Свет
Русија: Ја менуваме нуклеарната доктрина поради улогата на Западот во војната
Русија ќе ја промени својата доктрина за употреба на нуклеарно оружје поради, како што смета, западната ескалација во војната во Украина, потврди заменик-министерот за надворешни работи, Сергеј Рјабков, за руските медиуми.
Постојната нуклеарна доктрина, утврдена со декрет на претседателот Владимир Путин во 2020 година, вели дека Русија може да користи нуклеарно оружје во случај на нуклеарен напад од непријател или конвенционален напад што го загрозува опстанокот на државата.
Поагресивните меѓу руските воени аналитичари го повикаа Путин да го намали прагот за употреба на нуклеарно оружје за да ги отрезни руските непријатели на Запад. Путин во јуни рече дека нуклеарната доктрина е жив инструмент што може да се промени во зависност од светските настани.
„Работата е во напредна фаза и постои јасна намера да се измени доктрината“, рече Рјабков, цитиран од државната новинска агенција Тас.
Москва го обвинува Западот дека ја користи Украина како застапник за да води војна против неа, со цел да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија и да ја разбие. САД и нивните сојузници го негираат ова и велат дека ѝ помагаат на Украина да се одбрани од агресивна, колонизирачка војна.
На првиот ден од руската сеопфатна инвазија на Украина во февруари 2022 година Путин рече дека секој што ќе се обиде да ја спречи ќе претрпи „последици со кои досега не се соочиле во историјата“.
Оттогаш тој даде низа изјави дека Западот го смета за нуклеарна закана и најави распоредување руско тактичко нуклеарно оружје во Белорусија. Тоа не ги спречи САД и нивните сојузници да ја зголемат воената помош за Украина, вклучително и испорака на тенкови, ракети со долг дострел и борбени авиони „Ф-16“.
Украина ја шокира Русија минатиот месец со пробивањето на нејзината западна граница со инвазијата на регионот Курск. Русија сè уште се обидува да ги одбие украинските елитни бригади, кои, според украинската армија, зазеле повеќе од 1.250 квадратни километри руска територија, повеќе од 100 населени места и заробиле речиси 600 руски војници.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во интервјуто објавено во неделата рече дека Западот претерува и дека Русија ќе направи сè за да ги заштити своите интереси. Но, Рјабков не кажа кога ќе биде завршена ажурираната нуклеарна доктрина. „Крајниот рок за завршување на оваа работа е доста тешко прашање имајќи предвид дека станува збор за најважните аспекти за обезбедување на нашата национална безбедност“, рече тој.
Русија има повеќе нуклеарно оружје од која било друга земја. Путин во март изјави дека Москва е подготвена за можна нуклеарна војна од воено-техничка гледна точка, пренесуваат светските медиуми.
Тој сепак додаде дека „нема брзање за нуклеарен конфликт“ и дека „Русија никогаш не се соочила со потребата да користи нуклеарно оружје во Украина“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нови израелски напади врз јужен Бејрут
Нови напади на Израел беа пријавени во јужен Бејрут.
Либанските државни медиуми објавија дека два удари ги погодиле јужните предградија на Бејрут, а над областа може да се забележи чад.
Веста доаѓа веднаш откако израелската војска издаде нови наредби цивилите во либанската престолнина да напуштат одредени згради.
ИДФ го потврди нападот на Бејрут: Цел беа разузнавачите на Хезболах
Израелските одбранбени сили (ИДФ) го потврдија нападот врз Бејрут.
Велат дека воените авиони лансирале проектили кон „разузнавачкиот штаб“ на Хезболах – цел за кој ИДФ соопшти дека веќе го погодиле со ракетен оган во последните денови.
Свет
Израелскиот претседател: Време е сите Израелци да се вратат дома
Израелскиот претседател Исак Херцог на церемонијата во Тел Авив по повод една година од нападите на 7 октомври рече дека е дојдено време сите Израелци да се вратат безбедно дома по една година мака.
„Нема да бидеме потполни и цели додека не дојдат дома кај нас. Тоа е највисоката наредба, да ги донесеме дома“, додаде тој.
Херцог го пофали „другарството и братството“ во Израел во текот на изминатата година и рече дека децата ќе се вратат да си играат на улиците на Галилеја, северен Израел.
Свет
(Видео) Ураганот Милтон засилено се движи кон американскиот брег: дуваат ветрови до 250 километри на час
Ураганот Милтон брзо зајакна до категоријата пет додека се движи кон брегот на Мексиканскиот залив во Америка, објави американскиот Национален центар за урагани.
Пријавени се силни ветрови до 250 километри на час додека Милтон се движи кон Флорида, каде што се очекува да падне на копно во среда вечер или рано наутро во четврток, објави центарот за урагани.
DeSantis issued an EO this morning to get the Guard in action ahead of Hurricane Milton. He got the Pinellas County dumps opened. Now, all over the county, you see this happening. DeSantis is a boss. pic.twitter.com/9LyGl6B4vq
— Florida Grand (@florida_grand) October 6, 2024
На жителите на Флорида им беше кажано да се подготват за најголемата евакуација во последните години, а гувернерот Рон ДеСантис предупредува дека времето за евакуација брзо истекува.
Предупредувањата за ураганот Милтон доаѓаат само 10 дена откако ураганот Хелен, најсмртоносниот ураган што дошол на копно од Катрина во 2005 година, го погоди југоисточниот дел на САД, убивајќи најмалку 225 луѓе. Стотици луѓе се уште се водат како исчезнати.
Најмалку 14 од тие смртни случаи се случиле во Флорида, каде што 51 од 67 окрузи сега се под итни предупредувања додека Милтон се приближува.
Hurricane Milton will soon be a Cat 4 hurricane and will hit Florida this Wed.
This comes as FEMA admits they’re out of money because they gave it all to illegals and funding foreign wars.
Rumors on the internet that HAARP Created Hurricane Milton Harris!
Thoughts? pic.twitter.com/XG1HEQ7Zdp
— Ape𝕏 (@CubanOnlyTrump) October 7, 2024
Ураганите се поделени во пет категории врз основа на брзината на ветерот. Оние кои достигнуваат категорија трета или повисока се сметаат за големи урагани поради нивната потенцијална опасност по човечкиот живот и штета, според Националната метеоролошка служба на САД.
Ураганот Милтон се очекува да ослабне утре кога ќе го премине Мексиканскиот залив, паѓајќи на ураган од трета категорија до моментот кога ќе дојде до копното во заливот Тампа, Флорида доцна во среда или рано во четврток, објавија американските медиуми.
Потоа се предвидува дека Милтон ќе продолжи да се движи кон североисток, поминувајќи ја Флорида и ќе тргне кон Атлантскиот Океан.
Пред да падне на копно, Националниот центар за урагани предупредува на обилни дождови и поплави за делови од Флорида почнувајќи од денес.
10:55 CDT Monday Update: Milton rapidly intensifies into a category 5 hurricane. Data from a @53rdWRS hurricane hunter aircraft indicate that the maximum sustained winds have increased to 160 mph (250 km/h) with higher gusts. Follow the latest at https://t.co/tW4KeGe9uJ pic.twitter.com/mOxuvGdtu5
— National Hurricane Center (@NHC_Atlantic) October 7, 2024
Се додава дека опасни по живот бранови и силни ветрови се можни долж делови од западниот брег на Флорида од доцна во вторник или рано во среда.
Меѓународниот аеродром во Тампа најави дека ќе ги прекине летовите од утре поради невремето. Новиот ураган доаѓа додека американската влада предупредува дека напорите за опоравување од ураганот Хелен може да траат со години.
Стотици патишта во погодените области сè уште се затворени, што го отежнува испраќањето помош до тешко погодените заедници.