Свет
Руската ФСБ бара моментална забрана на „Фејсбук“ и „Инстаграм“

Руската служба за безбедност (ФСБ) денеска побара моментална забрана на американските социјални мрежи „Фејсбук“ и „Инстаграм“, на првиот ден од судењето за екстремизам, додека репресијата врз медиумите се интензивира по инвазијата на Украина.
„Активностите на Мета (матичните куќи на Фејсбук и Инстаграм) се насочени против Русија и нејзините вооружени сили. Бараме нејзина забрана и итна примена на оваа мерка“, рече портпаролот на ФСБ, Игор Коваљевски, на сослушувањето, пренесе агенцијата „Интерфакс“.
Државниот обвинител побара и забрана на „Мета“, „поради очигледни знаци на екстремистичка активност“. Сепак, тој побара од забраната да се исклучи апликацијата за пораки „Вацап“, која исто така е во сопственост на „Мета“.
На 11 март руското државно обвинителство побара „Мета“ да биде означена како екстремистичка организација, со што се отвора патот за забрана за сите нејзини активности во Русија.
Барањето е поднесено по одлуката на матичната куќа на „Фејсбук“ и „Инстаграм“ да ги олеснат правилата во врска со говорот на омраза против руската армија и државниот врв поради воената операција на Москва во Украина. Државното правобранителство оцени дека „Мета“ ги оправдува „терористичките акции“ и поттикнува „омраза и непријателство“ кон Русите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Земјотрес од 7,2 степени во Перу

Земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтер го погоди Перу, соопшти Геофизичкиот институт на САД (USGS).
Потресот е со епицентар во близина на градот Азангарo, во близина на езерото Титикака, на длабочина од околу 200 километри, прецизира Институтот.
M 7.2 #earthquake in Peru this morning. #Peru, Bolivia
Rare Video Footage:
Full 3min Video here:https://t.co/EeRPMY5DUu pic.twitter.com/sJlt7cteqQ— Zockerfreak (@ZockerfreakYT) May 26, 2022
Американскиот систем за предупредување од цунами објави дека нема опасност од огромен бран.
Засега нема извештаи за жртви или материјална штета.
Свет
Крај на „бензискиот туризам“ во Унгарија, само Унгарците ќе купуваат бензин по намалена цена

Од петок само Унгарците ќе можат да купуваат гориво по намалена цена, а автомобилите со странски регистарски таблички по пазарна цена, изјави шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Со оглед на тоа што цената на горивото во Унгарија е најниска во Европа, „бензинскиот туризам“ процвета по должина на границата, па ни се заканува недостиг, изјави Гергели Гуљас.
„Странските купувачи го користат фактот што Унгарија може да ја одржи цената на горивото на 480 форинти (околу 1,23 евра), а во Европа е 700-900 форинти (од 1,79 до 2.30 евра)“, рече тој на прес-конференција.
За да се спречат овие злоупотреби, само автомобилите со унгарски регистрации ќе можат да купуваат гориво по 480 форинти за литар.
Другите ќе ја платат пазарната цена, додаде Гуљас.
Регион
Хрватскиот суд донесе историска пресуда – геј-паровите од сега ќе може да посвојуваат деца

Вишиот управен суд на Хрватска ја отфрли жалбата на надлежното Министерство и им овозможи на истополовите парови да може да пристапат до процената за посвојување деца, а како што се наведува, тие не може да бидат дискриминирани врз основа на нивната сексуална ориентација.
Според организацијата Rainbow Color, судот го отфрлил аргументот на Министерството дека истополовите двојки не треба да пристапуваат кон процената за посвојување деца поради целта „заштита на интересите на детето“.
Оваа одлука судот ја донел во случајот со партнерите Младен Кожиќ и Иво Шегота, на кои сега им е дозволено да присуствуваат на постапката за посвојување дете, е соопштено на прес-конференцијата во Загреб, пренесоа хрватските медиуми.
Кожиќ и Шегота пред шест години се пријавиле во центарот за социјална заштита во желба да станат посвоители, но во два наврата биле одбиени бидејќи се во животно партнерство. По долга правна битка во 2020 година, тие успешно станаа згрижувачки родители на две деца.
Минатата година првостепениот управен суд донесе одлука дека тие може да станат и посвоители, а по жалбата на Министерството, одлуката на Вишиот управен суд, конечно, ги отстрани сите дилеми.
Шегота и Кожиќ на новинарите, меѓу другото, им рекоа дека се изгубени шест години и дека, како што велат, тоа е во духот на политиката.
„Шестте изгубени години на тие деца одат во духот на политиката, која е во име на одбрана на т.н. традиционални вредности, таа беше подготвена да го погази правото на семејство на деца што општеството го заборави“, изјавија Шегота и Кожиќ.
Организацијата Rainbow Colors објави дека оваа пресуда има далекосежни последици за правата на ЛГБТИК-лицата и истополовите парови во Хрватска.