Контакт

Свет

Русија тврди дека не им помогналa на САД во акцијата против лидерот на ИД

Објавено пред

Руското Министерство за одбрана соопшти дека не знае ништо за каква било помош на американските авиони во воздушниот простор на Идлиб, каде била спроведена акцијата за ликвидација на лидерот на терористичката Исламска држава, Абу Бакр ал-Багдади.

Портпаролот на Министерството, Игор Конашенков оцени дека и убиството на Ал Багдади нема многу да влијае на ситуацијата во Сирија.

„Откако ИД беше поразена од страна на силите на сириската Влада и со поддршка на руските воздушни сили на почетокот на 2018 година, уште една смрт на Абу Бакр ал-Багдади нема да има влијание ниту на ситуацијата во Сирија, ниту на акциите на терористите кои останаа во Идлиб“ вели тој.

Ваквата изјава доаѓа како реакција на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој на прес-конференција рече дека Русија на американските авиони им го отворила воздушниот простор кој го контролира над сириските територии.

Свет

Русија ја испрати првата серија од вакцината во Белорусија

Објавено пред

Русија ја испрати првата серија од својата вакцина Спутник В Ковид-19 во Белорусија на клинички испитувања. Се работи за прва испорака на вакцината во странство, соопшти рускиот Фонд за директни вложувања.

Волонтери во Белорусија ќе почнат да ја примаат руската вакцина од 1 октомври, соопшти фондот.

На 11 август Русија стана првата земја што регистрира вакцина против вирусот. Вакцината наречена „Спутник V“ е изработена од Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“.

Прикажи повеќе...

Регион

Словенија ја заострува политиката кон азилантите, во затворите стотина шверцери на луѓе

Објавено пред

Во словенечките затвори има стотина уапсени организатори на илегална миграција, а сегашната влада ќе ја заостри својата политика кон барателите на азил бидејќи тоа најчесто се злоупотребува, објави во понеделникот министерот за внатрешни работи, Алеш Хојс.

Хојс изјави дека досега во Словенија се регистрирани од 10 до 11 илјади нелегални гранични преминувања, но дека по апсењето, само петтина од нив ја изразиле својата намера да побараат азил во Словенија, а 70 проценти од нив го напуштаат домот за азиланти пред да биде завршена постапката.

Според него, тоа значи дека повеќето од нив се одлучуваат повторно да се обидат да се пробијат до крајните посакувани дестинации на северот или западот на Европа, а не да бараат азил во Словенија.

Бидејќи ова прашање не е решено со новиот предлог на пакетот за миграција на Европската комисија, Словенија најверојатно ќе им забрани на барателите на азил да го напуштат центарот за азил додека трае постапката, а парламентот набргу ќе донесе одлука за новиот закон за странци, со кој построго ќе се дефинира што е тоа право на азил, наведе, меѓу другото, Хојс.

Прикажи повеќе...

Европа

Расте бројот на нови случаи и починати од Ковид-19 во Чешка

Објавено пред

Во Чешка последниве денови нагло се зголемува бројот на луѓе заболени од Ковид-19 со потешки симптоми за кои е потребна хоспитализација, како и бројот на смртни случаи.

Според последните податоци, бројот на хоспитализирани лица е зголемен петпати од почетокот на септември и изнесува 802, а бројот на пациенти на кои им е потребна интензивна нега или респиратор е речиси петкратно зголемен и изнесува 181.

Во последните 24 часа има 1.305 нови позитивни на коронавирус во земјата, што е трето најголемо дневно зголемување за неработен ден, во недела и за викенди, кога се тестираат сè помалку случаи, покажуваат најновите податоци на чешкото Министерство за здравство.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Одбраната на Јанакиески: Ако бил близок соработник на Груевски, немало да биде прислушуван

Адвокатот Димитар Дангов во завршните зборови посочи дека обвинението против Миле Јанакиески за „Насилство во Центар“ треба да биде повлечено...

Македонија2 часа

Четири лица починаа, потврдени 48 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа потврдени се 48 нови случаи на коронавирус од 387 теста, а починаа четири лица, соопшти Министерството...

Македонија2 часа

МОН: Во тек се тестирањата на Националната платформа за онлајн-настава

Во тек се тестирањата на платформата, се работи на нејзина оптимизација, велат од Министерството за образование и наука по реакциите...

Свет3 часа

(Видео) Жестоки борби во Нагорно-Карабах, светските лидери бараат прекин на огнот

Голем судир меѓу Ерменија и Азербејџан избувна во регионот Нагорно-Карабах. ООН повика на итен прекин на огнот. Москва, Вашингтон и...

Свет4 часа

Kина: Запрете го увозот на замрзната храна од загрозените земји, преку неа се пренесува короната

Властите во Пекинг апелираа до увозниците да престанат да увезуваат замрзната храна од земјите погодени од епидемијата Ковид-19 бидејќи примероците...

Македонија5 часа

Притвор за десеттемина дрвокрадци кои претепаа полицајци

Судот определи мерка притвор од 30 дена за десет осомничени лица кои биле вклучени во претепувањето на полициските службеници во...

Регион6 часа

Трамп: Лидерите на Србија и Косово се прегрнаа во Белата куќа, прекрасно беше да се види тоа

На предизборен митинг во сојузната држава Пенсилванија, Трамп повторно зборуваше за неговото посредување меѓу Србија и Косово, како и меѓу...

Економија6 часа

Усвоен четвртиот пакет економски мерки – 470 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството

Владата на вчерашната редовна седница ја разгледа информацијата за четвртиот сет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на...

Македонија7 часа

Седум града со над 100 активно заразени од коронавирус

Во моментот во земјата како активни се водат 2.323 случаи на заразени од коронавирус. Од нив, во седум македонски града...

Економија19 часа

Субвенции и за казината – ќе плаќаат само една третина од износот за лиценца

Во четвртиот сет мерки Владата предвиде субвенции за приредувачите на игри на среќа за месеците октомври, ноември и декември. Тие...

Македонија19 часа

Заев и Борисов разговараа телефонски: Историските комисии треба да најдат решенија прифатливи за двете страни

Премиерите на Република Северна Македонија и Република Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, денеска телефонски разговараа за повеќе области на...

Регион20 часа

Серија земјотреси кај Атос

Серија земјотреси, од кои најсилниот од 5,2 степени според Рихтеровата скала, ја погодија областа Атос во Грција во последните 24...

Свет21 час

(Видео) Борбите околу Нагорно-Карабах траат со часови, има мртви и ранети војници и цивили

Парламентот на Азербејџан прогласи воена состојба и полициски час во неколку региони по вооружениот конфликт со Ерменија околу Нагорно-Карабах, јавува...

Свет22 часа

Папата Франциско повика на мир меѓу Ерменија и Азербејџан

Папата Франциско денеска апелираше до Ерменија и Азербејџан да ги решат „нивните недоразбирања“ преку преговори по конфликтот за отцепениот регион...

Топ23 часа

Шестгодишно дете почина од струен удар во Скопско

Шестгодишно дете почина од струен удар во Скопско. Како што информира МВР, вчера во 14.25 часот во СВР Скопје, од...

Македонија24 часа

Tројца починати и 148 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.224 тестирања, а регистрирани се 148 нови случаи на...

Економија1 ден

Викенд без ДДВ од 10 до 12 октомври

Викендот без ДДВ ќе биде за време на празничниот продолжен викенд од 10-12 октомври. Државата ќе врати ДДВ на секој...

Топ1 ден

Малолетник од Струмица осомничен за 13 тешки кражби и разбојништва

Струмичката полиција до надлежното Основно јавно обвинителство ќе поднесе пријава против 13-годишник од Струмица, поради сомнение дека извршил 13 кривични...

Европа1 ден

Брисел – ново европско жариште на вирусот

Дневниот просек на новоинфицирани со коронавирусот во последната недела во Брисел е 2.305, односно 340 заразени на 100 илјади жители....

Свет1 ден

(Видео) По Нагорно-Карабах и Ерменија прогласи воена состојба, тензиите ескалираат

Ерменските власти денеска прогласија воена состојба и општа мобилизација откако избувнаа нови судири во Нагорно-Карабах меѓу тамошните сепаратисти поддржани од...

Досие