Контакт

Свет

Русија бара осуда на радикалите во Косово поради зголемување на тензиите на Балканот

Објавено пред

Обидите на косовската администрација да навлезe во областите населени со Срби ја поткопуваат стабилноста во Балканскиот Регион, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи, пренесува ТАСС.

„Ние ги сметаме акциите што ги презема косовската администрација за продолжение на нејзината отворена политика насочена кон зголемување на етничките тензии во регионот, што може да ја поткопа стабилноста на Балканот“, се вели во соопштението.

„Овие случувања се уште еден неверојатен пример за неуспехот на државноста на Косово,“ истакнуваат од руското МНР.

Москва ја повикува меѓународната заедница да ги осуди дејствата на радикалните сили на Косово и нивното кршење на основните принципи и стандарди на човековите права што ги прифаќа цивилизираниот свет.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

(Видео) Страшна сообраќајка во БиХ, пешак за неколку чекори избегна смрт

Објавено пред

Во градот Добој во БиХ викендов се случила стравотна сообраќајка во која пешак со многу среќа успеа да се спаси од фатални повреди.

На снимките кои ги објави порталот „MojДобој.инфо“, се гледа пешакот кој оди по тротоар додека од далеку се приближува едно возило.

Во рок од неколку секунди по тој автомобил се појавува уште еден, обидувајќи се да го претекне. Во истиот момент, првото возило се обидува да сврти лево и тогаш се случува страшна сообраќајка, која пешакот го заобиколува за само неколку чекори.

Хрватски „Индекс“, повикувајќи се на информации од локалните медиуми, пренесува дека во едно од оштетените возила било и дете, но дека во инцидентот нема сериозно повредени.

Прикажи повеќе...

Свет

Поради штрајкот во Париз колони возила долги 600 километри

Објавено пред

Колони возила од 600 километри на подрачјето на Париз поради штрајкот, што веќе 12 ден трае против плановите на француската влада за пензиска реформа.

Најголемиот застој во сообраќајот бил околу 9 часот и тоа речиси двојно поголем од вообичаениот.

Синдикатите го повикаа претседателот Емануел Макрон да ги повлече плановите за единствен пензиски бодовен систем.

Прикажи повеќе...

Свет

Хирошима планира да ги урне зградите што ја преживеаја атомската бомба

Објавено пред

Јапонскиот град Хирошима планира да урне две згради кои го преживеаја нападот со атомска бомба од 1945 година, но некои  жители сакаат да ги зачуваат како обележје.

Двете згради, изградени во 1913 година, прво биле користени како воена фабрика за облека, а подоцна и за сместување на студенти, јави „Би-би-си“.

Тие биле користени и како импровизирана болница откако експлодирала бомбата.

„Тие можат да се користат како објекти за промовирање на идејата за укинување на нуклеарно оружје“, рече еден од преживеаните.

Како последица од експлозијата на бомба загинаа околу 80.000 луѓе, а повредени се уште 35.000.

Во нападот, најголемиот дел од градот бил срамнет со земјата, и до минатата година, во круг од пет километри околу местото на детонацијата, останале само 85 згради изградени пред експлозијата.

Зградите преживеале делумно затоа што биле изградени од армиран бетон.

Оштетување на металните прозорци и врати е видливо и денес.

Властите установиле во 2017 година дека постои голема веројатност зградите, кои сега се во јавна сопственост, да се урнат во случај на силен земјотрес.

Бидејќи зградите не се користат, локалната власт одлучила да ги урне до 2022 година.

Третата зграда на локацијата ќе биде зачувана, а нејзините sидови и покривот ќе бидат санирани и зајакнати за да издржат земјотрес.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија19 минути

Ексминистерот Ацо Спасеновски нелегално исплатил над 7,3 милиони денари на фирма за мониторинг и истражувања

Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ацо Спасеновски, е осомничен дека со лажни извештаи за мониторинг овозможил исплата на...

Македонија1 час

Општина Ѓорче Петров им забрани на наставниците да користат мобилни телефони

Општина Ѓорче Петров донесе забрана за користење мобилни телефони од страна на наставниците за време на наставата во основните училишта...

Топ2 часа

Прегазен пешак во Илинден

Дваесет и едногодишно момче со автомобил удрило во 79-годишен пешак, кој починал на местото на несреќата. Според информациите на полицијата,...

Македонија2 часа

(Видео) Јасна Мандиќ од куќен притвор донесена на распит во Обвинителството

Јасна Ерцеговиќ-Мандиќ, соработничката на Бојан Јовановски, од куќен притвор со полициска придружба беше спроведена во Обвинителството за организиран криминал и...

Македонија4 часа

Жителите на Трнодол најавуваат протести и тужба против градоначалникот

Жителите на Трнодол најавуваат протести ако Општина Карпош не го повлече детаљниот урбанистичкиот план, кој, како што велат, може да...

Свет5 часа

„Њујорк тајмс“: САД тајно протерале двајца кинески дипломати осомничени за шпионажа

Американската влада тајно протерала двајца официјални претставници на кинеската амбасада по нивниот упад во воената база во Вирџинија, објави „Њујорк...

Свет5 часа

Британски турист убиен пред луксузен хотел во Аргентина

Педесетгодишен британски турист е убиен пред луксузен хотел во Буенос Ариес. Како што пренесуваат светските медиуми, автобус со туристи патувал...

Свет5 часа

Во Виена уапсени двајца Чеченци, планирале терористички напад за Божиќ

Австриската полиција уапси двајца мажи осомничени дека планирале терористички напад во Виена меѓу Божиќ и Нова Година, пренесе Индекс.хр. Од...

Македонија17 часа

Aлфите го пронајдоа детето што се изгуби на кејот на Вардар

Единицата Алфа го пронајде 12 годишниот Мартин кој денеска се загуби во близина на кејот на реката Вардар. Од МВР информираа...

Топ21 час

Тетовец го пријавил чичко му оти му се заканувал со секира

Шеест и двегодишен маж од Тетово, со иницијали И.И. синоќа бил приведен од страна на полицијата. Како што јави МВР,...

Македонија22 часа

Мицкоски за ексамбасадорот кој репетираше пушка: Го знам од детството, но ќе предложам негово разрешување

На следната седница на Извршниот Комитет, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе предложи разрешување на ексамбасадорот, Томислав Димитровски, кој е...

Македонија22 часа

(Видео) Заев: Судскиот совет да провери зошто се чувале предмети во фиока

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, во воведот од неговиот говор рече дека го радува глетката од преполната сала...

Свет24 часа

(Видео) Најмалку четири лица загинаа во земјотресот на Филипините

Најмалку четири лица загинаа во земјотресот со јачина од 6,9 степени кој го погоди островот Минданао во јужниот дел на...

Спорт1 ден

Македонец е светски првак во УФЦ–Александар „The Great“ Волкановски

Македонецот Александар „The Great“ Волкановски (31) е новиот шампион во УФЦ, во перо категорија. Волкановски утринава во Лас Вегас го...

Економија1 ден

Почна наградната игра „Мој ДДВ #MojaНаграда“

Од денес со скенирање на секоја фискална сметка преку апликацијата МојДДВ, секој полнолетен граѓанин е потенцијален добитник на една од...

Свет2 дена

Уништувањето на шумите во Амазонија достигна највисоко ниво за месец ноември

Уништувањето на шумите во бразилската Амазонија го достигна своето највисоко ниво за месец ноември, откако почна да се бележи неславни...

Македонија2 дена

Заев за ДУИ ќе се консултира во СДСМ и со малите партии

Премиерот Зоран Заев најави внатрепартиски консултации како и разговори со помалите партии на кои ќе се одлучува за поднесувањето на...

Топ2 дена

Пожар во стан во Тетово – еден тешко повреден, десетина затруени

Еден маж е потешко повреден со изгореници, а 10 лица се затруени од чад, во пожарот што се случи денеска...

Македонија2 дена

Врховните судии потврдија дека Јован Врaнишковски перел пари

Врховниот суд го отфрли како неосновано барањето за вонредно преиспитување на пресудата против расчинетиот владика на МПЦ-ОА, Јован Вранишковски. Тројцата...

Македонија2 дена

(Видео) Русковска: На почетокот на јануари се надевам на второ обвинение за „Рекет“

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска рече дека втората истрага за случајот „Рекет“ е при...

Досие