Европа
Русија го обвини ОБСЕ: Шпионираат за Киев и ги прикриваат украинските злосторства

Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) соработува со украинската влада и се обидува да ги прикрие злосторствата на украинските екстремистички сили, изјави рускиот заменик-претставник во ОН на состанокот на Советот за безбедност.
Дмитриј Полјански ги критикува западните сили велејќи дека се лицемерни во врска со безбедносната криза во Украина.
„САД и нивните сојузници ги следат сопствените себични интереси, а не интересите на украинскиот народ, кога поттикнуваат непријателства во оваа источноевропска земја“, рече дипломатот.
„Ги добивме најновите докази за тоа колку се валкани вашите трикови. Имаме докази дека Специјалната набљудувачка мисија на ОБСЕ во Украина едноставно шпионирала за Киев“, рече тој.
Официјалниот претставник посочи дека Русија собира повеќе докази за да почне постапка против набљудувачите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски: Русија ги користи неискусни војници како топовско месо

Сите веќе видоа како Русија дејствува во војна. Неискусните регрути беа фрлени во битка како топовско месо, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски во ноќното обраќње.
Тој рече дека Русија потрошила најголем дел од проектилите за уништување на цивилна инфраструктура, но без стратешки воен резултат.
„Тие фрлаат забранети фосфорни бомби врз училишта и станбени згради. Тие фрлаат проектили, од кои повеќето руската војска ги потроши уништувајќи цивилна инфраструктура без стратешки воен исход“, рече тој.
„Мораме да ги истераме окупаторите и да и’ гарантираме на Украина вистинска безбедност. Нашите градови кои се под окупација, под привремена окупација, мора да знаат дека Украина ќе се врати“, рече Зеленски.
Европа
„Фајненшл тајмс“: Турција со прва блокада за Шведска и Финска на патот кон НАТО

Турција ја блокираше првичната одлука на НАТО да ги процесира барањата на Финска и Шведска за пристапување во воената алијанса, пишува угледниот британски весник „Фајненшл тајмс“.
Ова ги доведува во прашање надежите за брзо приклучување на двете нордиски земји во сојузот.
Амбасадорите на НАТО се состанаа денеска за да ги отворат разговорите за пристап на истиот ден кога Финска и Шведска ги поднесоа своите апликации, но противењето на Анкара го прекинало секое гласање, тврди извор со директни информации по однос на ова прашање.
Одложувањето предизвикува сомнеж дека НАТО ќе може да ја одобри првата фаза од барањата на Финска и Шведска во рок од една или две недели, како што најави генералниот секретар Јенс Столтенберг.
Тоа, исто така, го поставува теренот за неколкудневна интензивна дипломатија меѓу САД, Турција, Финска и Шведска по ова прашање.
Сите 30 актуелни членки на НАТО мора да ги ратификуваат апликациите на Финска и Шведска, но тој процес започнува дури кога одбранбената алијанса ќе издаде протокол за пристапување и официјално ќе ги покани двете земји да се приклучат.
Во меѓувреме и „Раша тудеј“ (РТ) пренесе дека претставниците на Северноатлантската алијанса се собрале на денешниот состанок за отворање на преговорите со Шведска и Финска, но дека Турција го стопирала гласањето за почеток на преговорите.
Европа
Руски војник призна дека убил цивил, му се заканува доживотен затвор

Рускиот војник на кој му се суди за воени злосторства во Украина се изјасни за виновен за убиство на невооружен цивил.
Вадим Шишимарин е обвинет дека убил невооружен 62-годишен цивил и му се заканува доживотен затвор.
Како што беше претходно објавено, станува збор за 21-годишен војник од тенковската дивизија „Кантемировскаја“ од Московската Област.
Според обвинението, војникот во обид да им побегне на украинските војници од украден автомобил застрелал 62-годишен маж на велосипед, кој зборувал на мобилен телефон.
Обвинителите велат дека би можеле да следат повеќе судења откако ќе се идентификуваат илјадници потенцијални злосторства извршени од руските сили.
Москва негираше дека нејзините војници гаѓале цивили.