Свет
Руска докторка: По вакцинацијата со нашата вакцина, да не пиете алкохол 56 дена

Русите се збунети овие денови со спротивставени владини совети за пиење алкохол по вакцинацијата против Ковид-19.
Минатата недела вицепремиерот Татјана Голикова, задолжена за организирање масовна вакцинација со „спутник V“, рече дека оние што се вакцинирани треба да го ограничат внесувањето алкохол 21 ден по првата доза и 21 ден по втората.
Но, оваа недела друг владин претставник на чело на руското тело за надзор, епидемиологот Ана Попова, рече дека вакцинираните лица треба да избегнуваат алкохол 56 дена. Таа не изјави дали овој совет е заснован на какво било истражување.
„Подоцна, би рекол дека вакцината не е ефикасна затоа што луѓето пиеле алкохол“, некои луѓе саркастично ги коментираа ваквите упатства на социјалните мрежи.
„Дали воопшто размислуваа за тоа што прават? Воведоа вакцинација во декември. Подоцна ќе кажеа дека вакцината не е ефикасна затоа што луѓето пиеле алкохол“, коментира еден корисник на социјалните мрежи.
Александар Гинцбург, раководител на рускиот Истражувачки центар „Гамалеја“, кој ја разви вакцината „спутник V“, се обиде да ја смири ситуацијата и рече дека граѓаните треба да се воздржат од алкохол само три дена пред и три дена по примањето на вакцината.
Нема многу научни истражувања кои велат дека не е добро да се пие алкохол по вакцинирањето, пишува Би-би-си, иако научната заедница се согласува дека прекумерното пиење може да го ослаби одбранбениот систем.
Програмата за вакцинација на Русија веќе се соочува со проблеми и ова упатство за забрана за пиење алкохол може дополнително да ја обесхрабри руската јавност. Имено, истражувањето на јавното мислење спроведено од Superjob.ru минатата недела покажа дека само 30 % од Русите сакаат да се вакцинираат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Песков: Моментално не е планиран состанок помеѓу Путин и Бајден

Не постојат моментални планови за состанок помеѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Џо Бајден, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.
„ Се уште нема разговори за можен состанок помеѓу Путин и Бајден“ рекол Песков, додавајќи дека меѓународните состаноци „лице во лице“ во голема мера се прекинати поради епидемиолошката ситиуација, пренесе ТАСС.
Првиот разговор на новиот претседател на САД, со некој странски лидер ќе биде со канадскиот премиер Џастин Трудо.
Средбата ќе се одржи утре, изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.
Псаки рече дека двајцата лидери ќе разговараат за билатералните односи, како и за одлуката на Бајден за формално укинување на дозволата неопходна за изградба на нафтоводот „Kистоун XL“ помеѓу двете северноамерикански држави, објави „Ројтерс“.
Свет
Задолжителен корона-тест за сите Кинези кои патуваат за Нова година

Кина планира да воведе строги барања за тестирање на Ковид-19 за време на прославата на кинеската Нова Година, кога се очекува да патуваат десетици милиони луѓе.
Во известувањето објавено на интернет, кинеската Национална здравствена комисија наведува дека луѓето што од своите работни места ќе се вратат дома во руралните области од другите провинции за време на Кинеската нова година, ќе треба да направат негативен тест за Ковид 19 во рок од седум дена, пренесува „Ројтерс“.
Оние кои работат со увезени замрзнати производи или работници во карантин, меѓу другите групи, исто така ќе треба да се тестираат, дури и ако останат во истата провинција, се вели во известувањето.
Во соопштението на официјалните претставници на НХЦ за време на вчерашната прес-конференција се сугерираше дека сите што се враќаат дома ќе треба да покажат тест, а државната агенција „Ксинхуа“ потоа ги повика властите да ги разјаснат деталите „што е можно побрзо“.
Вкупно 144 нови случаи се пријавени на 20 јануари во Кина, објави Националната здравствена комисија, што е еднакво на вкупниот број пријавени на 14 јануари, и е еднаков на најголемиот број на дневни инфекции од 1 март.
Властите бараат од луѓето да останат дома за време на новогодишните празници во февруари, со цел да се спречи ново влошување на епидемиолошката состојба.
Свет
(Видео) Избувна пожар во индискиот Институт за серуми, најголемиот светски производител на вакцини

Пожар избувна во производствен капацитет што му припаѓа на најголемиот светски производител на вакцини, Институтот за серуми во Индија (СИИ), пренесува РТ. Службите за итни случаи биле повикани во фабрика на СИИ во Пуна откако избувнал пожар на петтиот кат. Менаџментот на компанијата изјави дека производството на вакцини против Ковид-19 не е засегнато.
Looks like a major fire at the Serum Institute of India, the manufacturer of the Covishield vaccine. Hope everyone is safe.
pic.twitter.com/4h92dx9WTO— Anand Ranganathan (@ARanganathan72) January 21, 2021
Извршниот директор Суреш Јадхав потврди дека објектот се користи за производство на вакцината BCG, што се користи првенствено против туберкулоза.
СИИ е најголемиот светски производител на вакцини и во моментов масовно ја произведува „ковишилд“, вакцината против Ковид-19 на „АстраЗенека“. Јадхав потврди дека објектот во кој се произведува „ковишилд“ е далеку од пожарот.
Градоначалникот на Пуна, Мурлидар Мохол, рече дека бил примен повик во 14,50 часот по локално време со предупредување за пожарот. Тој рече дека 10 пожарникарски возила и најмалку две дополнителни цистерни се испратени на местото на инцидентот.
Fire breaks out on 2nd floor of Serum Institute of India, Pune. 10 fire tenders have rushed to the spot.
Sources: Fire at under construction unit. Vaccine production won’t be hit & vaccine storage unit is safe. pic.twitter.com/uwRdSoN1Mu
— TIMES NOW (@TimesNow) January 21, 2021
Акцијата за спасување е во тек според шефот на пожарникарската служба „ПМЦ“, Прашант Ранписе.
„Во зградата имаше четири лица. Досега спасивме три лица иако чадот ја отежнува работата. Пожарот се прошири на третиот, четвртиот и петтиот кат “, изјави Ранписе пред новинарите.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот