Контакт

Свет

Русија и Турција се договорија да формираат тампон-зона во Идлиб

Објавено пред

Русија и Турција се договорија да создадат демилитаризирана тампон-зона во сириската провинција Идлиб за да ги разделат владините сили од бунтовничките екстремисти кои се позиционирани на тоа место. Рускиот претседател Владимир Путин рече дека зоната ќе биде широка од 15 до 25 километри и ќе стапи во сила на 15 октомври.

Воените трупи од Русија, кои се сојузник на сириската влада, и Турција, која ги поддржува бунтовниците, ќе патролираат во зоната.

Ова е нивна втора средба за 10 дена откако Русија и Иран изразија поддршка за идејата на Идлиб да се изврши офанзива од страна на владините сили.

Турција сака да ја спречи можната офанзива на владините сили во таа област залагајќи се за дипломатско решение, а Русија смета дека Идлиб е рај за терористите и верува дека сириската влада има право да ја преземе контролата врз оваа област.

ОН предупредија на хуманитарна катастрофа ако сириската армија употреби секаква сила за да го преземе Идлиб. Но, по состанокот меѓу Путин и Ердоган во Сочи, рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, рече дека нема да има таква операција во регионот.

Провинцијата Идлиб, како и Хама и Алепо, се дом на речиси 2,9 милиона луѓе, вклучително и еден милион деца. Наглото зголемување на непрјателството и судирите на почетокот на овој месец и стравовите од понатамошни ескалации доведоа до раселување на повеќе од 38.500 луѓе.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Шојгу: Се надевам на соработка меѓу САД и Русија во решавање на конфликтот

Објавено пред

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека САД и Русија би можеле заеднички да се позанимаваат со стратешките проблеми и регулирањето на конфликтите, кои траат веќе долго време.

„Денеска постојат големи проблеми во светот, кои би можеле да се решат со заеднички напори. Се однесуваат на стратешки проблеми за намалување на нуклеарното вооружување и секако конфликтите кои веќе долго време траат“ рекол Шојгу на состанокот со американскиот советник за национална безбедност, Џон Болтон во Москва, пренесе ТАС С.

Шојгу се надева дека посетата на Болтон ќе даде нова енергија на стабилизацијата на односите меѓу САД и Русија.

„Сигурен сум дека дури и мали чекори ќе им користат на нашите односи и ќе ја повратат довербата“ рекол Шојгу.

Болтон денеска би требало да се сретне и со рускиот претседател Владимир Путин.

Прикажи повеќе...

Свет

Ердоган: Имаме силни докази дека убиството на саудискиот новинар било со денови планирано

Објавено пред

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во турскиот парламент рече дека постојат силни докази дека убиството на новинарот Џамал Кашоги во саудискиот конзулат во Истанбул било планирано, опишувајќи го како дивјачко.

Според Ердоган, на одговорните за убиството на новинарот треба да им се суди во Турција, бидејќи убиството се случило во таа земја.

„Го повикувам саудискиот крал и врвот на администрацијата на Саудиска Арабија да го разгледа мојот предлог. Тие ќе одлучат за тоа, но ова е мојот предлог. Тоа се случило внатре во границите на нашата држава“ додал Ердоган.

Свирепото убиство, нагласил Ердоган, е навреда за целото човештво о нагласил дека тоа не се случило спонатно, туку однапред било планирано.

Ердоган нагласил дека за убиството се одговорни 18 лица, од кои 15 дошле од Саудиска Арабија во Турција за да го извршат, а тројца се вработени во конзулатот во Истанбул, каде било извршено убиството.

Како докази за тоа, Ердоган ги истакнал тврдењата дека од конзулатот се изнесени хард дискови на кои се чуваат снимките од безбедносните камери.

Прикажи повеќе...

Свет

Пронајдено телото на убиениот саудиски новинар

Објавено пред

Телото на саудискиот новинар Џамал Кашоги е пронајдено во бунар на територијата на резиденцијата и конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, за „Спутник“ изјавил лидерот на турската партија Ватан, Догу Перинчек.

„Дознав од сигурни извори во службите за безбедност во Истанбул, дека телото на Кашоги е пронајдено во бунар кој се наоѓа во градината на територија на резиденцијата и конзулатот на Саудиска Арабија“ изјавил Перинчек.

Извори за весникот „Хуриет“ ги соопштиле детаљите од истрагата. Според нив, полицијата благодарение на патиките открила дека на снимките од надзорната камера, од конзулатот излегол двојник на новинарот.

„Кога Кашоги влегол во конзулатот носел чевли, а не патики. Првата разлика која ја забележал полицискиот им, кој ги прегледувал снимките“ рекол изворот.

Кашоги бил убиен во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, за време на тепачка со луѓе кој ги сретнал таму, соопшти Саудиска Арабија на основа на прелиминарните резултати од истрагата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија47 минути

СЈО не добило барање од Мијалков за судот да му го врати пасошот

Кривичниот суд во Скопје ги демантира информациите кои се појавија во одредени портали, дека му бил вратен пасошот на ексдиректорот...

Македонија1 час

МНР ги демантира тврдењата на Русија дека мнозинството во македонскиот парламент е обезбедено со уцени и закани

Министерството за надворешни работи на Република Македонија категорично ги отфрла вчерашните наводи и квалификации изнесени во коментарот на Департманот за...

Свет2 часа

Ердоган: Имаме силни докази дека убиството на саудискиот новинар било со денови планирано

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во турскиот парламент рече дека постојат силни докази дека убиството на новинарот Џамал Кашоги...

Свет2 часа

Пронајдено телото на убиениот саудиски новинар

Телото на саудискиот новинар Џамал Кашоги е пронајдено во бунар на територијата на резиденцијата и конзулатот на Саудиска Арабија во...

Македонија3 часа

Софија Куновска: И мене ме разреши СДСМ зашто реагирав дека слават во барокниот театар

Немаше да го напишам овој текст ако не почуствував дека сега е моментот да бидеме искрени до крај ако навистина...

Свет4 часа

Караван мигранти од Хондурас се движи кон САД и покрај заканите на Трамп

Илјада мигранти од Хондурас ја преминаа границата со Мексико и се упатија кон американската граница наспроти предупредувањата на мексиканските власти...

Свет4 часа

Мексико се подготвува за удар на ураганот Виља, се евакуираат илјадници луѓе

Мексиканските власти започнаа евакуација на илјадници граѓани во подрачјето на ниска надморска височина, поради исклучително опасниот ураган Виља, кој се...

Македонија14 часа

(Видео) ЦК предложи Мијалков и Тодоров да бидат исклучени од ВМРО-ДПМНЕ

За ексдиректорот на УБК и поранешен висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, како и поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров,...

Македонија17 часа

Јанчев и Богданов исклучени од функциите во ВМРО-ДПМНЕ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, и членот на Извршниот комитет Костадин Богданов, кој дојде од редот на реформаторите, се разрешени...

Македонија19 часа

(Видео) Палмер: Не се сретнавме со Мицкоски зашто ми ги кажа ставовите во писмото

Заменикот на помошник-државниот секретар на САД, Метју Палмер, на заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев изјави дека не остварил средба...

Македонија19 часа

(Видео) Да дозволиме помирувањето од Собранието да продолжи во институциите, порача Заев

Помирувањето започна во Собранието, да дозволиме да продолжи во институциите, порача првиот човек на Владата, Зоран Заев, на заедничката прес-конференција...

Економија20 часа

Општините со три милијарди денари ќе ги покриваат долговите

Владата го усвои законското предлог-решение со кое на општините им се ставаат на располагање 3 милијарди денари за покривање на...

Македонија22 часа

Ѕанакопулос очекува договорот од Преспа да помине во грчкиот парламент

Со гласањето за почеток на уставните промени беше направен историски чекор што ќе ги однесе двете страни поблиску до стапување...

Македонија23 часа

Поддршка за Мицкоски или барање за негова смена на состанокот на ЦК?

Од обвинувања за изолација на партијата и избрзани одлуки на раководството со исклучувањето на пратениците до поддршка за лидерот на...

Македонија1 ден

Кирацовски: Ќе видиме дали националното помирување ќе биде само за 27 април или пошироко

Пратеникот на СДСМ, Александар Кирацоски, ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат кон иницијативата за национално обединување бидејќи, како...

Македонија1 ден

Беса може да го условува спроведувањето на уставните измени во Собранието

Пратеникот Фадил Зендели, дел од крилото на Беса со кое предводи Биљал Касами, вели дека во процесот на уставните измени...

Крвав четврток1 ден

Сакаме да ги поддржиме храбрите пратеници што гласаа, рече обвинетиот Вилијам Михајловски

На почетокот од судењето за 27 април обвинетиот Вилијам Михајловски рече дека сака да им даде поддршка на храбрите пратеници...

Крвав четврток1 ден

(Видео) Пратениците што гласаа за уставните измени се појавија на судско рочиште за 27 април

Пратениците што во петокот гласаа за уставните измени во Собранието утрово се појавија на судско рочиште за настаните што се...

Свет1 ден

Екстремно опасeн ураган од петта категорија му се заканува на Мексико

Новоформираниот ураган Виља бргу прерасна во крајно опасна бура од речиси петта категорија во областа на источен Пацифик, која во...

Свет1 ден

Саудиски министер: Убиството на Кашоги е огромна грешка

Саудискиот министер за надворешни работи, Адел ал-Џубеир, изјави дека саудискиот новинар Џамал Кашоги бил убиен во неовластена операција, објави Би-би-си....

Досие