Свет
Русија негира дека подготвува инвазија на Украина

Русија ги отфрли извештаите на американските медиуми за потенцијален руски напад врз Украина, обвинувајќи го Вашингтон дека се обидува да ги влоши работите.
Повикувајќи се на официјални лица и разузнавачки документ, Вашингтон пост во саботата напиша дека американските разузнавачи веруваат дека Русија потенцијално планира офанзива врз Украина, можеби веќе следната година, во која ќе бидат вклучени до 175.000 војници.
„САД спроведуваат специјална операција за влошување на ситуацијата во врска со Украина и ја префрлаат одговорноста на Русија“, ја цитираше изјавата на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захаров, весникот „Комерсант“.
Соединетите Држави, нивните сојузници во НАТО и Украина ја обвинуваат Москва за групирање безбедносни сили во близина на границата со Украина, а Киев стравува дека Русија планира напад.
Москва ги отфрла тие тврдења и го обвинува Киев дека исто така ги групира своите сили за да нападне територија контролирана од проруските сепаратисти.
Москва нагласува дека има право да распореди војници на своја територија и дека тоа не претставува закана.
Американскиот претседател Џо Бајден во петокот изјави дека развива обемни иницијативи за да му ја отежне инвазијата на рускиот претседател Владимир Путин во Украина и дека нема да ги прифати „црвените линии“ на Москва.
Во наредните денови се очекува видео телеконференција меѓу двајцата лидери
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пукање во училиште во Денвер – ученик повреди двајца професори, полицијата трага по напаѓачот

Двајца возрасни лица се повредени денеска при пукање во средно училиште во Колорадо.
Пукањето се случило во средното училиште „Ист“, а напаѓачот е во бегство, соопшти локалната полиција, пренесува „АП“. Во инцидентот повредени се двајца членови на наставниот кадар.
„Ученик застрела и рани двајца возрасни во средно училиште во Денвер во средата. Едниот е на операција, а другиот е стабилен и може да зборува за тоа што се случило“, изјави градоначалникот Мајкл Хенкок за „Си-Ен-Ен“.
Полицијата во Денвер на „Твитер“ објави дека реагирала на пукањето во средното училиште.
„Засега две возрасни лица се пренесени во локална болница. Се верува дека осомничениот повеќе не е на местото на настанот и дека инспекторите работат на добивање дополнителни информации“, според твитот од полицијата во Денвер.
Училиштето беше затворено додека полицијата го истражуваше пукањето.
Свет
Шведска го усвои законот за пристапување во НАТО додека чека ратификација

Шведскиот парламент денеска официјално го одобри законот кој ќе и’ овозможи на земјата да се приклучи кон НАТО откако неговата апликација ќе биде ратификувана од сите 30 членки на алијансата, пишува „Ројтерс“.
Шведска и соседна Финска поднесоа барање за влез во НАТО минатата година како одговор на руската инвазија на Украина. Сепак, тој процес е попречен од Турција, која, како и Унгарија, допрва треба да ги ратификува шведските и финските барања.
Очекувано, шведскиот парламент го усвои законот со големо мнозинство од 296 гласови за и 35 против. Партиите на левицата и зелените гласаа против.
Со влезот во НАТО, Шведска ќе стави крај на двовековната воена неутралност. Шведска особено се соочува со приговори од Турција, која тврди дека во Стокхолм има членови на терористички групи, што шведските власти го негираат.
Анкара бара екстрадиција на луѓето кои ги смета за терористи како услов за давање зелено светло за членството на Шведска во НАТО. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган минатата недела изјави дека турскиот парламент ќе почне да го ратификува пристапот на Финска во НАТО, но го одложи во случајот со Шведска.
Истиот ден, унгарскиот парламент објави дека ќе гласа за ратификација на приемот на Финска во НАТО на 27 март, но не и на Шведска.
Свет
Силен земјотрес ја погоди Аргентина

Земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Аргентина.
Епицентарот на земјотресот бил северозападно од Сан Антонио де лос Кобрес.