Контакт

Свет

Руска новинарка уапсена во Иран за соработка со израелското разузнавање

Објавено пред

Руската новинарка Јулија Јузик е уапсена во Иран од страна на Иранската револуциноерна гарда (ИРГЦ), соопшти ќерка ѝ на „Фејсбук“, пренесува „Крајм Раша“. По пристигнувањето во Иран, пасошот на Јузик ѝ бил одземен, но ја уверувале дека ќе ѝ го вратат кога ќе ја напушти земјата.

„Таа знаеше дека тоа може да се случи, но сепак отиде таму. В сабота ќе има судење што ќе ја одреди нејзината иднина“, напиша таа, без да прецизира за што точно е обвинета Јузик.

Според новинарот Борис Војцековски, кој е поранешен сопруг на руската новинарка, по пристигнувањето во Иран, на Јузик ѝ бил одземен пасошот, но таа била уверена дека ќе ѝ биде вратен на враќање. По четири дена, била уапсена во хотелот и била обвинета за соработка со израелските разузнавачки агенции. Таа се соочува со затворска казна до 10 години.

„Пред неколку години Јулија работеше како дописник во Техеран, а сега отпатува таму на нечија покана, но не знам за кого се работи“, додава Војцековски.

Јулија Јузик работи за „Комсомолскаја правда“, а претходно работела за повеќе познати руски медиуми. Таа е автор на книгите „Невестите на Алах“ за жените самоубијци и „Беслански речник“, што се заснова на разговори со преживеаните од масакрот во Беслан. Во 2016 година Јузик се кандидира за пратеник во регионалната Дума во Дагестан и беше поддржана од Михаил Ходорковски.

„Амбасадата на Русија во Техеран е информирана дека руската новинарка Јулија Јузик е приведена во Иран и се обидува да дознае повеќе за инцидентот. Амбасадата е свесна за ова и ја решаваме ситуацијата“, изјави претставникот за печат на руската дипломатска мисија, Андреј Ганенко, за ТАСС.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, објави дека иранскиот амбасадор бил повикан во Министерството за да ја објасни ситуацијата. Во меѓувреме, секретарот на Рускиот новинарски синдикат, Тимур Шафир, изјави дека организацијата се обидува да стапи во контакт со иранската страна за да добие информации за инцидентот и да ги расветли обвиненијата против Јузик.

Европа

 Норберт Хофер: Австрија да го стопира доделувањето државјанство на Турците  

Објавено пред

Лидерот на Слободарска партија на Австрија (ФПО), Норберт Хофер верува дека Турција треба да сноси сериозни последици поради воената интервенција против Курдите.

„Турција ги напаѓа оние луѓе кои храбро се бореа против таканаречената Исламска држава, а светот не реагира. НАТО треба да ја исклучи Турција од воениот сојуз“, истакна Хофер.

Тој рече дека однесувањето, како што е она на Турција, мора да биде санкционирано.

Австрија, рече тој, исто така мора да реагира и да го стопира, како прва мерка, доделувањето државјанство на Турците.

Во изјавата, Хофер рече дека меѓународната заедница мора да ги прекине сите пратки со оружје во Турција.

„Воениот влез на Турција во Сирија не смее да биде дополнително охрабрен од натамошни пратки со оружје. Австрија ја прекина испораката на оружје уште во ноември 2016 година“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Свет

Претседателот на Еквадор и домородците постигнаа договор

Објавено пред

Еквадорскиот претседател Ленин Морено и водачите на домородното население постигнаа договор за прекин на протестите, во кои загинаа седум лица и кои ја парализираа економијата на земјата во последните две недели.

Протестите започнаа по одлуката на претседателот Ленин Морен да ги укине субвенциите за гориво во замена за заем од ММФ, што предизвика нагло зголемување на цената на горивото.

Домородците и претседателот постигнаа договор за стопирање на најавениот пакет за штедење.

 

Прикажи повеќе...

Европа

Уапсени петмина поврзани со службеникот кој уби четворица колеги во париската полиција

Објавено пред

Во Франција уапсени се пет лица поврзани со мажот кој месецов изврши смртоносен напад со нож во седиштето на полицијата во Париз, откри извор близок до истрагата и со тоа ги потврди претходните извештаи на тамошните медиуми.

Апсењата се случиле во париското предградие Вал д’Оиз.

Мајкл Харпон, 45-годишен информатичар, кој минал на тестовите за безбедност и стабилност на личноста, уби тројца полицајци и еден вработен во париска полициска станица на 3. октомври пред да биде застрелан од друг полицаец.

Харпон е роден на францускиот остров Мартиник и работел во полициското седиште неколку години. Тој пред 10 години го прифатил исламот како своја религија.

Минатата недела три извора блиски до полицијата открија дека француската полиција повторно отворила внатрешна истрага против висок полициски службеник под сомнение за фаворизирање на исламот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Владата денешната седница ќе ја одржи во Битола

Владата својата редовна 159-та седница денеска ќе ја одржи во Битола, во зградата на Општина Битола. Со оваа прва седница...

Европа2 часа

Право и правда победи на изборите во Полска

Владејачката полска конзервативна партија Право и правда освои најголем број гласови на парламентарните избори и обезбеди мнозинство во парлментот, покажаа...

Европа2 часа

Орбан ја загуби Будимпешта, Карашони нов градоначалник

Унгарската опозиција победи на локалните избори во главниот град Будимпешта, нанесувајќи му го првиот пораз на премиерот Виктор Орбан од...

Спорт12 часа

Македонија не издржа во Варшава, Полска се пласираше на ЕУРО 2020 (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација вечерва загуби во Варшава од Полска 2-0 (0-0) во рамките на осмото квалификациско коло за пласман на...

Македонија17 часа

Димитров патува за Брисел во пресрет на одлуката за почеток на преговорите со ЕУ

Министерот за надворешни работи Никола Димитров од 14 до 17 октомври ќе престојува во работна посета на Брисел кога се...

Топ18 часа

Во тешката сообраќајна несреќа кај Струмица загина 19-годишна девојка, возачот е во болница

Деветнаесетгодишна девојка од Струмица, со иницијали С.Т. го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 4...

Регион19 часа

„Дали сум оптимист? Не“, одговори Рама за почетокот на преговорите со ЕУ

Премиерот на Албанија, Еди Рама изјави дека не е оптимист за почеток на преговорите со Европската Унија. „Дали сум оптимист?...

Култура19 часа

(Видео) „Визија Скопје“ понуди поглед на плоштадот без фонтаната со воин на коњ

На плоштадот Македонија во Скопје викендов граѓаните имаа уникатна можност преку слики нацртани на тенка проѕирна пластика место на платно,...

Македонија22 часа

Шекеринска: „Бомбава“ само потврди која е огромната разлика меѓу нас и нив

„Малку се залетаа. И самите покажаа колку не сме исти“. Вака министерката за одбрана го коментира прислушуваниот разговор што беше...

Македонија23 часа

„Ел Чека“ објави нова бомба – Шекеринска и Бесими за гласањето на ДИК за локалните избори

На социјалната мрежа „Фејсбук“ се појави прислушуван разговор од локалните избори во 2013 година. Објавувачот на материјалот, Ел Чека, објаснува...

Европа23 часа

Протести на Курдите ширум Европа, во Грција запален постер со ликот на Ердоган

Десетици илјади Курди вчера демонстрираа низ цела Европа против турската воена офанзива во северна Сирија, а протести се одржаа во...

Македонија1 ден

Пожар во куќа кај Дом на градежници

Утрово избувна пожар во куќа, во близина на Домот на градежници во Скопје. На терен се испратени противпожарни возила, кои...

Свет1 ден

Разорен тајфун ја погоди Јапонија, најмалку 18 жртви

Најмалку 18 лица загинаа, а 13 се водат за исчезнати во тајфунот Хагибис што ја погоди Јапонија. Налетите на ветрот...

Македонија2 дена

Заев: Мицкоски мисли дека со продажба на уделот ќе ги сокрие трагите во хидроцентралите

Мицкоски мисли дека ако го продаде уделот во хидроцентралите, дека ќе ги затскрие трагите, истакна претседателот на СДСМ и премиер,...

Македонија2 дена

Се демонтира угостителскиот објект од покривот на ГТЦ

Согласно одлуката на Градоначалникот Петре Шилегов, денеска почна демонтажата на угостителскиот објект на кровот на ГТЦ. Со овие активности, велат...

Македонија2 дена

Заев очекува позитивна одлука за ЕУ, Мицкоски смета дека можно е да нема датум

Лидерите на двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски денеска испратија пораки за очекувањата во врска...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ: По примерот на Мицкоски и Заев да се отуѓи од 12 фирми во кои има удел

По примерот на Христијан Мицкоски и премиерот, Зоран Заев, да се отуѓи од 12 фирми во кои има удел. Ова...

Спорт2 дена

Македонија подготвена за полската „стапица“ (галерија)

Македонската фудбалска репрезентација го оддржа официјалниот тренинг на „ПГА Народови арената“ во Варшава, каде што утре од 20.45 часот не...

Македонија2 дена

Соботка: Блокирањето на преговорите штети на кредибилтетот на ЕУ

Претседателот на австрискиот парламент, Волфганг Соботка истакана денеска, во пресрет на состанокот на Интерпарламентарната унија (ИПУ) во Белград, дека секој...

Македонија2 дена

Европската народна партија повика на започнување разговори за пристапување на Северна Македонија и Албанија

Следната недела, земјите-членки на Европската унија (ЕУ) ќе се соочат со стратешки избор во врска со започнувањето на пристапните преговори...

Досие