Свет
Русија: Уапсено лице кое планирало терористички напад

Руската служба за безбедност уапси симпатизер на терористичките организации коj планирал да кренe во воздух полициска станица во која тој секој ден се пријавувал по издржувањето на затворската казна.
Според ТАСС, ова на полицијата ѝ го потврдила негова пријателка, која кажала дека знаела за неговите намери, дека купил материјал за правење бомба и дека планира напад на 5 април.
Во соопштението за јавност на Руската федерална служба за безбедност се наведува дека руски државјанин, кој претходно бил осудуван за кривично дело, бил уапсен во градот Киславодск во регионот на Ставропол во Северен Кавказ, бидејќи планирал напад на полициска станица по налог на терористичка организација.
При претресот, оперативците на ФСБ заплениле материјал за правење експлозив, екстремистички пропаганден материјал и упатства за изработка на експлозивни направи.
Безбедносната служба во Кисловодск ги лиши од слобода и тројцата негови соучесници, кои беа осомничени за организирање на финансирање на припадници на екстремистички групи во Сирија.
Според ФСБ, тие основале ќелија на Исламската држава, која е забранета во Русија, а имала за цел да изврши терористички напад на територијата на регионот на Ставропол.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Париз ги суспендира летовите кон Бразил за да спречи ширење на новиот вид

Француските власти ќе ги прекинат сите летови меѓу Франција и Бразил со цел да се спречи ширењето на новиот вид на коронавирус, откриен во таа јужноамериканска земја, изјави францускиот премиер Жан Касте.
Во обраќањето пред францускиот парламент во Париз, Касте рече дека властите се свесни дека епидемиолошката состојба се влошува и одлучија да ги прекинат сите летови меѓу Франција и Бразил до ново известување.
Неколку водечки француски лекари со денови ги повикуваат властите да го прекинат воздушниот сообраќај на релација со Бразил.
Француската министерка за здравство Оливија Веран минатиот месец изјави дека видови од вирусот корона од Бразил и Јужна Африка се регистрирани кај околу шест проценти од заразените во Франција.
Свет
Иран го зголемува збогатувањето на ураниум на 60 проценти

Иран планира да го зголеми збогатувањето на ураниум на 60 проценти, се вели во извештајот на државната новинска агенција ИСНА.
Заменик-министерот за надворешни работи Абас Арагчи треба да ја извести Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) за овој потег, што следи по кибернападот врз иранската нуклеарна централа Натанц.
Иран го обвини долгогодишниот непријател Израел дека ја саботира неговата клучна нуклеарна централа Натанц и вети дека ќе се одмазди за нападот.
Техеран го обвинува Израел за терористички акт насочен кон саботирање на разговорите во Виена, кои треба да продолжат кон крајот на неделава, а со тоа и за нуклеарниот договор со пет членки на Советот за безбедност и Германија.
Досега Иран збогатуваше ураниум на 20 проценти, иако нуклеарниот договор од 2015 година предвидува максимално збогатување од 4 проценти.
Свет
Бајден го повика Путин на состанок во трета земја

Во телефонски разговор со неговиот руски колега Владимир Путин, американскиот претседател Џо Бајден му предложил да одржат состанок во трета земја, објави Белата куќа.
„Претседателот Бајден ја потврди својата цел: да изгради стабилни и предвидливи односи со Русија во согласност со интересите на САД и предложи одржување на самит во трета земја во текот на следниот месец за да се разговара за целиот спектар на прашања со кои се соочуваат САД и Русија“, се наведува во изјавата.
За време на телефонскиот разговор, Бајден изрази загриженост за „наглото“ зголемување на руските воени сили на границата со Украина.
„ Бајден ја истакна непоколебливата посветеност на САД за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, се заклучува во соопштението.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш