Контакт

Регион

Русија протерала грчки дипломати за да ја санкционира Атина

Објавено пред

Грчкото Mинистерство за надворешни работи го повика на разговор рускиот амбасадор во земјата, Андреј Маслов, во знак на протест поради одлуката на Москва да ги протера грчките дипломати. Се претпоставува дека Русија презела ваков чекор за да ја санкционира Атина, која во јули протера руски дипломати.

Од руското Министерство за надворешни работи, пак, велат дека го повикале грчкиот амбасадор и му дале белешка, информирајќи го за мерките што ги презема руската страна. Досега не се познати имињата на грчките дипломати кои се избркани.

Грција се правда дека во јули протерала двајца руски дипломати и забранила на двајца други луѓе да влезат во земјата бидејќи имале за цел да поткупат грчки функционери за да поттикнат демонстрации, со тоа да се спречи договорот со кој би можело да се дозволи на Македонија да влезе во НАТО. Русија ги отфрли обвинувањата, а нивниот амбасадор ги нарече „глупост“ обвинувањата што доаѓаат од Грција.

Дипломатски извори на „Катимерини“ во Атина реакцијата на Москва ја опишуваат како „асиметрична“. Истите, додаваат дека Атина во моментов одлучува како ќе постапи по овој чекор на Русија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Кремљ откри што разговарале Путин и Тачи

Објавено пред

Рускиот претседател, Владимир Путин, кусо разговарал со косовскиот претседател, Хашим Тачи во Париз. Тој укажал дека Приштина треба да постигне консензус со Белград и му рекол дека Русија ќе ја поддржи заедничката одлука на Белград и Приштина, соопшти портпаролот на рускиот лидер, Дмитриј Песков.

„Тоа не беше класичен состанок. Тоа беше разговор на маргините на настан. Путин разговараше со голем број учесници на настанот во Париз во рамки на 100-годишнината од крајот на Првата светска војна. Тачи беше еден од нив. Тие си пружија рака и се фотографираа. Природно, Путин рече дека е потребно пред сè да се пронајде консензус со Србија. И секако тој рече дека ние ќе поддржиме договор до кој ќе дојдат самите страни. Поинаку не може да биде“, рече Песков.

Тачи по прославата во Париз изјави дека Путин му рекол дека не се ниту пријатели ниту непријатели, а дека Путин наводно рекол дека промената на рускиот став кон Косово е чувствително прашање.

Прикажи повеќе...

Регион

Грција мора да плати глоба зашто парично помагала бродоградилиште

Објавено пред

Грција мора да плати глоба во висина од 10 милиони евра поради тоа што не побарала враќање на непрописно исплатената државна помош на бродоградилиштето „Хеленик шипјардс“ за време на економската криза, објави Европскиот суд на правдата (ЕСП).

Од 2008 година Европската комисија бара од Грција да обезбеди враќање повеќе од 280 милиони евра непрописна државна помош исплатена за „Хеленик шипјардс“, кое долго време е во финансиски тешкотии.

Во меѓувреме вкупниот износ на помош што бродоградилиштето треба да го плати надмина 600 милиони евра, велат судиите.

 

Прикажи повеќе...

Регион

Прв протест на трансродовите лица во Љубљана

Објавено пред

Десетина трансродови лица првпат излегоа на протест во парк во Љубљана и јавно побараа од државата да им ја олесни процедурата за впишување промена на полот во личните документи. Тие своите барања јавно ги соопштија и на протест пред Министерството за внатрешни работи.

Претседателот на Здружението „ТраксАкција“ и негов основач, Лин Џулијан Колетник, рече дека преку протестот тие сакаат да го свртат внианието и да информираат за кршењето на човековите права на трансродовите лица.

Според него, тоа во Словенија е постојана пракса, а Министерството за внатрешни работи и бирократијата избегнувале да ја преземат одговорноста и да им ги олеснат процедурите за промена на официјалните податоци за полот во документите и регистрите.

„Место да ни помогнат, од трансродовите лице се бара да им се утврди дијагноза на нивното ментално здравје или да се третираат како лица со душевни растројства и насилно да се подложат на третман“, вели Колетник.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

МВР: Не постои ниту една причина Груевски да добие азил во Унгарија

Не постои ниту една причина Никола Груевски да добие азил во Република Унгарија, изјавија од Министерството за внатрешни работи откако...

Македонија2 часа

Европратеничка прашува дали Груевски има ВИП-третман во барањето за азил

Холандската европратеничка Џудит Саргентини јавно ги праша унгарските власти дали ќе го одбијат барањето за азил на Никола Груевски оти...

Македонија2 часа

Заев: Нема никаков политички договор со Груевски, очекуваме Унгарија да го екстрадира

Премиерот Зоран Заев ги отфрла шпекулациите дека имало каков било политички договор со неговиот претходник Никола Груевски, кој е во...

Македонија3 часа

Груевски повеќе не може да се води како оправдано отсутен од Собранието, платата ќе му биде намалена

Отсуството на пратеникот Никола Груевски од собраниските седници повеќе нема да се води како оправдано, а платата ќе му се...

Македонија3 часа

(Видео) Стефанова за Мијалков: Нема недопирливи во оваа држава

Доколку постои најмал основ за сомнение дека постои опасност од бегство или влијание врз кој било сведок, веднаш ќе биде...

Македонија4 часа

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за целосна амнестија на 26 ноември пред пратениците

Предлог-законот за амнестија на осомничените, осудените и обвинетите за 27 април доставен од ВМРО-ДПМНЕ пред пратениците ќе се најде на...

Свет4 часа

Снимка од разговор во случајот со Кашоги: Кажи му на шефот дека мисијата е извршена

Кусо по убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, член на саудискиот одред на...

Македонија5 часа

Стефанова: Јанакиески и Божиновски се подготвувале за бегство

Миле Јанакиески и Кирил Божиновски се подготвувале да бегаат. До вакви сознанија дошло специјалното јавно обвинителство, кое веднаш побарало од...

Македонија5 часа

(Видео) Јанкулоска: Нема причина да ми се определи притвор

Јас ги почитувам мерките за претпазливост, не постои никаква причина да се преиначат, изјави ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска,...

Македонија6 часа

Судот потврди – Јанакиески и Божиновски притворени оти може да избегаат

Судот ја потврди информацијата дека Миле Јанакиески и Кирил Божиновски рано изутринава биле притворени поради опасност од бегство. „Кривичниот совет...

Македонија18 часа

Јанакиески: Немам намера да бегам, ја осудувам постапката на Груевски

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески го осудува бегството на експремиерот Никола Груевски. ,,Најостро го осудувам ваквиот чин...

Македонија19 часа

СЈО ќе бара притвори за обвинети, по бегството на Груевски

Специјалното јавно обвинителство од надлежниот суд ќе бара притвор како мерка за обезбедување  присуство за лица кои се обвинети во...

Македонија20 часа

Распишана меѓународна потерница за Груевски

Судот донел одлука за распишување меѓународна потерница за поранешниот премиер Никола Груевски, по информацијата дека тој се наоѓа во Унгарија....

Македонија21 час

МВР потврди – Груевски е во Унгарија, побарал азил

Поранешниот премиер Никола Груевски е во Унгарија, каде што побарал азил, потврди Министерството за внатрешни работи. ,,По направените соодветни проверки,...

Македонија22 часа

Унгарската влада не потврдува дали Груевски бара азил во Будимпешта

Унгарската влада ниту потврдува ниту демантира дека бившиот премиер Никола Груевски бара азил во Унгарија. Во краткиот одговорот на прашањата...

Истражувања24 часа

(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ

Доколку и официјално се потврдат информациите дека поранешниот премиер Никола Груевски навистина е во бегство надвор од државата, како што...

Македонија1 ден

Кривичниот суд: СЈО ниту еднаш не побара притвор за Груевски

На обвинетиот Никола Груевски му се одзмени и личниот и дипломатскиот пасош и тие сè уште се наоѓаат во судот,...

Крвав четврток1 ден

Вељаноски до Мукоски: Човекот ми кажа дека од камерите кај вратите речиси и ништо не се гледа

На 28.4.2017 во 14.24 часот, поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, му испратил порака на Крсто Мукоски со содржина: „Човекот...

Македонија1 ден

Арсовски: Немаме контакт и информации каде е Никола Груевски

ВМРО-ДПМНЕ не знае дали Никола Груевски е во Будимпешта. Портпаролот на партијата, Димче Арсовски, рече дека не знае каде се...

Македонија1 ден

Груевски на „Фејсбук“: Јас сум во Будимпешта, побарав политички азил

Според статус објавен на официјалната фејсбук-страница на поранешниот премиер Никола Груевски, тој избегал во Будимпешта, каде што побарал азил од...

Досие