Контакт

Свет

Рохани: Планот на Макрон е начелно прифатлив за Иран

Објавено пред

Планот за разговори презентиран од страна на францускиот претседател, Емануел Макрон, пред САД и Иран начелно е прифатлив, изјави денеска претседателот, Хасан Рохани, на владин состанок, кој во живо го пренесуваше иранската државна телевизија.

Тој рече дека треба да се изменат некои формулации во планот, во кој се потенцира дека Иран нема да продолжи со изработката на нуклеарно оружје и дека ќе помогне да се осигури безбедноста на регионот и неговите пловни патишта доколку Вашингтон би ги укинал сите санкции, соопшти „Ројтерс“.

Планот исто така ќе му овозможи на Иран веднаш да продолжи со продажбата на нафтата.

Рохани на седницата на владата рече дека разните пораки за санкциите, испратени од САД минатата недела додека присуствувал на седницата на Генералното собрание на ОН, ја поткопале можноста за разговори.

Тој додаде дека не е прифатливо американскиот претседател, Доналд Трамп, јавно да рече дека ќе ги интензивира санкциите, а европските сили на внатрешни состаноци му сугерираат на Техеран да биде подготвен за преговари.

Во исто време врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хаменеи, на состанокот со командантите на елитната Револуционерната гарда изјави дека Иран ќе продолжи да ги намалува своите обврски што произлегуваат од нуклеарниот договор од 2015 година сè додека не го постигне посакуваниот резултат.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Една од најпознатите плажи во Грција останува затворена и ова лето

Објавено пред

Легендарната плажа Навагио на грчкиот остров Закинтос ќе остане затворена за посетители најмалку до 31 октомври 2026 година.

Грчките власти ја продолжија забраната поради опасност од одрони и лизгање на земјиштето од стрмните карпи што ја опкружуваат.

На туристите нема да им биде дозволено да се симнат на плажата ниту да се капат, а бродовите не смеат да се приближат на помалку од 50 метри од брегот. За прекршување на правилата се предвидени парични казни.

Плажата е светски позната по бродоломот „Панагиотис“, кој се наоѓа таму од 1980-тите и е една од најфотографираните туристички атракции во Грција.

Причина за затворањето е ризикот од нови одрони. Во 2018 година неколку капачи беа повредени кога дел од карпите се урнаа врз плажата.

Посетителите и натаму ќе можат да уживаат во погледот кон Навагио од видиковецот, а ќе бидат организирани и бродски тури, но само на пропишаната безбедна оддалеченост.

Прикажи повеќе...

Свет

Потврдена казната од 8,5 години затвор за сатиричар за исмејување на Путин во Германија

Објавено пред

Од

Апелациониот суд во Москва денеска ја потврди казната затвор од осум и пол години што му беше изречена на германскиот сатиричар, скулптор и илустратор Жак Тили за неговиот карневалски плотун.

Судијата Владимир Усов ја прочита одлуката на тричлениот судски совет, наведувајќи дека жалбата на одбраната против пресудата е одбиена и казната е потврдена.

Во април, московскиот суд го прогласи познатиот уметник Тили за виновен во отсуство за навреда на религиозните чувства и ширење лажни информации за руските вооружени сили преку неговите настапи на традиционалните карневалски паради во неговиот роден град Диселдорф.

Тили постојано го исмејуваше рускиот претседател Владимир Путин и војната во Украина, како и рускиот православен патријарх Кирил.

Јавната адвокатка Наталија Дудкина изјави дека случајот сега е затворен, освен ако скулпторот не побара случајот да биде упатен до повисок суд.

„Со тоа случајот е завршен“, рече Тили како одговор на прашање од новинската агенција ДПА во Дизелдорф. „Не гледам причина да се продолжува овој апсурден процес. Пресудата е секако фарса. Таа нема да влијае на нашата сатирична работа за време на карневалот. Ќе продолжиме како и досега“, рече тој.

 

фото/ЕПА

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп вели дека вложува „последни напори“ за договор со Иран, споменувајќи го рокот

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американската дипломатија прави „последен притисок“ за постигнување договор со Иран, еден ден по невидените реципрочни напади од страна на Израел и Иран по договореното примирје пред два месеци.

„Правиме последен притисок за она што ќе биде многу, многу добар договор“, рече Трамп, наведувајќи временска рамка од „два до три дена“ за договор.

Тој исто така рече дека договорот „нема да дозволи нуклеарно оружје на кој било начин, облик или форма“ и дека Ормускиот теснец ќе се отвори веднаш по потпишувањето на договорот.

Трамп рече дека имал „многу добар разговор“ со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

„Тој беше погоден и возврати, и не можам да го обвинам за тоа“, рече Трамп за израелските напади, нагласувајќи дека Нетанјаху ги откажал понатамошните напади и дека Израел и Иран ќе се остават еден со друг на мира најмалку уште една недела.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт21 минута

Со специјални покани од ИХФ, Турција и Саудиска Арабија ќе настапат на Светското првенство

Во конкуренција со Унгарија, Австрија и Швајцарија, Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) одлучи спротивно на сите логики и правила, според критериуми...

Македонија36 минути

Незаконската наплата за влез во Куклица е симбол на нефункционалноста на државата, велат од Левица

Еден од најпознатите природни феномени во Македонија, локалитетот Куклица или „Камените кукли“, кај Кратово, повторно е во центарот на вниманието,...

Регион39 минути

Една од најпознатите плажи во Грција останува затворена и ова лето

Легендарната плажа Навагио на грчкиот остров Закинтос ќе остане затворена за посетители најмалку до 31 октомври 2026 година. Грчките власти...

Македонија45 минути

Цаневска – Арсовска: Орце не одговори од каде го најде Марјан Цветковски за директор на Фондацијата „Скопје – Град на културата“

Орце Георгиевски го гази деловникот и ја замолкнува опозицијата, наместо дебата – монолог во Советот, обвини координаторката на советничката група...

Економија48 минути

Беким Сали: Бизнисот останува главен двигател на економскиот развој на државата

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на одбележувањето на 20-годишнината од основањето на Стопанската...

Македонија51 минута

Сериозни пропусти во финансиското работење на Албанскиот театар утврдија ревизорите

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност на Националната установа Албански театар – Скопје...

Спорт52 минути

Платини поднесе кривична пријава против првиот човек на ФИФА

Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, покрена кривична и граѓанска постапка во француските судови против претседателот на ФИФА, Џани Инфантино....

Свет54 минути

Потврдена казната од 8,5 години затвор за сатиричар за исмејување на Путин во Германија

Апелациониот суд во Москва денеска ја потврди казната затвор од осум и пол години што му беше изречена на германскиот...

Забава1 час

Новиот роман за Гоце Делчев ги подели Македонците

Едни го нарекуваат најважното книжевно дело во последната деценија. Други велат дека отвора болни прашања за кои општеството не е...