Контакт

Свет

Русија откри осомничени за случајот со Скрипал, соопшти Путин

Објавено пред

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека Русија идентификувала двајца мажи, осомничени дека ги отруле поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка.

Путин посочи дека се работи за двајца цивили, а не за руски агенти.

Случајот со труењето ги заостри односите на Русија со Велика Британија, а потоа и со другите членки на НАТО што ја поддржаа Британија и ја осудија Русија, која за официјален Лондон е одговорна за нападот.

Билансот на дипломатската војна е повлекување амбасадори од Русија, но и контрамерки од Москва.

Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија беа пронајдени без свест на клупа во англискиот град Солсбери, а анализите од истрагата утврдија дека поранешниот руски агент и неговата ќерка биле отруени со нервен агенс новичок, кој, како што е наведено во извештајот, бил произведен во Русија.

Официјална Москва ги негира обвинувањата и понуди помош во истрагата.

Свет

Ралф Лорен ќе стане првиот американски дизајнер што ќе ја добие титулата британски витез

Објавено пред

Кралицата Елизабета Втора му ја додели титулата почесен витез на Највисокиот ред на Британската Империја на американскиот дизајнер Ралф Лорен.

Лорен, кој во септември прослави 50 години работа во модната индустрија, ја добил титулата поради својата клучна улога во создавање трансатлантски културни и економски врски во доменот на модата и филантропијата, изјави Ентони Филипсон, кралскиот комесар за трговија за Северна Америка и британски генерален конзул во Њујорк.

Филипсон исто така го нарече Лорен предводник во глобалната модна индустрија во последните половина век. Дизајнерот не е првиот кому кралицата му доделила ваква титула. Модната дизајнерка Ана Винтур во февруари оваа година ја доби наградата на Елизабета Втора за британски дизајн.

Лорен е првиот американски дизајнер што ја добил титулата витез. Меѓу Американците на кои кралицата Елизабета им ја доделила оваа титула се и претседателите Ајзенхауер, Реган, Буш, како и актерката Анџелина Џоли, режисерот Стивен Спилберг и Бил и Мелинда Гејтс.

Прикажи повеќе...

Европа

Данска одби да даде милионска помош за Танзанија поради хомофобија

Објавено пред

Данска одби да даде 65 милиони долари помош за Танзанија по неприфатливите хомофобични коментари на високи политички функционери во Танзанија, пишува Би-би-си.

Министерката за развој, Ула Торнес, не ги именува функционерите поради кои Данска ја повлече финансиската помош за Танзанија, но истакна дека е многу загрижена за коментарите.

Минатиот месец, Пол Маконда, висок официјален претставник на Дар ес Салам во Танзанија, ја повика јавноста да ги пријави во полиција граѓаните со сомнително хомосексуално однесување. Тој рече дека ќе формира морална полиција во градот, која ќе ги бара лицата со хомосексуална ориентација.

Владата на Танзанија се огради од изјавата на Маконде и истакна дека тоа е негов личен став, а не владина политика.

Хомосексуалната сексуална ориентација е незаконска во Танзанија и се казнува со казна до 30 години затвор.

Прикажи повеќе...

Свет

Стејт департментот тврди дека ИД била создадена за да го заштити народот од Асад

Објавено пред

Официјален Дамаск и неговите сојузници постојано го обвинуваат Вашингтон за водење лажна војна против џихадистите и за обезбедување разни форми на прикриена поддршка за терористите што дејствуваат на територијата на Сирија. Но, според американскиот специјален претставник за Сирија, Џејмс Џефри, сириската влада е директно одговорна за создавање на Исламската држава.

„Сирискиот режим ја создаде Исламската држава. Елементите во ИД, веројатно, видоа можност во тоталниот распад на граѓанското општество и порастот на насилството кога населението се крена против режимот на Асад, кој, наместо да се обидува да преговара или да најде некакво решение, примени масовно насилство врз сопственото население.

„Тоа создаде простор за ИД да ангажира луѓе за да го заштити народот до одреден степен од насилствата на режимот на Асад и многу бргу создаде војска од 35.000 војници и освои големи делови од Ирак и Сирија“, рече Џефри.

Подоцна, Џефри самиот се демантира потсетувајќи дека Ал каеда во Ирак е директен претходник на Исламската држава, всушност потсети дека таа се создаде во Ирак.

„Претходникот на ИД (со истиот лидер Абу Бакр ал-Багдади), Ал каеда во Ирак, беше речиси целосно поразен кога бев во Ирак. Но, доби можност да се регенерира бидејќи немаше долгорочна стратегија ниту во Сирија или Ирак, но особено во Ирак во тоа време, за да се обезбеди траен пораз на овие елементи“, рече дипломатот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија19 минути

Директорите на ученичките и студентските домови бараат повеќе пари од државата

Здружението на Директори на ученичките и студентските домови во државата бара зголемување на партиципацијата за ученик, студент која ја добива...

Македонија2 часа

Стејт департмент: Груевски да ја отслужи казната во својата земја

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој бара политички азил во Унгарија, треба да ја отслужи затворската казна во својата земја,...

Македонија2 часа

(Видео) Марковски: Одговорност да се бара од МВР, СЈО и од судот

МВР, СЈО и судот, ова се трие институции од кои треба да се бара одговорност за бегството на експремиерот Никола...

Македонија2 часа

Кабинетот на Иванов: Јанакиески се сретна со претседателот, но не бараше амнестија

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, завчера имаше средба со претседателот Ѓорге Иванов, но не зборуваа за амнестија,...

Македонија2 часа

Во битката со аерозагадувањето приоритет се домаќинствата и транспортот

Со двегодишен план и стратегија за справување со аерозагадувањето и дополнителни 1,5 милион евра за интервентни мерки за две години...

Македонија4 часа

Како се организирало бегството на Груевски – под истрага и полицајци во МВР

Две истраги во моментот се водат во Министерството за внатрешни работи за да се утврди како било организирано бегството на...

Македонија4 часа

(Видео) Бошњаковски: За екстрадицијата на Груевски прибрана е документација на 400 страници

Досега е прибрана документација на повеќе од 400 страници, со која македонското Министерство за правда ќе бара екстрадиција на Никола...

Македонија4 часа

Обвинителството: Постојат сомнежи дека службени лица му помогнале на Груевски нелегално да излезе од Македонија

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори предмет по допрен глас за бегството на поранешниот премиер Никола...

Македонија4 часа

Невладините организации укажаа на сите пропусти на истражните органи за бегството на Груевски

Петнаесетина невладини организации, меѓу кои и Хелсиншкиот комитет, „Цивил“, Македонското здружение на младите правници, „Евротинк“, МОФ, „Транспаренси интернешнл“ и „Транспарентност...

Македонија4 часа

(Видео) Орбан за азилот на Груевски: Прашајте ги правниците зошто не е во транзитен центар

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, запрашан од „24.ху“: „Како може криминалец од Македонија илегално да влезе во Унгарија и зошто не...

Крвав четврток5 часа

Вибер-контакт на Мукоски на 27 април: „Шеќерка мене остајте ми ја, отворајте ги вратите“

Од вибер-групата, каде што членуваат некои од пратениците и членови на ВМРО-ДПМНЕ, преку која се организирале граѓаните да дојдат во...

Крвав четврток5 часа

Јанакиески до Мукоски на 27 април: Алал вера за денес, брат

Од СМС и вибер-пораките за 27 април, кои Јавното обвинителство денеска ги презентира на рочиштето за крвавиот четврток во комуникацијата...

Македонија6 часа

Министер од кабинетот на Орбан: Груевски побарал азил преку амбасада на Унгарија

Министерот Гергели Гулијаш од кабинетот на унгарскиот премиер, Виктор Орбан, потврди дека Груевски дал изјава во унгарска амбасада, каде што...

Европа7 часа

Британскиот министер за брегзитот поднесе оставка

Британскиот министер за брегзитот, Доминик Раб, денеска поднесе оставка во знак на протест поради договорот на премиерката Тереза Меј за...

Македонија8 часа

Српска „Политика“: Груевски побегнал преку Албанија

Провладиниот белградски весник „Политика“ во денешното издание на насловната страница објавува текст во кој се тврди дека Груевски во Унгарија...

Македонија8 часа

Бугарското Министерство за правда: На Груевски не му е издаден бугарски пасош

Никола Груевски не е бугарски државјанин и нема поднесено документи за издавање бугарски пасош, соопшти бугарското Министерство за правда по...

Македонија19 часа

Рот за бегството на Груевски: Унгарија ги отвори границите за мигрантите, неверојатно

Државниот секретар за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Германија, Михаел Рот, доцна вечерва на својот твитер-профил напиша...

Македонија23 часа

Како Груевски го стопи срцето на Орбан

„Орбан одби 70 проценти од барањата за азил на луѓе кои бегаат од војна, сиромаштија и угнетување. Но, има нешто...

Македонија23 часа

Граѓани му оставија слика од Груевски на Заев

Со транспаренти „Нема правда, нема мир или заборавивте?”, „Како што го пуштивте, така да го вратите”, „Одговорност”, „Немојте пред народот”,...

Македонија24 часа

Мицкоски: Одговорност за бегството на Груевски треба да се бара од Заев и Спасовски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку статус на социјалната мрежа „Фејсбук“ повика одговорност за бегството на експремиерот Никола Груевски да...

Досие