Контакт

Вести

Русија и Турција реагираа на изјавите на Трамп за „безбедни зони“ во Сирија

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп не ја консултирал ниту Русија пред да го најави воспоставувањето на безбедна зона за бегалците во Сирија, изјави портпаролот на Кремљ. Дмитриј Медвед, во четвртокот, додека Турција очекува да види што тој план ќе понуди.

„Не, нашите американски партнери не се консултираа со нас. Тоа е нивна суверена одлука. Важно е тој план да не ја влоши ситуацијата со беглаците, но сите последици допрва треба да се разгледаат“, рече Песков за новинарите.

Трамп во средата изјави дека ќе се „воспостават безбедни зони во Сирија“ за сите бегалци кои бегаат од насилствата во Сирија каде од март 2011 година избувна граѓанска војна која стана едно од најжешките прашања во меѓународните односи последните години, особено меѓу Западот и Русија, кои поддржуваат различни страни.

Тврдејќи дека Европа сторила голема грешка прифаќајќи милиони бегалци од Сирија, како и од другите блискоиточни жаришта, Трамп во интервјуто за американската телевизиска мрежа NBC News рече дека сака да се избегне таквата евентуалност во САД.

„Не сакам тоа да се случи тука…. Апсолутно ќе воспоставам безбедни зони во Сирија за луѓето“, додаде Трамп без да даде дополнителни информации.

Според документ кој на увид ѝ бил доставен на агенцијата Reuters од неименувани извори, Трамп во текот на следните неколку дена би требало да им наложи на Пентагон и на Стејт департментот да изработат нацрт на тој план.

Портпаролот на турското министерство за надворешни работи, Хусеин Муфтоглу изјави дека е важно да се видат „резултатите од тој план и какви препораки од него ќе произлеза“./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет29 минути

Првата хуманитарна помош од почетокот на војната пристигна во Иран

Првата пратка медицински материјали за спасување животи и друга помош пристигна во Иран, првпат од почетокот на војната, објави денес...

Свет1 час

(Видео) Инцидент во полскиот парламент, пратеник го покажа израелското знаме со свастика

Пратеникот од крајната десница Конрад Беркович предизвика инцидент во полскиот парламент кога покажа израелско знаме за време на својот говор...

Свет2 часа

Трамп: Европските лидери би сакале да ја решат војната во Иран, но едноставно не знаат како

САД нема да се вратат во Пакистан за идните мировни преговори со Иран, изјави претседателот Доналд Трамп денес за „Њујорк...

Македонија2 часа

СДСМ: Би сакале ЗНМ да реагира и кога претседател на партија се споредува со убиец на деца

Би сакале ЗНМ да реагира и кога претседател на партија се споредува со убиец на деца, реагира СДСМ на соопштението...

Свет2 часа

Цените на нафтата паднаа под 96 долари

Цените на нафтата паднаа под 96 долари на меѓународните пазари денес, бидејќи инвеститорите беа уверени од сигналите за нова рунда...

Свет2 часа

Американска војска: Ниту еден брод не ја проби нашата блокада во Ормутскиот теснец

Американската војска тврди дека во првите 24 часа од почетокот на поморската блокада на Ормутскиот теснец, ниту еден брод не...

Свет2 часа

Шефот на Мосад: Опериравме во срцето на Техеран, но мисијата продолжува

Израелската разузнавачка агенција Мосад работеше „во срцето на Техеран“ за време на неодамнешната заедничка американско-израелска кампања против Иран, изјави директорот...

Македонија2 часа

Утре претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Времето утре ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен...

Македонија3 часа

Хоџа: Усвоен Планот за управување со јагулата, важен чекор за зачувување на нашето природно наследство

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, соопшти дека на денешната седница на Владата е усвоен Планот за управување...