Контакт

Свет

Русин чува цела глутница волци како миленици 

Објавено пред

Руски вљубеник во животните чува глутница волци на својот имот како домашни миленици, но тие за него не се само забава бидејќи се надева дека ќе формира центар за рехабилитација на диви животни, пренесува РТ.

Волците веќе три години живеат со бизнисменот Кирил Потапов од уралскиот град Екатеринбург. Неколку од нив, сивата волчица Алфа и црниот волк Уголек, Потапов го посвоил додека биле волчиња.

Волците навидум се многу кротки, а „Инстаграмот“ на Потапов е полн со видеа на кои играат заедно, грицкаат моркови и ги ловат патиките на својот сопственик. Потапов тврди дека волците не се негови миленичиња, туку негова глутница – дека тие се сосем поинакви  од кучињата и човекот треба да се дружи со нив наместо да се обидува да доминира.

Потапов исто така вели дека наводната агресивност на волците кон луѓето е мит и дека, напротив, животните многу се плашат од луѓето како резултат на вековниот лов на волци. Тој никогаш не го крева гласот кон нив и не покажува агресија за да не ја уништи кревката врска.

Два други волка во глутницата – Акела и Ракша – потекнуваат од локалните зоолошки градини. Бидејќи биле посвоени на постара возраст, тие не се толку пријателски расположени како неговиот омилен пар, но сепак му покажуваат наклонетост. Оваа пролет Алфа и Уголек имале младенчиња, но, за жал, само едно преживеало.

Бидејќи закрепнувањето на Алфа било доста тешко, Потапов морал самиот да го храни и да го одгледува младенчето, црна волчица наречена Вита.

Покрај волците, Потапов поседува и други домашни и диви животни, вклучително и разни кучиња, гавран, па дури и рис. Тој учествувал во неколку програми за заштита на животинскиот свет, а сега планира да основа свој центар за рехабилитација на сирачиња и повредени диви и домашни животни, како и за жртви на злоупотреба во зоолошките градини и циркуси.

Иницијативата е поддржана од надлежните во регионот Свердловск и од една локална земјоделска фирма, кои му донирале парцела од 100 хектари на Потапов. Центарот се очекува да биде отворен кон крајот на оваа година.

 

 

 

 

Свет

Британскиот парламент по 37 години ќе одржи седница в сабота

Објавено пред

Британските пратениците денеска гласаа за одржување на седница в сабота, што ќе биде прва одржана од 1982 година, за време на Фокландската војна на Велика Британија против Аргентина. На седницата во сабота, пратениците ќе гласаат за новиот договор за брегзит.

Велика Британија и Европска Унија денеска постигнаа нов договор за брегзит, што премиерот Борис Џонсон го оцени како „одличен“.

Се очекува Џонсон да има потешкотии при гласањето на договорот во Парламентот бидејќи против се северноирската Демократска унионистичка партија, која ја поддржува малцинската Влада, како и опозициските партии Лабуристички партија, Либералните демократи, Брегзит партијата и Шкотската национална партија.

Претседателот на Европска комисија, Жан-Клод Јункер денеска во Брисел по постигнувањето договор за брегзит ја исклучи можноста од какво било пролонгирање.

Прикажи повеќе...

Регион

Рама: Направивме се што побараа од нас

Објавено пред

Го направивме тоа што го бараа, изјави албанскиот премиер Еди Рама., по состанокот со комесарот на ЕУ за соседска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан во Брисел.

„Хан беше кристално јасен. Го направивме тоа што го бараа од нас. Но, покрај тоа што го направивме и тоа што треба да го направиме, се наоѓаме во ситуација во која Европскиот совет мора да одлучи што неговите членови сакаат или не сакаат да направат за своето семејство, со оглед дека важен член на семејството бара друг пристап на целото семејство во овој процес“ рекол Рама.

Тој додал дека треба да продолжат со реформите, бидејќи тоа е во интерес на албанските граѓани, а не за да ги задоволат Брисел, Лондон, Париз или Берлин.

„Мораме да обезбедиме авропска Албанија за нашите деца, со демократски институции, со институционални државни права, да ги исполните стандардите на економијата на ЕУ“ заклучува Рама.

Прикажи повеќе...

Свет

Станишев: Реформите и обновувањето на ЕУ не можат да се спроведат со непочитување на критериумите и правилата

Објавено пред

Лидерот на Партијата на европските социјалисти, Сергеј Станишев, порача дека местото на Северна Македонија и Албанија е во Европската Унија. На подготвителната средба на левите премиери и еврокомесари пред Европскиот совет денеска во Брисел Станишев оцени дека, за жал, уште еднаш важни одлуки за иднината на ЕУ стануваат жртва на неодговорно однесување, базирано на краткорочни внатрешнополитички размислувања.

Тој нагласи дека во моментов францускиот претседател Емануел Макрон води политика на инает.

„Тоа не е демонстрација на сила, напротив тоа е спротивното – немоќ“, рече Станишев и додаде дека реформите и обновувањето на ЕУ не можат да се спроведат на овој начин, со непочитување на критериумите, правилата, солидарноста и процесот на градење доверба.

„Ние како Бугари имаме болно искуство со овој метод–повеќе од десет години чекаме пред шенген-портата. Новото одложување на овие преговори ќе биде погубно за политичките процеси во тие земји и сериозно ќе ја поткопа довербата во ЕУ како двигател на позитивни промени во земјите кандидатки. Единствениот ефект од тој чекор ќе биде разгорување на антиевропски популизам и национализам. Во старите земји членки тој веќе ги поткопува основите на ЕУ, на Балканот може да биде експлозивен. Не смееме тоа да го дозволиме“, рече лидерот на ПЕС.

На покана на Станишев денеска премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, како и поранешниот премиер на Грција Алексис Ципрас учествуваа на состанокот.

Во специјалното писмо, кое Станишев го испрати до претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, Станишев настојува во име на ПЕС прашањето да биде ставено на дневен ред на Самитот.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион33 минути

Рама: Направивме се што побараа од нас

Го направивме тоа што го бараа, изјави албанскиот премиер Еди Рама., по состанокот со комесарот на ЕУ за соседска политика...

Македонија2 часа

Францускиот сенат го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО

Францускиот Сенат го усвои предлог-законот за ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. Предлог-законот беше усвоен...

Свет2 часа

Лајен: Длабоко жалам, но најверојатно и денеска нема одлука за проширување

Нема сигнал дека на состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел ќе биде постигната одлука за процесот на проширување на...

Регион3 часа

(Видео) Борисов: Македонија е колку Софија, каков ризик може да биде?

Бугарскиот премиер Бојко Борисов пред почетокот на самитот на лидерите на ЕУ рече дека Македонија и Албанија треба да добијат...

Македонија3 часа

(Видео) Пакети со хигиенски влошки ќе се донираат на сиромашни жени и девојчиња

Пакети со хигиенски влошки, кои граѓаните ги донираа денеска на собирен пункт во „Веро Центар“, ќе бидат поделени на жени...

Македонија5 часа

(Видео) Манчевски: Регистарот на населението ќе помогне за прочистување на Избирачкиот список

Регистарот на населението ќе биде алатка што ќе го помогне спроведувањето на пописот, а податоците од Регистарот ќе бидат искористени...

Македонија5 часа

Сивиот дом замина во историјата, децата од „Ранка Милановиќ“ сместени во групни домови

Во двата мали групни дома отворени денеска се згрижени децата што досега престојуваа во поранешната установа „Ранка Милановиќ“. Од денеска...

Топ7 часа

Скопјанец со пиштол на дијаболи сакал да ограби златарници во Охрид

Дваесет и тригодишен скопјанец со пиштол на дијаболи влегол во златарници во Охрид сакајќи да ги ограби. Според информациите на...

Македонија7 часа

(Видео) „Екогерила“: Масовна сеча на шума на Шара за да се градат хидроцентрали

Се опустошува шумата на Шар Планина, масовно се сечат дрвјата за да се градат хидроцентрали, апармираат невладините организации од Тетовскиот...

Топ7 часа

Расчистено убиството во Кочани – синот го избол татка си до смрт

Полицијата го расчисти убиството што се случи на крајот на септември во Кочани. Истрагата покажала дека синот со нож го...

Македонија7 часа

Заев-Тимерманс: ЕУ да донесе одлука за почеток на преговорите

Европската Унија сега треба да го направи одлучниот чекор и да донесе одлука за почеток на преговорите за пристапување во...

Европа8 часа

Постигнат договор за брегзитот

Договорот за брегзитот, конечно, е постигнат денес во Брисел, јавуваат странските медиуми. Велика Британија и ЕУ се согласија за новиот...

Македонија9 часа

Меркел: Се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива

„Мислам дека се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива“, порача германската канцеларка Ангела...

Европа10 часа

Лаура Ковеси стана главен обвинител на ЕУ – ќе се бори против измами

Поранешната шефица на романската Дирекција за борбата против корупцијата, Лаура Кодрута Ковеси, ќе биде главен обвинител на Европската унија за...

Регион11 час

Во Сараево малолетничка го убила новороденчето со помош на мајка си

Припадници на сараевската полиција уапсија малолетничка под сомнение дека го убила своето новороденче, а ја уапсиле и мајка ѝ под...

Свет11 час

Турција нема да прогласи прекин на огнот на северот на Сирија

Турција нема да прогласи прекин на огнот во северна Сирија и нема да преговара со курдските борци, рече портпаролот на...

Европа11 час

(Видео) Немири во Барселона, протестите не стивнуваат

Нови немири се случија синоќа во Барселона, кога се судрија демонстрантите и полицијата на третиот ден од протестите против пресудите...

Македонија21 час

Заев и Туск очекуваат да се изнајде решение за почеток на преговорите

Во пријателска атмосфера и во искрен разговор вечерва во Брисел се одвиваше средбата меѓу премиерот, Зоран Заев и претседателот на...

Македонија23 часа

(Видео) Макрон: Ни треба малку повеќе време за позитивни сигнали кон Скопје и Тирана

По завршувањето на француско-германскиот совет на министри одржан во Тулуз, францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел одржаа...

Македонија1 ден

(Видео) Заев до европските лидери: Бидете наши херои, не гасете ја ѕвездата кон која се стремиме

Премиерот Зоран Заев попладнево е во Брисел, каде што заедно со еврокомесарот Јоханес Хан одржа прес-конференција во обид да издејствува...

Досие