соседот

Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против 60-годишен жител на Богданци поради постоење основано сомневање дека...

Македонија2 часа

Катица Јанева се враќа во притворот во Шуто Оризари

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, денеска од болница ќе биде вратена во истражниот затвор во Шуто Оризари. Јанева, која е...

Македонија3 часа

Владата денешната седница ќе ја одржи во Битола

Владата својата редовна 159-та седница денеска ќе ја одржи во Битола, во зградата на Општина Битола. Со оваа прва седница...

Европа4 часа

Право и правда победи на изборите во Полска

Владејачката полска конзервативна партија Право и правда освои најголем број гласови на парламентарните избори и обезбеди мнозинство во парлментот, покажаа...

Европа4 часа

Орбан ја загуби Будимпешта, Карашони нов градоначалник

Унгарската опозиција победи на локалните избори во главниот град Будимпешта, нанесувајќи му го првиот пораз на премиерот Виктор Орбан од...

Спорт14 часа

Македонија не издржа во Варшава, Полска се пласираше на ЕУРО 2020 (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација вечерва загуби во Варшава од Полска 2-0 (0-0) во рамките на осмото квалификациско коло за пласман на...

Македонија19 часа

Димитров патува за Брисел во пресрет на одлуката за почеток на преговорите со ЕУ

Министерот за надворешни работи Никола Димитров од 14 до 17 октомври ќе престојува во работна посета на Брисел кога се...

Топ21 час

Во тешката сообраќајна несреќа кај Струмица загина 19-годишна девојка, возачот е во болница

Деветнаесетгодишна девојка од Струмица, со иницијали С.Т. го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 4...

Регион21 час

„Дали сум оптимист? Не“, одговори Рама за почетокот на преговорите со ЕУ

Премиерот на Албанија, Еди Рама изјави дека не е оптимист за почеток на преговорите со Европската Унија. „Дали сум оптимист?...

Култура21 час

(Видео) „Визија Скопје“ понуди поглед на плоштадот без фонтаната со воин на коњ

На плоштадот Македонија во Скопје викендов граѓаните имаа уникатна можност преку слики нацртани на тенка проѕирна пластика место на платно,...

Македонија1 ден

Шекеринска: „Бомбава“ само потврди која е огромната разлика меѓу нас и нив

„Малку се залетаа. И самите покажаа колку не сме исти“. Вака министерката за одбрана го коментира прислушуваниот разговор што беше...

Македонија1 ден

„Ел Чека“ објави нова бомба – Шекеринска и Бесими за гласањето на ДИК за локалните избори

На социјалната мрежа „Фејсбук“ се појави прислушуван разговор од локалните избори во 2013 година. Објавувачот на материјалот, Ел Чека, објаснува...

Европа1 ден

Протести на Курдите ширум Европа, во Грција запален постер со ликот на Ердоган

Десетици илјади Курди вчера демонстрираа низ цела Европа против турската воена офанзива во северна Сирија, а протести се одржаа во...

Македонија1 ден

Пожар во куќа кај Дом на градежници

Утрово избувна пожар во куќа, во близина на Домот на градежници во Скопје. На терен се испратени противпожарни возила, кои...

Свет1 ден

Разорен тајфун ја погоди Јапонија, најмалку 18 жртви

Најмалку 18 лица загинаа, а 13 се водат за исчезнати во тајфунот Хагибис што ја погоди Јапонија. Налетите на ветрот...

Македонија2 дена

Заев: Мицкоски мисли дека со продажба на уделот ќе ги сокрие трагите во хидроцентралите

Мицкоски мисли дека ако го продаде уделот во хидроцентралите, дека ќе ги затскрие трагите, истакна претседателот на СДСМ и премиер,...

Македонија2 дена

Се демонтира угостителскиот објект од покривот на ГТЦ

Согласно одлуката на Градоначалникот Петре Шилегов, денеска почна демонтажата на угостителскиот објект на кровот на ГТЦ. Со овие активности, велат...

Досие