Контакт

Европа

Русија со намера да го заврши „Северен тек 2“ до крајот на годината

Објавено пред

Русија очекува довршување на гасоводот преку Балтичкото Море, „Северен тек 2“, до крајот на годината, изјави денеска рускиот вицепремиер Александер Новак.

Работата на руско-германскиот гасовод е во тек, рече Новак на маргините на економскиот форум во Санкт Петербург.

„Операторот со компаниите што учествуваат во проектот ја продолжува неговата имплементација. Се надеваме дека работата ќе заврши до крајот на оваа година“, рече Новак.

На гасоводот, кој е речиси завршен, континуирано се спротивставуваат американски и европски активисти за заштита на животната средина.

Руските политичари претходно најавуваа дека проектот може да се заврши дури и ова лето.

Европа

Во Германија најнизок број на новозаразени во последните 9 месеци

Објавено пред

Во Германија е регистриран најмал број на новозаразени од коронавирус на дневно ниво во последните девет месеци, па официјалните лица ја разгледуваат можноста за релаксирање на правилата во врска со носењето заштитни маски.

Институтот „Роберт Кох“ денеска објави дека во последните 24 часа регистрирани се 549 новоинфицирани лица, што е првпат од 21 септември бројката да е помала од 1.000, иако обично се случува бројките во текот на викендот да бидат релативно ниски затоа што се тестираат помалку луѓе.

Повеќе од 3,7 милиони луѓе се заразиле во Германија од почетокот на пандемијата, а со новите 10 потврдени смртни случаи бројот на починати достигна 89.844.

Со намалувањето на бројот на заразени се иницира прашањето за носењето заштитни маски. Министерот за здравство, Јенс Шпан, изјави дека треба да се оди постепено и дека првин треба да се укинат правилата за носење маски на отворено.

Тој додаде дека мерката носење маски во затворен простор може постепено да се укинува во области со мал број заразени лица и со висока стапка на вакцинација.

Прикажи повеќе...

Европа

Џонсон: Бајден ќе му упати тешки пораки на Путин

Објавено пред

Американскиот претседател, Џо Бајден, оваа недела ќе му испрати тешки пораки на рускиот претседател Владимир Путин, изјави денеска британскиот премиер, Борис Џонсон.

„Знам дека претседателот Бајден ќе му испрати доста тешки пораки на претседателот Путин во следните неколку дена“, рече Џонсон по пристигнувањето во Брисел на самитот на НАТО.

Џонсон исто така рече дека односите меѓу Лондон и Москва допрва треба да се подобруваат, пренесува „Ројтерс“.

„Секогаш се надевам дека работите ќе се подобрат со Русија, но се плашам дека досега беше доста разочарувачки од гледна точка на Велика Британија“, рече британскиот премиер.

Тој исто така спомена дека НАТО не сака студена војна со Кина.

„Кога станува збор за Кина, мислам дека никој во алијансата не сака да влезе во студената војна со Кина. Но, мислам дека луѓето гледаат предизвици, гледаат работи со кои треба да управуваме заедно, но исто така гледаат и можности“, рече Џонсон.

Запрашан за брегзитот и неговото влијание врз Северна Ирска, тој рече дека повеќето лидери на денешниот самит на НАТО ќе ја разберат желбата на Велика Британија да го заштити својот територијален интегритет.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Бајден неколкупати ги помеша Либија и Сирија

Објавено пред

Зборувајќи за можноста за соработка со Русија во обезбедувањето хуманитарна помош за земјите погодени од конфликти, американскиот претседател, Џозеф Бајден, се збуни и ги помеша Либија и Сирија, и тоа не еднаш, туку трипати.

Бајден рече дека Соединетите Американски Држави може да работат заедно со Русија во Либија, а потоа рече дека Русија со својата интервенција во Сирија загризала повеќе отколку што може да проголта, после тоа повторно спомнувајќи ја Либија во истиот контекст, наведува „Фокс њуз“.

„Сè додека тие немаат можност да воведат некаков ред во регионот, тоа не може да се направи, без да им се обезбедат основните економски потреби на луѓето. Па се надевам дека ќе најдеме начин да ги спасиме животите на луѓето, на пример, во Либија“, рече Бајден.

Претставници на Белата куќа подоцна рекоа дека тој мислел на Сирија кога ја споменал Либија, но грешката на Бајден предизвика лавина коментари на социјалните мрежи.

„Претпоставувам дека кога се бомбардираат толку многу земји одеднаш, тешко е сето тоа да се следи“, напиша либанската геополитичка коментаторка, Сара Абдалах.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија22 минути

Започна Северноатлантскиот совет на НАТО

Премиерот Зоран Заев, заедно со лидерите на земјите членки на НАТО, учествуваше во централниот работен дел на годинашниот Самит на...

Свет2 часа

Земјите од НАТО заеднички ќе се бранат и од напади во вселената

Проширувањето на членот 5 од договорот за основање на НАТО, кој денеска ќе биде продолжен, им овозможува на членките на...

Македонија2 часа

Четири нови случаи на Ковид-19, починал 66-годишен скопјанец

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.337 тестирања, а регистрирани се четири нови случаи на...

Европа2 часа

Во Германија најнизок број на новозаразени во последните 9 месеци

Во Германија е регистриран најмал број на новозаразени од коронавирус на дневно ниво во последните девет месеци, па официјалните лица...

Економија4 часа

Од полноќ се зголемуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,15%...

Македонија5 часа

Груби и Мерко за рушењето на платформите во Струга: Зелената агенда е веќе во акција

Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби, заедно со министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, и...

Регион5 часа

Хрватска ги промовира ковид-автобусите

Министерот за здравство на Хрватска, Вили Берош, и директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Цапак, промовираа вакцинација со...

Македонија5 часа

Бројот на ковид-пациенти во македонските болници падна под 100

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во...

Македонија7 часа

Кризниот штаб предлага да се укине полицискиот час, на свадба да може да има повеќе од 100 гости

Кризниот штаб ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести, меѓу кои е и укинување на полицискиот час од среда,...

Свет7 часа

Кавалери од ЕМА реагира дека погрешно е цитиран: „Вакцината на ‘Астра зенека’ е добра за сите возрасти“

Марко Кавалери, шеф на работната група за коронавирус во Европската агенција за лекови, рече дека вакцината на „Астра зенека“ има...

Македонија8 часа

Македонија првпат на самит на НАТО како полноправна членка

Во Брисел денеска се одржува самит на НАТО на кој Македонија ќе го има своето прво учество како полноправна членка...

Спорт20 часа

Ангеловски: Нема разочарување, имаме уште два натпревари!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски по натпреварот со Австрија изјави дека репрезентацијата не успеала да се соземе...

Спорт20 часа

Пандев: За нас ова е големо искуство, жал ми е за навивачите

Фудбалската репрезентација на Македонија безмалку 80 минути имаше нерешен резултат во дуелот со Австрија, но во последните минути Австријците со...

Спорт20 часа

Македонија со пораз од Австрија на стартот на ЕП

Замените на австрискиот селектор Фода – Грегорич и Арнаутовиќ беа кобни за македонскиот национален тим во првиот меч на едно...

Македонија1 ден

За првпат по 9 месеци, во Македонија нема починат од коронавирус

За прв пат по 2 септември 2020, во Македонија не е забележан ниту еден смртен случај од Ковид-19, во изминатото...

Европа1 ден

ЕМА: „Астразенека“ да не се дава на постари од 60 години

Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека треба да се избегнува вакцината „Астразенека“  за лица над 60 години, поради стравувања...

Топ1 ден

Полицаецот по кој се трагаше е пронајден починат во водите на Брегалница

Во возило во водите на Брегалница е пронајдено е телото на 51 годишниот полицаец Т.С. од Делчево, кој беше пријавен за...

Македонија1 ден

Османи: Ќе вложам напори во среда да бидам во Скопје за да се обратам пред Комисијата

Ќе ги вложам сите напори да ја прекинам тековната дипломатска офанзива за во среда на неколку часа да бидам во...

Спорт1 ден

Селекторот Ангеловски емотивен: Вие сте моите херои!

Пред денешното деби на Македонија на Европското првенство, на натпреварот во Букурешт против Австрија, селекторот Игор Ангеловски на Инстаграм сподели...

Македонија1 ден

Општина Центар за протестот: Ќе се засадат нови дрвја на Орце Николов, отстранетите беа стари, болни и оштетени

По повод денешниот протест против сечата на дрвјата на улицата Орце Николов, општина Центар тврди дека останува посветена на остварување...

Досие