Контакт

Свет

Русија пред можен тест на нуклеарно оружје: Путин бара изработка на предлози

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин им нареди на своите високи функционери да изготват предлози за можен тест на нуклеарно оружје, нешто што Москва не го направила од распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година.

Рускиот министер за одбрана Андреј Белошов му рече на Путин дека неодамнешните изјави и активности на САД значат дека „е препорачливо веднаш да се подготват за целосни нуклеарни тестови“, објави Ројтерс.

Белошов рече дека рускиот арктички тест-полигон на архипелагот Нова Земја би можел да биде подготвена за такви тестови за краток временски период.

„Им наредувам на Министерството за надворешни работи, Министерството за одбрана, специјалните служби и надлежните цивилни агенции да сторат сè што е можно за да соберат дополнителни информации за ова прашање, да ги анализираат во Советот за безбедност и да дадат договорени предлози за евентуално започнување на работата за подготовка на тестови за нуклеарно оружје“, рече Путин.

Ниту една земја освен Северна Кореја – последен пат во 2017 година – не спроведе експлозивни тестови на нуклеарно оружје во 21 век.

Безбедносните аналитичари велат дека продолжувањето на тестирањето би било дестабилизирачко во време на сериозни геополитички тензии.

Доколку која било земја спроведе таков тест, аналитичарите велат дека другите веројатно ќе го следат примерот.

„Циклус акција-реакција во најдобар случај. На никој не му е потребен, но можеме да стигнеме таму без разлика на се“, напиша Андреј Баклицки, виш истражувач во Институтот на ОН за истражување на разоружувањето, на X по коментарите на Белоусов.

Трамп минатата недела изјави:

„Поради програмите за тестирање на другите земји, му наложив на Министерството за војна да започне со тестирање на нашето нуклеарно оружје на рамноправна основа. Тој процес започнува веднаш.“

Минатиот месец, Русија ја тестираше својата нова крстосувачка ракета „Буревестник“, која е на нуклеарен погон и е дизајнирана да носи нуклеарна боева глава.

Исто така, спроведе вежби за лансирање нуклеарни ракети и го тестираше суперторпедото „Посејдон“ на нуклеарен погон.

Фото: принтскрин

Најново

Спорт4 часа

(Видео) Халанд ја сруши Данска во 96-та минута за место четвртфиналето – Новата „седумка“ погоди за победа на Португалија во Крдиф

Норвешка покрај Португалија, од Групата 4, ќе игра во четвртфиналето, во Лигата на нации. Норвежаните со спектакуларен пресврт и гол...

Спорт4 часа

Митревски го режираше пресвртот во Битола – Пелистер го победи Гумерсбах

Пелистер го победи Гумерсбах со 29:28 (9:14), во четвртото коло во Европската лига. Со првата европска победа оваа сезона, Пелистер...

Свет5 часа

Објавена е листата на најстресни градови во светот

Њујорк го освои првото место на листата на најстресни градови во светот, со оценка од 7,56 од максимални 10, според...

Свет5 часа

Херцог: „Ја штитиме Европа од џихадистичкиот бран“

Израел ја брани Европа од џихадистичкиот бран, изјави денес претседателот на земјата Исак Херцог, кој се сретна со чешкиот премиер...

Свет5 часа

Руски дрон над главниот град на Молдавија; Претседателката: Закана за цела Европа

Претседателката на Молдавија, Маја Санду изјави дека руски дрон летал над главниот град Кишињев и најави дека ќе побара дополнителни...

Свет6 часа

Украинскиот министер за одбрана: Главен приоритет за Украина оваа зима е заштитата на небото, размената на ракети е неопходна

Украинскиот министер за одбрана Евгениј Хмара денес изјави дека главен приоритет за Украина оваа зима е заштитата на небото, како...

Свет6 часа

Захарова: Странските војници во Украина би биле легитимна цел на руската армија

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, изјави дека евентуалното распоредување на француски војници во Украина би...

Свет6 часа

Претседателот на Финска ги повика европските лидери директно да преговараат со Путин

Финскиот претседател Александар Стаб ги повика европските лидери директно да преговараат со рускиот претседател Владимир Путин за решавање на војната...

Спорт6 часа

(Видео) Спектакуларен меч на Кипар – Олимпијакос го победи Макаби

Кошаркарите на Олимпијакос го победија Макаби со 97:95 во 12-то коло од Евролигата, по спектакуларни 45 минути кошарка. Олимпијакос повторно...