Контакт

Европа

Русија свика итен состанок на Советот за безбедност

Објавено пред


Руската федерација свика итен состанок на Советот за безбедност, по последните случувања во Сирија. Русите велат дека воздушните напади на САД и сојузниците се закана за меѓународниот мир, за што мора итно да се разговара.

Со поддршка од Кина и Боливија, Русија од генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш побара да го брифира советот за новонастанатата ситуација во Сирија.

Состанокот ќе биде отворен за јавноста и ќе почне во 17 часот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Условите за користење.

Европа

Седумдесет земји ќе преземат мерки против финансирањето на тероризмот 

Објавено пред

Од

Седумдесетина земји ветија дека ќе преземат нови мерки за спречување на финансирањето терористички организации на дводневната конференција во Париз. Голем број европски и арапски држави ветија дека целосно ќе го криминализираат финансирањето на патувања и регрутирање за терористички цели, дури и кога тоа не е е поврзано со конкретен терористички напад.

Учесниците на конференцијата се обврзаа да преземат акции за справување со ризиците поврзани со начините на плаќање што потешко се следат, како што се готовина, припејд-картички и системот за пратки „Хавала“, често застапен во некои африкански земји. На конференцијата е договорено да се преземат чекори за да се обезбеди спроведување на антитерористички финансиски стандарди во однос на непрофитните организации, а притоа да не се обесхрабруваат активностите на граѓанското општество.

Француските организатори на конференцијата истакнаа дека воените порази на терористичката Исламска држава не ја спречуваат групата да ги извршува своите терористички активности, заедно со Ал каеда, особено во нестабилните региони, како што се Авганистан, Малезија, Филипини, Јемен, Египет и супсахарска Африка. Освен припејд-картички и готовина, ИД исто така инвестира во бизниси и недвижности за да обезбеди финансирање на своите активности. Приходите на ИД се проценети на 2,5 милијарди американски долари помеѓу 2014 и 2016 година според канцеларијата на францускиот претседател Емануел Макрон.

 

Прикажи повеќе...

Европа

Британскиот суд не им дозволува на родители своето смртно болно бебе да го пренесат на лекување во Италија

Објавено пред

Од

Во последниве неколку дена светската јавност е окупирана со случајот на малиот Алфи Еванс (23 месеци), чии родители со месеци се борат со британскиот здравствен систем. Алфи има ретка генетска болест која предизвикува прогресивно да му слабеат мускулите, а во август минатата година претрпел тешки оштетувања на мозокот. Лекарите во тие моменти кренале раце и рекле дека детето не може да се излечи и оттогаш почнала борбата на родителите да го спасат своето дете.

Тие сега се жалат на одлуката на британскиот суд, кој им забранил болното дете да го одведат во Италија за понатамошен третман, објави Би-би-си.

Семејните адвокати изјавија дека за денеска попладне закажано е сослушување во врска со овој случај. Во понеделникот лекарите ги исклучиле апаратите кои го одржувале во живот 23-месечното бебе, по одлуката на судот дека детската болница „Алдер Хеј“ во Ливерпул има право да го прекине неговото лечење.

Родителите на Алфи, Том Еванс и Кејт Џејмс, по ваквата одлука сакале да го преместат својот син во болница во Рим, поврзана со Ватикан, каде што би можеле да се бараат нови методи на лекување. И покрај одобрувањето на италијанските власти, кои во најбрз можен рок обезбедиле државјанство за болното момче, британскиот суд го отфрли барањето на родителите за негов трансфер во Италија и само дозволи Алфи да го одведат дома.

Судијата на Врховниот суд во вторникот рече: „Ова е последното поглавје во случајот на ова посебно мало момче“. Тој додаде дека родителите можат да го пренесат Алфи од одделот за интензивна нега во болницата во својот дом. Судот го отфрли тврдењето на таткото на Алфи дека неговата состојба е многу подобра отколку што досега се мислело бидејќи по исклучувањето на апаратите, бебето продолжило самостојно да дише. Судијата рекол дека болницата во Рим за момчето може да обезбеди само краткотрајна нега бидејќи сè друго е веќе направено.

„Го отфрлам тврдењето дека состојбата на момчето е подобрена. Мозокот не може да се регенерира, а неговиот мозок речиси е целосно оштетен“, рекол судијата.

Алфи во болницата Алдер Хеј престојувал од декември 2016 година, но страда од ретка генетска болест. Таткото на Алфи се обрати во медиумите надвор од болницата и рече дека повторно ќе поднесе жалба на одлуката на судот: „Не се откажувам бидејќи Алфи и натаму дише. Тој не страда, не се мачи, туку само се бори за живот. Медицинската сестра дојде предмалку и рече дека изгледа прилично добро“.

Родителите на Алфи сè уште се надеваат дека ќе можат да го однесат бебето во болницата „Бамбино Гесу“ во Рим. Тие изгубија серија битки против британското здравство и правосудство откако Врховниот суд во февруари го одобри исклучувањето од апаратите за одржување во животот.

Прикажи повеќе...

Европа

Русија ќе блокира сајтови што ќе содржат клевети за јавни личности

Објавено пред

Од

Претседателот на Русија, Владимир Путин, потпиша нов закон што ќе им овозможни на властите да блокираат веб-сајтови што објавуваат информации кои содржат клевети за јавни личности, пишува рускиот весник „Москва тајмс“.

Предлог-законот беше донесен без проблеми во државната Дума месецов.

Пописот на Путин и објавувањето на законот веќе овозможува блокирање на навредливи сајтови, што, како што е пропишано, содржат информации со кои се дискредитираат честа, дистоинството или бизнис-репутацијата на личноста.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија33 минути

Иванов домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо-Бриони

Претседателот Ѓорге Иванов утре во Скопје ќе биде домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо-Бриони. Главната...

Македонија56 минути

Протест за одбрана на името: „Да направиме жив штит преку кој нема да помине никакво преименување на државата“

„Дојдовме заедно за да бидеме дел од живиот штит преку кој не ќе смее да помине и нема да помине...

Економија5 часа

Обвинувањата од „Транспаренси“ се неосновани, тврди стечајниот управник на „Фени“

Нема незаконски постапки во водењето на стечајната постапка за „Фени“, тврди стечајниот управник Мирослав Анастасиевски против кого вчера „Транспаренси интернешнл...

Македонија5 часа

(Видео) Костовски: Надвор од умот е да се собираат политички поени за случајот „Монструм“

Правда за жртвите кај Смилковското Езеро побараа и дел од членовите на ВМРО-ДПМНЕ присутни на протестот пред кривичниот суд, од...

Македонија6 часа

(Видео) Грабар Китаровиќ: Македонија да го изоди патот до ЕУ побрзо од соседите кои пред неа ги почнаа преговорите

Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, која е во официјална посета на земјава, по средбата со Ѓорге Иванов, претседателот на Македонија,...

Македонија6 часа

Бартол: По решавањето на спорот за името, Македонија ќе стане 30. земја членка на НАТО

Горазд Бартол, шефот на канцеларијата на НАТО во Скопје, на денешната конференција во МНР, која се однесуваше на евро-атлантските интеграции...

Економија7 часа

Да се истражува подлабоко, до причините за стечајот на „Фени“, Анѓушев ги охрабри антикорупционерите

По вчерашните обвинувања од „Транспаренси интернешнл – Македонија“ дека вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, го оркестрирал случајот со стечајот...

Македонија7 часа

(Видео) Правда за жртвите кај Смилковско Езеро побараа граѓани пред кривичниот суд

Стотина граѓани  пред кривичниот суд побараа правда за жртвите кај Смилковско Езеро со транспаренти „Спиеш ли мирно Заев“, „Ги сонуваш...

Македонија8 часа

ВМРО-ДПМНЕ со чочек на пратеничките прашања, Џафери ги опомена

Денешната седница за поставување пратенички прашања до владата ВМРО-ДПМНЕ ја почна со пуштање музика за чочек од нивните телефони. Координаторот...

Македонија10 часа

(Видео) Пендаровски: Со негативна пропаганда го спречуваат влезот на Македонија во ЕУ и НАТО

Се гледа светлото на крајот од тунелот, тоа го потврдува извештајот од Европската комисија. Но, позитивен извештај не се случува...

Македонија11 час

Јанкулоска е на боледување, „Титаник“ одложен за 2 мај

Судот го одложи рочиштето за случајот „Титаник“ во кој се обвинети 21 лице за изборни измами, поради фактот што сè...

Економија11 час

Тевдовски: Инструментите како 30-годишната обврзница го раздвижуваат пазарот на капитал

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, ја сподели визијата за интегриран пазар на капитал во регонот во своето обраќање како панелист...

Македонија12 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Заев не сака да се дознае вистината за убиствата кај Смилковско езеро

Само човек без грам сочувство може да си поигрува со трагедиите на семејствата кои ги загубија своите најблиски кај Смилковското...

Македонија12 часа

(Видео) Колинда Грабар Китаровиќ во официјална посета на Македонија

Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ денеска е во официјална посета на земјава. Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, како нејзин...

Македонија12 часа

Пратенички прашања во Собрание, со присуство на опозицијата

Во Собранието, денес ќе се одржи седницата за поставување на пратенички прашања, каде пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе учествуваат за...

Македонија12 часа

Граѓански протест „Правда за жртвите од Смилковско Eзеро“

Денесka пред Основниот суд во Скопје со почеток во 13 часот ќе се одржи протест „Правда за жртвите од Смилковско...

Македонија1 ден

(Видео) Нимиц: Двете страни се посветени на решавање на спорот за името

По средбата со македонскиот и грчкиот министер за надворешни работи, Никола Димитров и Никос Коѕијас, попладнево во Виена, медијаторот Метју...

Македонија1 ден

(Видео) Тезата на СЈО падна како круша во вода, рече Груевски

По денешното речиси шестчасовно судско рочиште за набавката на екстра луксузниот „мерцедес“, на кое сведочеа четворица сведоци, експремиерот Никола Груевски...

Економија1 ден

(Видео) Кривични пријави за стечајниот управник и за стечјаната судијка на „Фени“ поради договорот со швајцарски ГСОЛ

„Транспаренси интернешнл – Македонија“ поднесе кривични пријави за злоупотреба на службена должност против стечајниот управник Мирослав Анастасиевски и стечајната судијка...

Економија1 ден

(Видео) Антикорупционери од Брисел, Берлин и Скопје ќе го испитуваат влијанието на Анѓушев врз стечајот за „Фени“

Канцелариите на „Транспаренси интернешнл“ во Скопје, Берлин и Брисел ќе го испитуваат влијанието на вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев,...

Досие