Контакт

Свет

Русија нема да остане без одговор за санкциите од САД

Објавено пред

Русија нема да остане без одговор на новите санкции воведени од страна на САД, објави во текот на вчерашниот ден руското Министерство за надворешни работи.

„Крајно време е Вашингтон да се оттргне од илузијата дека во односите со Москва може да го употребува јазикот на санкции“, се вели во соопштението на Министерството.

„Како што во неколку наврати истакнавме, не постојат мерки кои можат да извршат притисок врз Русија да се пренасочи од својот курс“, стои во соопштението.

Санкциите само ги оневозможуваат САД да ги постигнат своите цели и само го обединуваат руското општество, додаваат од руското МНР. Администрацијата на Трамп воведе дополнителни санкции против седум руски олигарси кои имаат врски со рускиот претседател, Владимир Путин, преку 12 компании кои се во нивна сопственост или пак имаат контрола врз нив.

Во новите мерки се вклучени и 17 функционери на руската влада и руската државна компанија за тргување се оружје „Рособоронекспорт“, која има долгогодишна врски со Сирија.

Регион

Земјотрес од 5,7 степени ја погоди југоисточна Турција

Објавено пред

Земјотрес со интензитет од 5,7 степени според Рихтеровата скала ја потресе провинцијата Малати во југоисточниот дел на Турција, соопшти институтот за истражување на земјотреси.

Потресот бил на длабочина од пет километри, пренесе Ројтерс.

Според информациите, земјотресот предизвикал неколку материјални штети, но нема извештај за евентуални жртви или повредени.

Турскиот Директорат за вонредни состојби навел дека земјотресот бил со магнитуда од 5,2 степени.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Во Италија падна снег

Објавено пред

Италија доживеа вистинско изненадување – снег во август.

Судејќи според снимките во живо, силниот снег почнал да паѓа синоќа на планинскиот превој Стелвио, кој се наоѓа на северот на Италија и кој граничи со Швајцарија.

Превојот Стелвио се наоѓа на надморска височина од 2757 метри.

Иако не е невообичаено на Алпите да паѓа снег среде лето, особено на надморска височина над 1200 метри, сепак овојпат е многу обилен.

Прикажи повеќе...

Свет

Поранешниот шпански крал во сред истрага отиде во Доминиканската Република

Објавено пред

Поранешниот шпански крал Хуан Карлос замина во Доминиканската Република откако ја напушти земјата во сред истрага за корупција, пренесуваат весниците „Ла Вангардија“ и ЕјБиСи.

Растеше притисокот врз некогаш популарниот, а денеска поранешен крал, кој предизвика поделби, додека шпанските и швајцарските обвинители истражуваат наводи за примање мито поради договор за изградба на железница.

Тој одлучил да ја напушти земјата за да му овозможи на својот син Фелипе спокојно да владее, се наведува во соопштението на кралската палата, без информации каде отишол Хуан Карлос.

„Ла Вангардија“ наведува дека 80-годишниот Хуан Карлос отишол во Португалија со автомобил во понеделникот утрото, од каде се упатил кон Доминиканската Република, каде планира да остане неколку недели со семејството, а по што ќе замине на друга дестинација.

Првите реакции покажуваат дека шпанската јавност е поделена околу неговото заминување, кој е важна личност во транзицијата кон демократија по смртта на диктаторот Франциско Франко.

Португалската телевизија ТВИ24 објави дека Хуан Карлос се наоѓа на Кавкас, летувалиште близу Лисабон, каде поминал дел од неговото детство.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

В година Русите ќе ја тестираат вакцината против коронавирусот врз деца

Националниот истражувачки центар „Гамалеи“ во Русија планира да почне со тестирање на вакцината против коронавирусот врз деца во јануари-февруари в...

Регион2 часа

Грчките премини Дојрани и Ники ќе се отворат по 15 август

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека грчките гранични премини Дојрани и Ники ќе бидат целосно затворени за сообраќај до 15.8.2020...

Топ2 часа

Прегазена жена во Охрид

Деветнаесетгодишен скопјанец со „мерцедес“ на улицата Сирма Војвода во Охрид удрил во пешакот М. Т. (58) од Охрид. Жената била...

Свет4 часа

Гутереш: Коронавирусот ќе уништи генерации поради затворањето на училиштата

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, предупреди дека светот се соочува со генерациска катастрофа поради затворањето на училиштата во...

Свет4 часа

СЗО ќе распореди меѓународен тим експерти во Вухан

Светската здравствена организација соопшти дека тимот што го истражува потеклото на пандемијата на коронавирусот ја завршил својата мисија во Кина...

Европа5 часа

Расте бројот на тешко заболени од коронавирус во Франција

Бројот на пациенти заразени со коронавирус во одделите за интензивна нега во Франција денеска се искачи на 384, што е...

Македонија16 часа

Привремено е прекината потрагата по момчето кое се удави во Преспанското езеро

Потрагата по момчето кое исчезна во водите на Преспанското езеро е привремено прекината поради временските услови. Како што информираат од...

Регион17 часа

Преглед на состојбата во регионот: Во Албанија почина уште еден лекар, во Србија пад на бројот на новозаразени

Преглед на состојбата со коронавирусот во регионот во изминатото деноноќие. Уште еден лекар почина во Албанија од коронавирус Во болницата...

Македонија18 часа

Поранешни вработени во СЈО бараат од Пендаровски да им се извини: „Обвинителството не беше една личност“

Поранешни вработени во Специјалното јавно обвинителство реагираа на говорот на претседателот Стево Пендаровски во Пелинце. Тие велат дека СЈО не...

Топ20 часа

Лекар од Итната помош физички нападнат од татко на починато лице

Taтко на момче кое починало во сообраќајна несреќа, нападнал лекар од Итната медицинска помош. Лекарот бил на интервенција по претходно...

Македонија20 часа

Досега 500 лица починаа од коронавирус во Македонија

Бројот на починати од коронавирус во земјава достигна 500 лица, откако денеска беа потврдени 3 нови смртни случаи. Тројцата починати...

Македонија21 час

Гостивар со најмногу новозаразени во изминатото деноноќие

Гостивар е на врвот на листата со најмногу новозаразени од коронавирус во земјава во изминатите 24 часа. Според податоците на...

Свет22 часа

СЗО: Mајките да ги дојат своите деца и кога имаат ковид-19

Светската здравствена организација денеска предупреди дека наспроти големите надежи за пронаоѓање на вакцина, можеби никогаш нема да има чудотворено решение...

Македонија23 часа

Нови 74 заболени и тројца починати од ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 689 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на...

Свет24 часа

Германските ученици се вратија во училишните клупи во екот на пандемијата

Десетици илјади училишни деца денеска се вратија во училиштата во северна Германија. Мекленбург-Западна Померанија е првата од 16 германски држави...

Македонија1 ден

Џафери: Добро се чувствувам, јас ќе ја водам седницата

Претседателот на Собранието, Тала Џафери изјави дека утре тој ќе ја води конститутивната седница. Џафери денеска ја напушта Клиниката за...

Свет1 ден

Руски доктор: Пандемијата личи на проба за биолошка војна

Ситуацијата со пандемијата на коронавирус личи на проба за биолошка војна, изјави рускиот детски хирург, Леонид Рошаљ, пренесе „Спутник“. „...

Свет1 ден

Мелбурн ги затвора речиси сите продавници и фабрики за да го спречи вирусот

Вториот по големина австралиски град Мелбурн, во кој веќе на сила е ноќен полициски час, најави нови ограничувања за индустријата,...

Свет1 ден

Латинска Америка најтешко погоден регион во светот, има речиси пет милиони заразени

Аргентина вчера надмина 200.000 случаи на ковида-19, Колумбија поставува дневен рекорд, а во Латинска Америка се рушат црните рекорди со...

Свет1 ден

Трамп: Ретко кој заслужил смртна казна повеќе од бомбашот од Бостон

Американската сојузна влада би можела уште еднаш да побара смртна казна за Чеченецот Џохар Царнаев, изјави американскиот претседател Доналд Трамп....

Досие