Контакт

Свет

Руската вакцина oд следната недела ќе биде тестирана на 40.000 луѓе

Објавено пред

Mасовното тестирање на првата руска потенцијална вакцина против Ковид-19, која доби одобрение од руските власти, ќе вклучува повеќе од 40.000 луѓе и ќе биде надгледувано од странско научно тело, соопштија денеска официјални лица што работат на проектот.

Со објавување детали за третата фаза од клиничките испитувања, која почнува следната недела, производителите на вакцината сакаат да ја намалат загриженоста на некои научници поради оскудните податоци за вакцината што Русија досега ги објави.

Вакцината е именувана спутник V по првиот светски сателит лансиран од поранешниот Советски Сојуз. Руските власти и научници ja фалaт вакцината како безбедна и ефикасна по двомесечните тестирање на луѓе во мал обем, иако резултатите сè уште не се официјално објавени. Сепак, западните експерти се скептични и предупредуваат да не се користи додека не се изврши успешно меѓународно одобрено тестирање.

„Голем број држави водат информативна војна против руската вакцина“, смета Кирил Дмитриев, шеф на Фондот за директни инвестиции на Русија, тело што го поддржува развојот на вакцината. Тој во интервју посочи дека податоците за вакцината ќе бидат објавени во научно списание во текот на месецот.

Русија примила нарачки за милијарда дози од вакцината од земји во целиот свет, а има капацитет да произведува до 500 милиони дози годишно преку производствени партнерства.

Свет

Порака од Кремљ: Навални може да се врати во Русија

Објавено пред

Рускиот опозициски лидер, кој беше пуштен од болницата во Берлин утрово, може да се врати во Русија кога сака, вели портпаролот на руското претседателство, Дмитриј Песков.

„Ако пациентот закрепнува, добро е, му посакуваме брзо закрепнување. Што се однесува до неговото враќање во Москва, како и сите други руски граѓани, тој е слободен да го стори тоа кога сака”, рече Песков, пренесува ТАСС.

Тој додаде дека не е планиран официјален состанок со  службитe за спроведување на законот, освен ако Навални нема потреба да споделува информации, кои активно ги споделил со колегите од Германија и другите земји.

Прикажи повеќе...

Свет

Кина се обврза на поодлучна акција против климатските промени

Објавено пред

Кинескиот претседател Шји Џјинпинг вети голема кампања против климатските промени и пред Генералното собрание на Обединетите нации рече дека неговата земја сака да стане климатски неутрална пред 2060 година.

„Нашата цел е да ги достигнеме максималните емисии на јаглерод диоксид пред 2030 година и да постигнеме јаглеродна неутралност пред 2060 година“, рече кинескиот лидер.

Ова е прва кинеска цел кон климатска неутралност.

Минатата недела Европската Унија ја повика Кина, најголемиот светски емитент на јаглерод диоксид, да ја насочи климатската неутралност идеално кон 2050 година, или најдоцна до 2060 година.

Досега Кина објави само дека емисијата на штетни гасови ќе достигне врв околу 2030 година, согласно договорот за климата од Париз. Сепак, многумина очекуваа Кина да ги ограничи емисиите порано, а ЕУ го повика Пекинг да го стори тоа до 2025 година.

Климатска неутралност подразбира употребата на енергија и примена на активности кои не влијаат на концентрацијата на јаглерод диоксид во атмосферата, а со тоа не ѝ наштетуваат на климата.

Кси се обврза дека Кина ќе ги зголеми своите национални придонеси за исполнување на Парискиот договор со воведување посилни мерки.

Прикажи повеќе...

Свет

Кремљ ја отфрли статијата на „Ле Монд“ според која Путин кажал дека Навални самиот се отрул

Објавено пред

Франанцускиот весник „Ле Монд“ објави дека рускиот претседател Владимир Путин во телефонскиот разговор со својот француски колега Емануел Макрон му рекол дека рускиот опозиционер Алексеј Навални можеби самиот се отрул, пренесува „Спутник“.

„Темата за берлинскиот пациент беше всушност дискутирана за време на неодамнешните разговори меѓу претседателот Путин и претседателот Макрон. И ние известивме за тоа. Во исто време, весникот целосно неточно ги пренесува нивните изјави“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој исто така нагласи дека ако весникот ги пренел точните изјави, тоа ќе значи дека француските власти им го дале транскриптот од разговорот на медиумите, што, според него, не може да биде точно.

Песков исто така истакна дека отровот новичок сега може да го произведуваат многу земји, па затоа може да биде невозможно да се открие неговото потекло.

Руската опозициска фигура и шеф на Фондацијата за борба против корупцијата, Алексеј Навални, тешко се разболе за време на летот од градот Томск на 20 август.  Авионот итно слета во Омск, каде што Навални првично се лекуваше, а по два дена, откако лекарите дозволија негов превоз, тој беше пренесен во болницата „Шарита“ во Берлин, на барање на неговото семејство.

Германски лекари тврдат дека примероците на Навални содржат траги од нервен агенс од групата новичок. Сепак, Берлин не ѝ обезбеди на Москва никакви докази за тоа и одби да формира заедничка комисија или да ѝ помогне на истрагата што ја почнаа руските полициски органи.

Москва го коментираше случајот, велејќи дека Русија не произведува никакви супстанции од групата новичок откако ОПЦВ го потврди уништувањето на залихите на хемиско оружје во раните 90-ти години на минатиот век.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Извештај на ИЈЗ: Пораст на бројот на новозаразени и починати за една недела

Согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 14 до 20 септември, регистрирани се вкупно...

Македонија47 минути

Родителите кои беа ослободени со мерките и хронично болните се враќаат на работа

Од денеска, со одлука на Владата, дел од групите кои целосно беа ослободени од работа поради состојбата со коронавирусот, се...

Македонија56 минути

(Видео) Заев – Гир: За неколку месеци очекуваме успешна завршница на подготовките на преговарачката рамка

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска го прими новоименуваниот амбасадор на ЕУ во нашата земја, неговата екселенција Дејвид Гир. Тој...

Европа2 часа

Лукашенко ненајавено положи заклетва за претседател

Александар Лукашенко денеска ненадејно и без најава положи заклетва за новиот претседателски мандат, пренесува државната новинска агенција „Белта“. Церемонијата за...

Европа2 часа

Жестоки реакции против новите мерки во Британија, можно е да се вмеша и војската

Новите рестриктивни мерки што ги објави премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, против ширењето на коронавирусот, наидоа на жестоки реакции...

Свет3 часа

Jапонска компанија тврди дека има лек кој го скратува времето на закрепнување од Ковид-19

Jапонската компанија „Фуџифилм“ објави дека нејзиниот лек „Авиган“, веќе одобрен за потешките групи, обезбедил статистички значајно намалување на времето за...

Македонија3 часа

Анализа: Најголемо зголемување на вработените во полицијата, а најголемо намалување во одбраната

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на вработувањата во министерствата и општините во последните...

Македонија4 часа

Заев со писмо до Вартоломеј побара писмена одлука за автокефална Македонска православна црква

Премиерот Зоран Заев испратил писмо до патријархот Вартоломеј, поглавар на Цариградската патријаршија, во кое се навраќа на средбата во Истанбул...

Македонија17 часа

Во 169 основни и 4 средни училишта ќе се следи настава со физичко присуство

Во 169 основни и четири средни училишта ќе се одвива настава со физичко присуство. Ваквата одлука доаѓа откако попладнево Владата...

Македонија18 часа

Јанакиески ќе бара да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“

Миле Јанакиески ќе достави барање до Кривичниот суд за да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“ за...

Македонија18 часа

„Водовод“ не најде бактерии во градската мрежа во Скопје по паниката што се прошири на социјалните мрежи

Водата од градскиот водовод во скопски Бутел нема бактерии и исправна е за пиење, а веста што се прошири на...

Свет19 часа

Одложен самитот на ЕУ – претседателот на Европскиот совет ставен во карантин

Состанокот на ЕУ, кој требаше да се одржи на 24 и 25 септември, е одложен за 1 и 2 октомври,...

Македонија23 часа

Пет лица починаа од коронавирус, потврдени се 88 нови случаи во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на...

Македонија23 часа

(Видео) Филипче: Состојбата со вирусот повторно се влошува, ако е потребно ќе има рестрикции

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека за есенва се размислува за воведување на повеќе мерки како...

Македонија1 ден

Мицкоски ги повика граѓаните утре да излезат на протест против неправдата и мафијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на нов протест што ќе се одржи утре во 18.30 часот. Како што порача...

Економија1 ден

(Видео) Бектеши: Субвенциите за етнички вработувања се дел од изгласаната владина програма

Вработувањата кои ќе поттикнат добри меѓуетнички односи се вметнати во Владината програма која е изгласана од Собранието, изјави министерот за...

Свет1 ден

Русија очекува до 15 октомври да регистрира втора вакцина против коронавирус

Русија очекува до 15 октомври да регистрира уште една, втора по ред, потенцијална вакцина против коронавирус, јави агенцијата ТАСС повикувајќи...

Европа1 ден

Шведска нема да ги вакцинира децата против коронавирусот

Шведската влада нема да препорача вакцина против коронавирусот за деца на возраст под 18 години. Според шведските експерти, децата го...

Спорт1 ден

Италијански судија убиен во својот дом

Италијанскиот фудбалски судија Даниеле Де Сантис (33) и неговата девојка Елеонора Манта (30) биле убиени во домот на судијата во...

Македонија1 ден

Училишниот час ќе трае пократко од 40 минути, постои можност и учебната година да заврши порано

Собранието вчера вечерта ги изгласа измените на Законите за основно и средно образование со кои се обезбедува непречено организирање на...

Досие