Европа
Русите имаат нов воен дрон, го викаат „ТраМП“

Руските вооружени сили воведуваат ново беспилотно летало (UAV) наречено TraMP (Transport Aviation Multipurpose Platform), но неофицијално го нарекуваат TRUMP.
Товарниот дрон е дизајниран да обезбедува транспортна и логистичка поддршка за време на воените операции.
ArmyRecognition, повикувајќи се на руски канал на „Телеграм“, посветен на оружјето, пишува дека дронот ја завршил фазата на дизајнирање и моментно се наоѓа на тестирање на земјата, а првиот оперативен пробен лет е планиран за април.
Тековното тестирање е фокусирано на системите и механизмите за контрола на дронот, при што инженерите го усовршуваат дизајнот за да се осигурат дека ги исполнува очекувањата за перформансите.
TraMP е товарен дрон дизајниран за транспорт на товар на долги растојанија, дури и во тешки услови. Наводно, има модуларен дизајн, што овозможува брзи поправки и одржување на терен. Клучните компоненти, како што се крилата, моторите и опремата за слетување, може да се заменат на самото место.
Производителите ги наведуваат следниве карактеристики:
Носивост: до 250 килограми
Опсег на летот: над 600 километри
Брзина на крстарење: 195 километри на час
Максимална висина на летот: 3.000 метри
Капацитет на товар: 2.650 литри, со можност за падобранско спуштање на товарот
Дронот има и засилена опрема за слетување за операции на нерамни писти и систем за спасување на дронот и неговиот товар во случај на итност.
Понатамошното тестирање и планираниот прв лет во април ќе дадат подетален увид во неговите оперативни способности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Фото) Молдавија и Романија: Руски дронови влетаа на наша територија и експлодираа

Руски беспилотни летала го нарушиле воздушниот простор на Молдавија и две експлодирале на нејзина територија, објави претседателката на земјата Маја Санду, а и романските власти пријавиле два дрона.
„Беспилотните летала ‘Шахед’ го нарушија нашиот воздушен простор. Два експлодираа на наша територија, загрозувајќи ги животите на Молдавија“, напиша Санду на платформата „Икс“.
Министерството за одбрана на соседната членка на НАТО, Романија, објави дека два дрона го нарушиле и нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад врз Украина во текот на ноќта. Министерството соопшти дека пронашло едно можно место на несреќата и дека спроведува дополнителни истраги, пренесува Ројтерс.
Европа
(Видео) „Вечерва пијат вотка директно од шише во Кремљ, одличен ден за Москва“, рече поранешен советник на Трамп

Џон Болтон, кој беше советник за национална безбедност во првиот мандат на Доналд Трамп, рече дека претседателот Трамп практично му се предаде на Владимир Путин пред преговорите за судбината на Украина.
„Сосема е јасно дека Путин вечерва извојува неколку победи. Тој не сака да преговара со Зеленски, тој сака да преговара со Трамп, бидејќи мисли дека тоа ќе биде поповолно за Русија. И тој е апсолутно во право“, рече Болтон.
„Путин не може да биде посреќен. Ви велам, тие вечерва пијат вотка директно од шише во Кремљ. Тоа беше одличен ден за Москва“, додаде тој.
Европа
Медведев: Бајден го доведе светот на работ на апокалипсата

Дмитриј Медведев, заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, изјави дека вчерашниот разговор меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин бил „исклучително важен“.
Тој остро ја критикуваше администрацијата на Џо Бајден за прекин на официјалните контакти, тврдејќи дека тоа го донело светот „на работ на апокалипсата“.
Според руската државна новинска агенција Тас, Медведев тврдел дека ниту една американска администрација пред Бајден не ја „блокирала комуникацијата меѓу лидерите“.
„Напротив, светските лидери отсекогаш наоѓале начин за дијалог и токму тоа овозможило да се надминат кризите“, рече тој.
Тој, исто така, предупреди дека ако непријателите на Москва не сфатат дека Русија е невозможно да се победи, „нуклеарниот часовник на судниот ден ќе продолжи незапирливо да отчукува кон полноќ“.