Европа
Руската елита сака да го отстрани Путин од власт?

Деловната и политичката елита на Русија разгледува неколку опции за смена на Путин од власт, соопшти Главната управа за разузнавање на Украина.
„Не е исклучено труење, ненадејна болест или друга ‘несреќа’“, пренесуваат денеска светските медиуми.
„Во опкружувањето на руската бизнис и политичка елита, се формира група влијателни лица кои се спротивставуваат на претседателот Путин.
Нивната цел е што побрзо да го симнат Путин од власт и да ги обноват економските врски со Западот, уништени поради војната во Украина.
Одреден дел од руската политичка елита на Русија за наследник на Путин го смета директорот на ФСБ, Александар Бортников.
Бортников неодамна падна во немилост на Путин. Официјалната причина за ваквата нетрпеливост е фаталната проценка за војната во Украина“, соопшти украинското разузнавање.
Понатаму се наведува дека Бортников и некои влијателни претставници на руската елита разгледуваат различни опции како да го тргнат Путин од власт.
Во исто време, според разузнавачките податоци, Русија испраќа милитанти во Украина за да го елиминира највисокото раководство на државата, вклучувајќи ги Зеленски, Ермак и Шмигал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Кличко: Главна цел на Русија останува освојувањето на Киев

Виталиј Кличко, градоначалникот на Киев и поранешен светски шампион во бокс, им се обрати на собраните на Светскиот економски форум (СЕФ), кој се одржува во Давос, Швајцарија.
Тој рече дека Русија сè уште се надева оти ќе го преземе главниот град на Украина.
„Јасно е дека не станува збор за специјална воена операција, како што тврди Русија, туку за војна, една од најголемите по Втората светска војна. Илјадници луѓе загинаа, меѓу кои и многу деца, а на истокот на земјата се води голема битка“, рече Кличко.
Тој рече дека не е тајна оти окупацијата на цела Украина и понатаму е приоритет на Русија, „а нејзината главна цел е главниот град, срцето на земјата“, додавајќи дека „целиот свет виде докази за воени злосторства преку сателитските снимки на Буча“.
„Сите разбираат дека ова не е специјална операција, туку геноцид врз украинскиот народ“, рече Кличко мислејќи на човечкото страдање во Украина, пренесуваат медиумите.
Европа
Украина: Двајца руски војници се изјаснија за виновни за воени злосторства

Двајца руски војници, кои беа заробени од украинските сили, денеска, за време на второто судење за воени злосторства во војната во Украина, ја признаа вината за гранатирањето на град во источниот дел на таа земја.
За време на судењето во Окружниот суд во Котелевск во централна Украина, државните обвинители побараа казна од 12 години затвор за Александар Бобикин и Александар Иванов за, како што наведоа, кршење на законот за војна, пренесува „Ројтерс“.
Бобикин и Иванов признаа дека биле дел од артилериска единица, која од областа Белгород во Русија гаѓала цели во областа Харков.
Европа
Шолц: Русија нема да победи во војната во Украина, ниту ќе ги диктира условите за мир

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека Русија нема да победи во војната во Украина и посочи дека Москва не смее да ги диктира условите за каков било мир.
„Путин сериозно ќе преговара за мир само ако сфати дека не може да ја пробие одбраната на Украина“, рече Шолц во говорот на Светскиот економски форум во Давос, пренесува „Ројтерс“.