Контакт

Европа

Русија ги повика САД да се откажат од планот за соборување на Мадуро

Објавено пред

Москва ги повикува Вашингтон и неговите сојузници да се откажат од плановите за соборување на легитимната власт во Венецуела, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

„Ги повикуваме Американците и оние кои ги поддржуваат да се откажат од неодговорните планови и да дејствуваат исклучиво во рамки на меѓународното право“, рече Лавров на состанокот со министерот за надворешни работи на Венецуела, Хорхе Ареаз, пренесува ТАСС.

Лавров потврди дека за ситуацијата во Венецуела и други глобални прашања утре ќе разговара со американскиот државен секретар, Мајк Помпео, во Финска.

„Средбата со Помпео е планирана за утре во Финска каде што се одржува дводневен состанок на Арктичкиот совет“, посочи Лавров.

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

ЕМА: „Астразенека“ да не се дава на постари од 60 години

Објавено пред

Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека треба да се избегнува вакцината „Астразенека“  за лица над 60 години, поради стравувања од ретка појава на згрутчување на крвта, изјави денеска шефот на работната група на ЕМА за коронавирусот, Марко Кавалери.

Тој за италијанскиот весник „Стампа“ рече дека позицијата на ЕМА е сепак дека во контекст на пандемија, придобивките од вакцината се поголеми од можните ризици кај сите возрасни групи, пренесува „Ројтерс“.

Кавалиери изјави дека, со оглед на тоа дека епидемијата се намалува и младите се помалку изложени на ризици поврзани со вирусот, ЕМА смета дека би било подобро за нив да користат вакцини засновани на технологија mRNA, како што се оние на „Модерна“ и „Фајзер“.

Препораката важи и за постари од 60 години.

Кавалери потсети дека Франција и Германија одлучија да ја избегнат Астразенека за лица постари од 60 години.

Прикажи повеќе...

Европа

ЕУ договори ублажување на рестрикциите за патувањата

Објавено пред

Земјите-членки на ЕУ се согласија да ги ублажат ограничувањата за патувања во текот на летото, а целосно вакцинираните туристи од ЕУ ќе бидат ослободени од карантин, додека списокот на европски региони од кои е безбедно да се патува ќе биде проширен, велат дипломатите.

Амбасадорите од 27. земји-членки на ЕУ го одобрија модифицираниот предлог на Европската комисија луѓето кои ја примиле последната доза на вакцина пред 14 дена или повеќе, да немаат ограничувања за патување во друга европска земја, изјавија тројца европски дипломати.

Ограничувањата за другите патници треба да се засноваат на епидемиолошката состојба во земјата од која патуваат.

Ревидираните упатства беа усвоени во време кога ЕУ воведува сертификати со кои се потврдува дали патникот е вакциниран или има стекнато имунитет по болест од Ковид, или тест негативен за коронавирус.

Системот треба да биде подготвен за имплементација на 1 јули, иако некои земји, воведоа сертификати порано.

Европскиот блок ќе ги олабави ограничувањата на зоните обележани со различни бои.

„Зелените“ региони сега треба да имаат помалку од 25 случаи на 100.000 жители за 14 дена, а учеството на позитивните тестови е под 4 проценти.

Земјите-членки на ЕУ исто така ќе можат да ја повлечат „сопирачката за итни случаи“ и да забранат влез на сите патници од регион каде што има зголемување на заразната варијанта на болеста.

Прикажи повеќе...

Европа

Европската Унија бара истрага за потеклото на коронавирусот

Објавено пред

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел, бараат да се спроведе истрага за потеклото на коронавирусот.

Целта, како што велат, е да се открие вистината за почетокот на пандемијата.

„Светот треба да знае што се случи за да извлечеме поуки. Ние ќе ги поддржиме сите напори да обезбедиме транспарентност и да ја откриеме вистината“, рече Мишел на прес-конференција.

Претседателката на Комисијата изјави дека треба да знаеме како точно настанала оваа страшна глобална пандемија. Урсула фон дер Лајен посочи на фактот дека многу се научи од финансиската криза во 2008 година.

„Имајќи предвид дека Европската Унија добро ја анализираше кризата и ги разви соодветните алатки, ние мора брзо да реагираме во сегашната здравствена криза. Сега треба да го сториме истото и да осигураме дека оваа криза нема да се повтори“, рече Лајен.

Како што додаде, сега е клучно да им се даде на истражителите целосен пристап до сите информации, кои се важни за утврдување на потеклото на пандемијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија23 минути

Кризниот штаб предлага да се укине полицискиот час, на свадба да може да има повеќе од 100 гости

Кризниот штаб ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести, меѓу кои е и укинување на полицискиот час од среда,...

Свет30 минути

Кавалери од ЕМА реагира дека погрешно е цитиран: „Вакцината на ‘Астразенека’ е добра за сите возрасти“

Марко Кавалери, шеф на работната група за коронавирус во Европската агенција за лекови, рече дека вакцината „Астразенека“ има далеку поголема...

Македонија1 час

Македонија првпат на самит на НАТО како полноправна членка

Во Брисел денеска се одржува самит на НАТО, на кој Македонија ќе го има своето прво учество како полноправна членка...

Спорт13 часа

Ангеловски: Нема разочарување, имаме уште два натпревари!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски по натпреварот со Австрија изјави дека репрезентацијата не успеала да се соземе...

Спорт13 часа

Пандев: За нас ова е големо искуство, жал ми е за навивачите

Фудбалската репрезентација на Македонија безмалку 80 минути имаше нерешен резултат во дуелот со Австрија, но во последните минути Австријците со...

Спорт14 часа

Македонија со пораз од Австрија на стартот на ЕП

Замените на австрискиот селектор Фода – Грегорич и Арнаутовиќ беа кобни за македонскиот национален тим во првиот меч на едно...

Македонија21 час

За првпат по 9 месеци, во Македонија нема починат од коронавирус

За прв пат по 2 септември 2020, во Македонија не е забележан ниту еден смртен случај од Ковид-19, во изминатото...

Европа21 час

ЕМА: „Астразенека“ да не се дава на постари од 60 години

Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека треба да се избегнува вакцината „Астразенека“  за лица над 60 години, поради стравувања...

Топ21 час

Полицаецот по кој се трагаше е пронајден починат во водите на Брегалница

Во возило во водите на Брегалница е пронајдено е телото на 51 годишниот полицаец Т.С. од Делчево, кој беше пријавен за...

Македонија21 час

Османи: Ќе вложам напори во среда да бидам во Скопје за да се обратам пред Комисијата

Ќе ги вложам сите напори да ја прекинам тековната дипломатска офанзива за во среда на неколку часа да бидам во...

Спорт22 часа

Селекторот Ангеловски емотивен: Вие сте моите херои!

Пред денешното деби на Македонија на Европското првенство, на натпреварот во Букурешт против Австрија, селекторот Игор Ангеловски на Инстаграм сподели...

Македонија1 ден

Општина Центар за протестот: Ќе се засадат нови дрвја на Орце Николов, отстранетите беа стари, болни и оштетени

По повод денешниот протест против сечата на дрвјата на улицата Орце Николов, општина Центар тврди дека останува посветена на остварување...

Македонија2 дена

Мицкоски: Ги почитуваме стратешките интереси на партнерите, но ги почитуваме и македонските национални интереси

ВМРО-ДПМНЕ ги почитува стратешките интереси на стратешките партнери, но тоа не значи дека немаме право да ги почитуваме и да се...

Македонија2 дена

Заев: Извозот на канабис за медицински цели oд Северна Македонија во ЕУ станува реалност

Извозот на сув цвет од канабис за медицински цели од Северна Македонија за пазарите во Европската Унија станува реалност, пишува...

Спорт2 дена

Ериксен во стабилна состојба префрлен во болница

Данскиот репрезентативец, Кристијан Ериксен, во стабилна состојба е префрлен во болницата во Копенхаген. Натпреварот, помеѓу Данска и Финска е прекинат...

Македонија2 дена

Османи: Зголемена е активноста на ЕУ за почеток на преговорите, но исходот е непредвидлив

Се забележува една невообичаена зголемена активност од сите земји членки за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ, истакна министерот...

Македонија2 дена

Регистрирани 21 нов случај на коронавирус, почина едно лице

Денеска се регистрирани 21 нов случај на Ковид-19, оздравени се 7 пациенти, а пријавенo е едно починатo лицe. Во последните...

Македонија2 дена

Заев отвори канцеларија за директни средби со граѓаните во Струмица

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска во Струмица ја отвори Канцеларијата за непосреден контакт со граѓаните. Од Владата велат дека...

Македонија2 дена

Средношколскиот сојуз: Училишта бараат пари од учениците за издавање на свидетелства

Сојузот на средношколците реагира дека некои училишта бараат од учениците пари за издавање на свидетелства. „Изминативе неколку денови Сојузот на...

Македонија2 дена

Македонија повеќе не е на германската листа на ризични земји

Според новите податоци, објавени од државниот германски институт „Роберт Кох“, Македонија повеќе не се смета за ризична држава од Ковид-19....

Досие