Контакт

Свет

Русија потврди дека Лондон не им дал визи на двајца руски новинари

Објавено пред

Руското Министерство за надворешни работи ги потврди извештаите дека на двајца дописници на руски медиуми им биле одбиени апликациите за британска виза потребни за работа во Велика Британија, пренесува ТАСС.

„Можеме да потврдиме дека британските власти не им издале визи на двајца дописници на руски медиуми“, изјавиле од Министерството за ТАСС.

Извор во Москва претходно изјави за ТАСС дека Велика Британија не им издала визи на неколку руски новинари во 2019 година, без да ја објасни причината за овие одбивања. Британската амбасада во Москва одби да ги коментира овие извештаи.

„По правило, ние не коментираме за одделни апликации за виза и ги разгледуваме индивидуално. Ве потсетуваме дека беа одобрени 99 отсто од сите барања поднесени од руски граѓани меѓу 1 јули 2018 година и 30 јуни 2019 година“, изјавиле за ТАСС од Амбасадата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Во Иран 415 починати од коронавирус за еден ден

Објавено пред

Во Иран се пријавени 415 смртни случаи од коронавирус, што е најмногу во еден ден од почетокот на пандемијата.

Вкупниот број на смртни случаи од последиците од инфекцијата се зголеми на 33.714, пренесува „Ројтерс“.

Во претходните 24 часа биле регистрирани 6.824 новозаболени лица, односно вкупно 558.648 лица.

Прикажи повеќе...

Регион

Пациент во БиХ преживеал клиничка смрт и по 93 дена го победил коронавирусот

Објавено пред

Педесетгодишниот Златко Анѓелиќ од Кисељак се опоравил од Ковид-19 по 93 дена минати во болница, од кои 27 бил приклучен на апарати за дишење, а преживеал и клиничка смрт, објави Федералната телевизија на БиХ, цитирајќи лекари дека станува збор за надминување на човечките граници во борбата против опасниот вирус.

Иако со тежок и несигурен чекор поради физичка слабост, 50-годишниот Анѓелиќ со насмевка на лицето ја напуштил болницата во Нова Била, придружуван од семејството.

Во изјава за Федералната телевизија (ФТВ), тој рекол дека погрешил затоа што во јуни многу доцна пријавил кај лекарите.

„За жал, мислам дека сите ќе мора да ја поминат короната, но мојот совет е да не чекате никого, ниту да слушате некого, туку веднаш уште при првиот симптом да се обратите кај лекар“. Тој ги повика луѓето да бидат одговорни, да се придржуваат до мерките и да го чуваат своето здравје.

Анѓелиќ поминал повеќе од три месеци во болници, неколку пати бил ставен и исклучуван од респиратор, а преживеал и клиничка смрт.

„Може да се каже дека Златко помести некои стандарди. Сите можни компликации што можеше да ги развие некој на респиратор беа присутни кај него“, рече шефот на анестезија во болницата во Нова Била, доктор Марко Андрошевиќ.

Прикажи повеќе...

Европа

Вирус меѓу музичарите во миланска „Скала“, затворени два театри

Објавено пред

Според весникот „Ил Фато Котидијано“, 21 музичар на познатиот милански театар „Ла Скала“ биле заразени со коронавирус, а инфекцијата се шири и меѓу уметниците на подеднакво познатиот неаполски театар „Сан Карло“, каде што 12 уметници биле позитивни на Ковид-19.

Двата театри се затворени, просториите се дезинфицирани, а претходно закажаните концерти се откажани.

Новите построги мерки на италијанската влада за спречување на ширењето на Ковид-19 влијаат на голем број уметници чии синдикати најавуваат протест низ Италија на 30 октомври.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

Поранешениот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, осуден на шест години затвор

Поранешениот шеф на кабинетот на екс директорот во УБК, Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, е осуден на шестгодишна затворска казна во...

Македонија19 минути

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – совет во учебник по македонски за шесто одделение

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – ова е совет во учебник по македонски за шесто одделение....

Македонија1 час

Советот за безбедност ќе одржи седница за состојбата со коронавирусот

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“, утре, 29 октомври, со почеток во 11 часот, ќе се одржи...

Свет2 часа

Куба ја регистрира својата втора вакцина против коронавирусот

Куба официјално регистрира втора вакцина против Ковид-19, а испитувањата се очекува да почнат набргу, објави „Агенсија Кубана де нотисијас“ (АКН)....

Македонија3 часа

Мицкоски: Бремените жени да се ослободат од работа поради загадувањето и пандемијата

Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на Ковид-19, апелирам бремените жени да се ослободат од работа, и во...

Свет3 часа

(Видео) Меланија Трамп: Медиумите од мојот сопруг направија личност што не је препознавам

Првата дама на САД, Меланија Трамп, вчера одржа говор на предизборен митинг во Пенсилванија – тоа беше нејзино прво соло...

Македонија5 часа

Митко Јанчев повикува на протест за смена на Мицкоски

Митко Јанчев повикува на протест за смена на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.   Поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен...

Свет5 часа

Блумберг донира уште 15 милиони долари за кампања на Бајден

Американскиот милијардер Мајкл Блумберг донира дополнителни 15 милиони долари за претседателската кампања на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден во Охајо...

Свет5 часа

Од коронавирус во светот заразени повеќе од 44.155.000 лица

Повеќе од 44.155.000 лица се заразени од коронавирус во светот, според најновите статистички податоци што ги одржува специјализираната страница worldometers.info....

Свет5 часа

Русија ја поднесе својата вакцина во СЗО за забрзана регистрација

Русија поднесе барање до Светската здравствена организација (СЗО) за забрзана за регистрација и претквалификација на својата прва вакцина против новиот...

Европа5 часа

Ватикан најави божикна прослава на папата на интернет

Божикната прослава на папата Франциско ќе се емитува преку интернет оваа година без лично присуство на јавноста поради пандемијата на...

Свет16 часа

СЗО: Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела

Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела, соопшти Светската здравствена организација (СЗО)....

Македонија16 часа

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, позитивна на Ковид-19

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, објави дека е позитивна на Ковид-19. Таа вели дека нема симптоми и дека се чувствува...

Европа18 часа

Во Италија рекордни 21.994 новозаболени и 221 починат од коронавирус

Во изминатите 24 часа во Италија се регистрирани 21.994 нови случаи на коронавирус, соопшти денеска Министерството за здравство. Ова е...

Македонија19 часа

Во Македонија 628 нови случаи на коронавирус и 15 починати

Во последните 24 часа во Македонија потврдени се 628 нови случаи на коронавирус, починаа 15 пациенти, соопшти Министерството за здравство....

Македонија20 часа

Собранието ги верифицира мандатите на четворицата нови пратеници

Собранието на денешната седница ги верифицираше мандатите на новите чет ворицатапратеници Мирче Аџиоски од ВМРО-ДПМНЕ, Рина Ајдари од ДУИ, Мирослав...

Македонија20 часа

Одобрена набавката на лекот „ремдесивир“, државата ќе потроши 67,5 милиони денари

Владата одобри набавка на лекот „ремдесивир“ за третман на пациенти со коронавирус. За испорака на овој лек во следните пет...

Спорт23 часа

Нови заразени во Вардар, одложен е натпреварот со ПСЖ

Ракометниот клуб Вардар 1961 потврди дека е одложен натпреварот против ПСЖ, во Лигата на шампионите. Вардар, во рамките на 6....

Свет23 часа

Во Русија од утре маските се задолжителни во јавниот превоз, парковите и во лифтовите

Русија од утре воведува задолжително носење маски поради зголемувањето на бројот на случаи со коронавирус. Според уредбата објавена на веб-страницата...

Свет1 ден

(Видео) Муслиманскиот свет го претстави Макрон како сатанист

Францускиот претседател Емануел Макрон беше цел на демонстрантите во исламскиот свет по изјавата по повод објавувањето на карикатурата на пророкот...

Досие