Контакт

Европа

Русија: Тајното пренесување на Јулија и Сергеј Скрипал го сметаме за киднапирање

Објавено пред

Руската амбасада во Лондон соопшти дека какво било преместување на Сергеј и Јулија Скрипал на тајна локација ќе го сметаат за киднапирање свои државјани. Доколку тие бидат преместени на тајна локација, ќе пропадне можноста да се слушне нивната верзија за настаните, соопштила руската амбасада во Лондон.

„Светот, ако нема можност да стапи во контакт со нив, ќе има секаква причина да го гледа тоа како киднапирање двајца руски државјани или во најмала рака, нивна изолација“, е напишано на интернет-страницата на руската амбасада во Лондон.

Ќерката на поранешниот руски шпион, Јулија, е пуштена од болницата во Британија, во која заедно со татка си во критична состојба беа хоспитализирани на 4 март кога беа отруени со нервен агенс, соопшти денеска раководството на болницата во Салсбери.

Европа

Во Корушка задолжително носење маски и во текот на ноќта, од 21 до 2 часот наутро

Објавено пред

Од петок австриската покраина Корушка воведува задолжително носење заштитни маски ноќе во туристички места.

Сите ќе треба да носат маски од 21 до 2 часот наутро на места како што се Фелден, Клопаинер Зе, Факер Зе, Вертер Зе.

„Фелден не треба да стане летен Ишгл“, истакна членот на покраинската влада надлежен за туризам, Себастијан Шусниг.

Тој посочи дека апелите да се избегнуваат собири на граѓани, да се почитуваат мерките за далечина и хигиена, не биле доволни.

Затоа, како превентивна мерка, донесена е одлука да се воведе обврска за носење маски ноќе.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Австрија повратниците од Балканот ќе бидат особено контролирани

Објавено пред

Австриската влада донесе одлука да го прошири списокот на држави за кои важи предупредувањето за патување во Романија, Бугарија и Молдавија и најави строги контроли на своите источни граници.

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, по владината седница, рече дека состојбата во врска со коронавирусот на Балканот и Балтикот се влошила и дека има сè повеќе случаи на инфекција во Австрија увезени од исток.

„Се соочуваме со сè поголем увоз на зараза од странство. Затоа нашиот итен апел е да не се патува во тие земји“, објасни тој.

Курц потсети дека за тие земји важи мерката за двонеделен карантин.

„Прекршувањето на карантинот е сериозно кривично дело и кој и да го стори тоа, мора да смета на глоба до 1.450 евра. Кој е позитивен на тестот и ја нарушува карантинската одлука, сторил кривично дело и мора да смета на јасно построга казна“, истакна Курц.

Тој најави дека ќе се спроведуваат построги контроли на карантин, но и на границите кон исток.

„Повратниците од Балканот ќе бидат особено контролирани“, додаде Курц најавувајќи дека бројот на полицајци на границата ќе биде удвоен на 1.800.

Претходно овој месец австриската влада одлучи да ги стави државите од Западен Балкан на списокот на земји за кои важи предупредувањето за патување, врз основа на кое сите оние што се враќаат во Австрија, а престојувале во земјите од поранешна Југославија, мора да одат на двонеделен карантин или да имаат негативен PCR-тест.

Прикажи повеќе...

Европа

Повторно повеќе од 1.000 активни случаи на коронавирус во Австрија

Објавено пред

Во Австрија бројот на луѓе што се активно заразени со коронавирус, а врз основа на растот на новозаразените во последните денови, повторно надмина илјада.

Според податоците на Министерството за здравство, во моментот има 1.012 активни случаи на коронавирус во Австрија.

Во изминатите 24 часа регистрирани се 85 нови случаи на инфекција со коронавирус, што по три дена со трицифрен број на новозаразени, е првиот ден кога тој број е двоцифрен.

Како и во претходните денови, најголем број новозаразени, дури 57, се регистрирани во Горна Австрија, 21 во Виена, пет во Долна Австрија, по еден случаи во Салцбург и Штаерска.

Од почетокот на епидемијата на коронавирусот во Австрија вкупно 18.270 лица се позитивни, а 16.647 се излечени.

Во моментот хоспитализирани се 78 пациенти, од кои 11 се на одделот за интензивна нега.

Од почетокот на епидемијата спроведени се вкупно 654.105 теста на коронавирус.

Бројот на починати остана на 706.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

(Видео) Вучиќ ги осуди протестите: Сведоци сме на брутално политичко насилство

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги осуди синоќешните протести организирани пред Националното собрание оценувајќи ги како акт на политичко насилство....

Македонија2 часа

За гласање на изборите се пријавиле 137 заболени од коронавирус

Вкупно 137 лица позитивни на коронавирус се пријавиле за гласање на предвремените парламентарни избори, а Државната изборна комисија добила пријави...

Македонија2 часа

163 новозаболени од Ковид-19 во земјата, починаа осум лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на...

Македонија4 часа

Владата итно ќе одлучува за ПЦР-тестот за патници од регионот

Премиерот Оливер Спасовски информира дека Комисијата за заразни болести ѝ препорачала на Владата од утре при влез во нашата земја...

Регион5 часа

Белград по синоќешниот хаос – запалени автомобили, смет, скршени стакла

Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, објави на „Фејсбук“ фотографии од хаосот што остана на улиците на Белград по синоќешните немири....

Регион5 часа

(Видео) Демонстрант во Белград: Тато, ова е за тебе затоа што почина бидејќи немаше респиратор

Новинарка на телевизијата „Н1“ пред српскиот парламент ја сними шокантната исповед на Петар Ѓуриќ, син на познатиот уметник Љубиша Ѓуриќ,...

Регион6 часа

(Видео) Полицијата со палка тепа момчиња што мирно седат на клупа во Белград

Полицијата во Белград, по неколкучасовни масовни протести, почна да ги тепа луѓето, дури и оние што седат мирно. Како што...

Македонија7 часа

ИЈЗ: Намалување на бројот на новозаболени и починати, зголемување на бројот на оздравени

Неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 29 јуни до 5 јули 2020 година бележи намалување на...

Свет7 часа

Мистериозен синдром поврзан со коронавирусот предизвикува оштетување на мозокот кај децата

Коронавирусот може да предизвика големи невролошки проблеми кај некои деца, откриле научниците. Иако на младите им е полесно да се...

Свет8 часа

(Видео) Автобус полн со матуранти во Кина падна од мост во езеро, најмалку 21 загинат и 15 повредени

Најмалку 21 човек загина, а 15 се повредени кога автобус излета од патот и падна во езеро во Кина. Автобусот...

Свет8 часа

Во САД над 3 милиони заразени со Ковид-19

Бројот на заразени со коронавирус во САД надмина три милиони, сè повеќе сојузни држави бележат рекорден број нови случаи, а...

Македонија8 часа

Задолжителен тест за граѓаните на Србија, Косово, БиХ и на Црна Гора при влез во земјата, препорача Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести утрово одржа состанок, на кој донесе одлука да достави предлог до Владата од утре при влез...

Регион9 часа

(Видео) Солзавец и оклопни возила на протестите во Белград по најавата за нов полициски час

Полицијата во Белград утрово успеа да ги растера демонстрантите што од синоќа протестираа по најавата на претседателот на Србија, Александар...

Свет20 часа

СЗО: Епидемијата се забрзува, се појавуваат докази дека вирусот се пренесува преку воздух

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека епидемијата на коронавирус се забрзува и дека се појавуваат докази за пренесување на Kовид-19...

Регион23 часа

Србија го враќа полицискиот час, забрана за движење од петок до понеделник

Од утре во Србија ќе биде забрането собирање на повеќе од пет луѓе во отворен и затворен простор, а од...

Македонија24 часа

ДИК ќе прави симулација на изборниот ден во услови на пандемија

Државната изборна комисија утре ќе спроведе симулација на процесот на гласање под посебните протоколи поради пандемијата на коронавирус. Симулацијата ќе...

Регион1 ден

Грчки медиуми: Повеќето од туристите од Србија се позитивни на Ковид-19

Грчките медиуми пренесуваат дека повеќето од туристите од Србија се позитивни на Ковид-19, а тоа е и половина од новите...

Македонија1 ден

Нови 120 заболени и петмина починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.367 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на...

Македонија1 ден

(Видео) Со цитати од Конески и Мартиновски, Ципрас упати поддршка до Заев

Претседателот на грчката партија СИРИЗА и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас, упати видеопорака со поддршка на претседателот Зоран Заев,...

Македонија1 ден

Јово Вангеловски обвинет за злоупотреба на службената положба

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен предлог против поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски,...

Досие