Свет
Рохани: Се надевам дека Бајден ќе ја врати назад политиката на САД кон Иран

Иранскиот претседател Хасан Рохани ја повтори надежта дека Џо Бајден ќе ја врати политиката на САД кон Иран на онаа точка на која ја остави како потпретседател.
Бајден беше потпретседател за време на двата мандата на Барак Обама.
Доколку Иран и САД може да најдат начин да се вратат на состојбата од 20 јануари 2017 година, денот на инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп, тоа би било одлично решение за многу прашања и проблеми, пренесува АП.
За време на мандатот на Доналд Трамп, тензиите меѓу САД и Иран ескалираа, што ги донесе двете страни на работ на војната на почетокот на годината. Во меѓувреме, Вашингтон се повлече од нуклеарниот договор со Техеран.
Рохани го повика Бајден експлицитно да ја осуди кампањата на максимален притисок на Трамп и да компензира за погрешните политики што се водеа во последните четири години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Објавено ново видео од упадот во Конгресот на САД

Објавено е ново видео од упадот на приврзаниците на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп во зградата на американскиот Конгрес во Вашингтон на 6 јануари.
View this post on Instagram
Снимката, направена од воениот дописник Лук Могелсон, покажува упад на стотици десничари во Капитол меѓу кои и т.н. водач на групата Џејк Анџелио (33), познат и како „човекот со рогови“.
На самиот почеток на видеото се гледа како Џејк влегува во Сенатот и поздравува група луѓе, во присуство на полицијата.
Потоа тој влегува во конгресната сала и претура по масата на потпретседателот Мајк Пенс.
Регион
Брнабиќ: Во Србија почнува масовна вакцинација

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, најави дека утре во Србија ќе почне масовна вакцинација на граѓаните против коронавирус.
Таа изјави дека од утре ќе се вакцинираат воспитувачите, припадниците на армијата и полицијата, како и новинарите.
„Веќе започнавме со вакцинација на луѓето кои изразија интерес да бидат вакцинирани. Ве молиме, пријавете сè што е можно повеќе, затоа што колку побрзо и поефикасно го сториме ова, толку побрзо ќе се вратиме во нормален живот“, рече Брнабиќ.
Таа оцени дека системот за апликација за вакцинација преку порталот „Е-управа“ работи апсолутно совршено и апелираше до наставниците да аплицираат во што поголем број.
„Исклучително е важно сите да сториме сè што е во наша моќ децата да одат на училиште што е можно подолго. Особено е важно најмладите ученици од прво до четврто одделение да бидат со своите наставници, да се дружат. Затоа донесовме одлука да започнеме со настава повторно по зимскиот распуст“, рече Брнабиќ.
Регион
Во Хрватска 174 нови случаи на коронавирус, 39 лица починаа

Во последните 24 часа во Хрватска се евидентирани 174 нови случаи на коронавирус, а бројот на активни случаи е 3.276.
Меѓу нив, 1.742 пациенти се наоѓаат во болница, од кои 139 се на апарати за дишење. 39 лица починаа.
Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 225.128 лица заразени со новиот коронавирус, од кои починале 4.655, а 217.197 оздравеле, од кои 917 во последните 24 часа.
Во моментов има 16.687 лица во самоизолација. До денес се тестирани вкупно 1.120.894 лица, од кои 2.369 во последните 24 часа.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира