Свет
Русија тестира систем за откривање на британскиот вид коронавирус

Систем за откривање на британскиот вид коронавирус се тестира во Русија, објави Службата за фитосанитарен надзор „Роспотребнадзор“.
„Тестираме ПСР-тест кој е способен да го открие новиот коронавирус и да го разликува од оној што го знаеме од минатата година, а кој претежно циркулира во Русија“, рече раководителката на ресорот, Ана Попова.
Таа додаде дека имунитетот од коронавирусот што лицето го добива по болеста, исто така, може да заштити и од британскиот вид Ковид-19.
Попова изјави дека веќе била запознаена со резултатите што даваат оптимизам.
Вчера беше објавено дека научниците од Новосибирскиот научен институт „Вектор“ први во светот го фотографираа британскиот вид коронавирус, добиен од пациент во декември 2020 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Орбан се заканува дека ќе ја повлече својата партија од клубот на пратеници во Европскиот парламент

Унгарскиот премиер Виктор Орбан се заканува дека ќе ја повлече владејачката партија „Фидес“ од конзервативниот блок на Европската народна партија (ЕПП) во Европскиот парламент, е заклучокот од писмо објавено во неделата.
Орбан во писмото му се обраќа на Манфред Вебер, германски политичар кој ја предводи парламентарната група на ЕПП, дека „Фидес“ ќе си замине доколку конзервативниот блок донесе одлука за промена на регулативата, што беше предложено во петокот.
Предложените измени ќе овозможат одредена група да биде суспендирана или исклучена од блокот на ЕПП со само 50 отсто од гласовите во некои случаи.
Потпретседателката на „Фидес“, Каталин Новак, го објави писмото на „Твитер“.
ЕПП, во која се наоѓа и конзервативниот блок на германската канцеларка Ангела Меркел, веќе неколку години е во кавга со „Фидес“.
Членството на „Фидес“ во ЕПП е суспендирано од 2018 година поради евроскептичната политика на Орбан, но тоа не важи за групата на ЕПП во Европскиот парламент на која „Фидес“ сè уште припаѓа.
Тоа може да се промени по гласањето во среда, кога ќе се одлучува за внатрешните прописи.
Суспензија може да се случи во следните недели, освен ако „Фидес“ не се повлече претходно.
„Промената на регулативата ќе доведе до правно сомнителна суспензија на нашите избрани претставници во групата на ЕПП“, вели Орбан.
„Ако ‘Фидес’ не е добредојдеан, тогаш не се чувствуваме должни да останеме во групата“, додава унгарскиот премиер.
Свет
СЗО: Во светот 384.000 новозаразени со Ковид-19 за еден ден

Светската здравствена организација (СЗО) во својот билтен во неделата објави дека минатиот ден во светот се регистрирани повеќе од 384.000 нови случаи на зараза со коронавирус, што надмина 113,46 милиони во вкупниот број случаи.
Според официјалната статистика на СЗО, во текот на изминатиот ден се потврдени нови 384.956 новозаразени ширум светот, а бројот на смртни случаи од ковид-19 е зголемен за 8.230, пренесува ТАСС.
Во Северна и Јужна Америка, повеќе од 46 проценти од овој број се евидентирани со 179.480 нови случаи, додека во Европа се потврдени 139.264 нововозаразени со коронавирусот.
Од почетокот на пандемијата, според СЗО, регистрирани се 113.467.303 случаи на смрт на Ковид-19 и 2.520.550 смртни случаи поврзани со оваа болест.
Најголем број случаи на коронавирус досега се пријавени во САД (28.174.978), потоа во Индија (11.096.731), Бразил (10.455.630), Русија (4.246.079) и Велика Британија (4.170.523), наведува агенцијата.
Европа
Курц ја критикуваше Европската Агенција за лекови за вакцините

Австрискиот канцелар Себастијан Курц остро ја критикуваше Европската агенција за лекови, барајќи побрзо издавање на одобренија за вакцини за коронавирус, информираат тамошните медиуми.
„Не може во други земји вакцината да се одобрува побрзо отколку што тоа го прави Европската агенција“ рече Курц.
Како причина за критиката тој го наведува одобрението за вакцината од компанијата „Џонсон и Џонсон“ во САД.
„Европската агенција за лекови сега е поканета да ја одобри вакцината „Џонсон и Џонсон“ што е можно побрзо, небирократски и во согласност со сите научни стандарди – нагласи Курц во изјавата.
Тој процени дека вакцината може да донесе пресврт во борбата против пандемијата, бидејќи е потребна само една вакцина за целосна имунизација и може да се чува во обичен фрижидер.
Покрај тоа, нагласува тој, вакцината има висок ефект против сериозни болести.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа5 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран