Свет
Русите потврдија: Ја нападнавме базата долж границата на НАТО

Руското Министерство за одбрана ја презеде одговорноста за ракетен напад врз воена база во близина на Лавов.
Портпаролот на руското Министерство за одбрана изјави дека се убиени 180 странски платеници. Тој додаде дека ќе продолжи да ги напаѓа „странските платеници“.
Да потсетиме, жестокиот руски ракетен напад што се случи утринава врз воена база западно од Лавов, во кој загинаа најмалку 35 лица, се случи на само 24 километри од границата на НАТО.
Најмалку 35 лица загинаа, а 134 се повредени во руски ракетен напад врз база за воена обука во западна Украина.
– Окупаторите извршија воздушен напад врз Меѓународниот центар за мир и безбедност во Јаворив – се наведува во соопштението на регионалната воена управа на Лавовите.
Полигонот од 360 квадратни километри, на помалку од 25 километри од полската граница, е еден од најголемите во Украина и најголем во западниот дел на земјата.
Украина таму ги одржува повеќето од своите вежби со земјите од НАТО, пишува Index.hr
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Русија: Целосно го ослободивме Лиман од украинските националисти

Руското Министерство за одбрана утринава соопшти дека Лиман, град во областа Доњецк, е под целосна контрола на руските сили и проруските сепаратисти.
Тоа е важен железнички јазол западно од Северодоњецк. За Лиман утринава зборуваше и британското Министерство за одбрана, кое соопшти дека бил окупиран од руски сили.
„По заедничка операција на милицијата на Народна Република Доњецк и руските вооружени сили, градот Лиман е целосно ослободен од украинските националисти“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.
Украина вчера призна дека Русија го зазела поголемиот дел од Лиман, но тврди дека украинските сили сè уште го блокираат пристапот до Славјанск, град на околу половина час возење југозападно.
Лиман е стратешки важен град бидејќи овозможува пристап до железнички и патни мостови преку реката Сиверски Доњец.
Свет
Украинска армија: Убивме повеќе од 30.000 Руси

Украинската армија објави дека убила повеќе од 30.000 руски војници од почетокот на руската инвазија, пишува „Киев Индепендент“.
Тие тврдат дека уништиле 1.330 тенкови, 207 авиони, 174 хеликоптери и повеќе од 500 беспилотни летала.
Овие бројки не се независно потврдени.
These are the indicative estimates of Russia’s combat losses as of May 28, according to the Armed Forces of Ukraine. pic.twitter.com/amu2h8CKK8
— The Kyiv Independent (@KyivIndependent) May 28, 2022
Свет
Зеленски: Донбас ќе биде наш, иако ситуацијата е многу тешка

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека Русија греши ако мисли дека Лиман или Северодоњецк ќе бидат нејзини.
„Донбас ќе биде украински“, рече Зеленски во видео обраќањето. Тој додаде дека дури и ако Русија носи уништување и страдање насекаде, Украина сепак ќе го обнови секој град.
Зеленски оцени дека ситуацијата во Донбас е многу тешка и дека руските сили во најмалку 100 дена војна се обидуваат да ги постигнат целите што се надевале дека ќе ги постигнат во првите денови од конфликтот.