Свет
Рубио: Можен е прекин на огнот во Украина во рок од неколку дена доколку Москва се согласи

Американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека се надева оти прекинот на огнот меѓу Русија и Украина би можел да дојде во рок од неколку дена доколку се согласат руските лидери и дека планира да состави дипломати од групата 7, кои ќе се фокусираат на завршување на војната на состанокот оваа недела во Канада, пренесува „Танјуг“ цитирајќи го „Њујорк тајмс“.
„Вака би сакале светот да изгледа за неколку дена: ниедна страна не пука на другата, без ракети, без проектили, без куршуми, ништо, без артилерија“, им рече тој на новинарите во Ирска на пат од Саудиска Арабија кон Канада.
Пукањето престанува, борбите престануваат и разговорите почнуваат, нагласи Рубио, додавајќи дека верува оти нема да наиде на непријателство од американските сојузници поради неодамнешните царини воведени на Канада од страна на американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој додаде дека очекува срдечни разговори со канадските власти и покрај заканата на Трамп дека ќе ја анектира Канада и ќе ја направи 51. американска држава.
„Тоа не е она за што ќе зборуваме на Г7 или за време на нашето патување. Тие се земјата домаќин и имаме многу други работи на кои работиме заедно“, рече Рубио.
Вчера, по разговорите во Џеда, Саудиска Арабија, тој рече дека Русија ќе ја прифати понудата за 30-дневен прекин на огнот во Украина.
„Украина направи позитивен чекор, се надеваме дека Русите ќе возвратат. Тоа би бил најдобриот гест на добра волја од руската страна“, рече тој истакнувајќи дека нема краен рок за почеток на прекинот на огнот, но „се надеваме што е можно побргу“, пренесува „Ројтерс“.
Американскиот државен секретар додаде дека Украина и САД ќе работат на финализирање на договорот за минерали. Украинската и американската делегација разговараа за мировниот договор за ставање крај на украинскиот конфликт и билатералните односи меѓу двете земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Русија и Украина утре ќе разменат 175 воени заробеници

Русија и Украина утре ќе разменат 175 воени заробеници од двете страни, изјави претседателот Владимир Путин за време на телефонскиот разговор со неговиот американски колега Доналд Трамп.
-Путин објави дека на 19 март руската и украинската страна ќе разменат по 175 затвореници, се вели во соопштението на Кремљ.
Белата куќа, од своја страна, објави дека Трамп и Путин се договориле за 30-дневен прекин на огнот во енергетскиот и инфраструктурниот сектор на Украина и дека преговорите за ставање крај на конфликтот ќе започнат „веднаш“.
Тие разговори ќе бидат на Блискиот Исток, соопшти Белата куќа, пофалувајќи ги „огромните придобивки од подобрените односи“ меѓу САД и Русија
Свет
Трамп: Со Путин е договорен прекин на огнот за енергетските и инфраструктурните објекти

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во денешниот телефонски разговор со неговиот руски колега Владимир Путин се договорил за итен прекин на огнот меѓу Русија и Украина во сите енергетски и инфраструктурни објекти.
„Се согласивме на итен прекин на огнот на сите енергетски и инфраструктурни објекти, со разбирање дека ќе работиме брзо за да постигнеме целосен прекин на огнот и, на крајот, да ставиме крај на оваа многу страшна војна меѓу Русија и Украина. Оваа војна никогаш немаше да започне ако јас бев претседател“, рече Трамп на Truth Social.
Тој додаде дека имал „многу добар и продуктивен“ разговор со Путин и дека разговарале за „многу елементи од мировниот договор, вклучувајќи го и фактот дека илјадници војници умираат“.
„Тој процес сега е во полна сила и ефект, и се надеваме, заради човештвото, дека ќе ја завршиме работата“, рече Трамп.
Свет
Гутереш ги повика Израел и Хамас целосно да го почитуваат прекинот на огнот во Газа

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш денеска ги повика Израел и палестинската милитантна група Хамас целосно да го почитуваат прекинот на огнот во Појасот Газа.
Тој рече дека Палестинците во Појасот Газа се подложени на „неподносливо страдање“ додека израелските напади продолжуваат немилосрдно.
Гутереш им рече на новинарите во Женева дека улогата на ОН е меѓународната заедница да изврши притисок врз Израел и Хамас целосно да го почитуваат прекинот на огнот во Појасот Газа, пренесе Ал Џезира.
Министерството за здравство на Хамас објави дека повеќе од 400 луѓе, главно палестински деца и жени, биле убиени во текот на ноќта во израелските напади врз Појасот Газа.