Контакт

Свет

Рускиот Врховен суд ја потврди затворската казна за шпионажа за полскиот шпион

Објавено пред

Врховниот суд на Русија ја потврди 14-годишната затворска казна за шпионажа за полскиот државјанин Маријан Раѕајевски, се вели во соопштението на Федералната служба за безбедност (ФСБ).

„На 12 септември рускиот Врховен суд ја разгледуваше жалбата поднесена од одбраната, како и нејзините аргументи и донесе одлука да ја поддржи пресудата на Градскиот суд во Москва во врска со полскиот државјанин Маријан Раѕајевски, прогласен за виновен според член 276 од рускиот Кривичен законик (шпионажа )“, се вели во соопштението.

Раѕајевски беше прогласен за виновен за обид за стекнување одредени тајни компоненти од ракетниот систем „С-300“ и нелегално да ги пренесе во Полска, што претставува вистинска закана за националната безбедност на Русија. Тој беше фатен на дело додека се обидувал да склучи договор.

„Иследниците докажаа дека Маријан Раѕајевски постапил во интерес на водечкиот снабдувач на Полска за националните вооружени сили и разузнавачките агенции“, посочи ФСБ.

На 25 јуни Градскиот суд во Москва го осуди Раѕајевски на 14 години во затвор со максимално обезбедување. Неговата одбрана поднесе жалба до Врховниот суд на Русија барајќи обвинението да се прекласификува од шпионажа во обид за шверц на материјали и опрема што може да се користи при производство на оружје (член 30.1 и член 226.1.1 од рускиот Кривичен законик), така што казната на полскиот државјанин би можела да му биде ублажена.

Регион

Брнабиќ ги повика Србите да не летуваат во Црна Гора

Објавено пред

Откако Србија не се најде на списокот на земји за кои Црна Гора ќе ги отвори своите граници на 1 јуни, српските медиуми остро ја нападнаа црногорската влада, а српската премиерка, Ана Брнабиќ, го повика народот на Србија да не летува во Црна Гора.

Во понеделникот црногорскиот премиер Душко Марковиќ објави дека Црна Гора ќе ги отвори своите граници за земји со помалку од 25 заразени лица на 100.000 жители, вклучувајќи ги и Хрватска, Словенија, Австрија, Германија, Унгарија, Албанија и Грција.

Повеќето црногорски медиуми пренесоа изјава на Брнабиќ, каде таа за „Пинк“ вели дека српските граѓани сега можат да видат оти се непожелни во Црна Гора.

„Овој став на црногорскиот премиер им испрати јасна порака на граѓаните. Би ги замолила граѓаните да останат во нашата Србија што е можно подолго и во поголем број и да не одат некаде каде што се непожелни“, рече Брнабиќ.

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, за „Блиц“ изјави дека потегот на црногорските власти за затворање на границата кон српските граѓани е „смешен и бесмислен чин“ и рече дека на Црна Гора и штети овој потег.

Прикажи повеќе...

Свет

Јапонците велат дека маските не се за деца под две години: „Oпасно е“

Објавено пред

Децата на возраст под две години не треба да носат маски затоа што намалената можност за дишење може да го зголеми ризикот од задушување, според јапонската група на лекари кои испратиле апел до родителите откако животот во Јапонија полека се враќа во нормала по укинувањето на вонредната состојба.

Премиерот, Шинзо Абе ја укина вонредната состојба во Токио и четирите преостанати области во понеделникот, откако бројот на зарази падна низ целата земја, но предупреди дека може да се врати брзо ако вирусот повторно почне да се шири.

За да се спречи ширењето на вирусот, светските здравствени експерти ширум светот препорачуваат луѓето носат маски во ситуации кога е тешко да се одржи физичката дистанца како мерка.

Сепак, Јапонскиот сојуз на педијатри ги предупреди родителите дека маските се премногу ризични за малите деца.

„Маските можат да го отежнат дишењето затоа што најмалите имаат тесни дишни патишта“, рекоа тие, додавајќи дека носењето маски го зголемува ризикот од топлотен удар за нив.

„Да престанеме да користиме маски за деца под две години“, се вели во соопштението на сојузот.

Досега, имало многу малку сериозни случаи на коронавирус кај децата, а повеќето се заразени од членовите на семејството.

Американските центри за контрола на болести и Американската академија за педијатрија исто така велат дека децата на возраст под две години не треба да носат маски.

Прикажи повеќе...

Свет

СЗО го предупреди Бразил да не ја отвора економијата

Објавено пред

Светската здравствена организација го предупреди Бразил да не ја покренува својата економија пред да може да тестира доволно луѓе за да се контролира ширењето на ковид-19.

Според извршниот директор на организацијата за вонредни ситуации, Мајкл Рајан, интензивната стапка на трансфер значи дека Бразил треба да задржи во сила мерки за останување дома, без оглед на негативните последици по економијата.

Минатата недела, Бразил изби на второто место во светот по бројот на заразени, по САД, и има повеќе од 360.000 потврдени случаи на коронавирус и речиси 30.000 смртни случаи. Претседателот Жаир Болсонаро, продолжи да го нарекува Ковид-19 „мал грип” и ги повика компаниите повторно да се отворат.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион6 минути

Брнабиќ ги повика Србите да не летуваат во Црна Гора

Откако Србија не се најде на списокот на земји за кои Црна Гора ќе ги отвори своите граници на 1...

Свет11 час

Италија бара 60.000 доброволци кои ќе надгледуваат дали се држи физичка дистанца

Италија планира на улиците да испрати околу 60.000 доброволци кои би внимавале на одржување на правилата за физичка дистанца и...

Македонија13 часа

Чулев: Ако се потврди автентичноста на „орото во Чаир“ ќе следат казни

Намалување на бројот на заразени од вирусот Ковид-19 е возможно само доколку граѓаните се дисциплинирани и ги почитуваат мерките за...

Свет13 часа

(Видео) Додека претседателот на Бразил јадеше хот-дог на улица минувачите извикуваа „убиец“

Минувачите во Бразил извикуваа „убиец“ и „ѓубре“ кон бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој во саботата опкружен со телохранители излезе на...

Европа14 часа

Виена: За првпат во Европа извршена трансплантација на белите дробови на заразен со коронавирус

На Медицинскиот универзитет во Виена деновиве била извршена итна и екстремно комплицирана трансплантација на белите дробови кај 45-годишна пациентка кој...

Свет14 часа

Боливиски министер во притвор – купил респиратори за трипати повисока цена од реалната

Боливискиот министер за здравство Марсел Навахас е задржан во тримесечен притвор поради обвинувањата дека купил респиратори за трипати повисока цела...

Свет15 часа

Во Вухан 6,5 милиони луѓе тестирани за десет дена

Во изминатите десетина дена, 6,5 милиони луѓе се тестирани за присуство на коронавирусот во Вухан, а целта е да се...

Европа15 часа

Психијатарот поради невозвратена љубов ги труел своите колеги со торта

Млад доктор со српско потекло им донел торта на колегите во психијатриска болница во австриски затвор, во која ставил разни...

Македонија19 часа

Двајцата пациенти на кои им беше трансплантиран бубрег се во добра здравствена состојба

Двајцата пациенти на кои во саботата им беше изведена трансплантација на бубрег од починат донор се во добра и стабилна...

Македонија20 часа

Потврден 21 нов случај на коронавирус, нема починати пациенти

Во изминатите 24 часа потврден е 21 нов случај на коронавирус, а Министерството за здравство соопшти дека не се регистрирани починати...

Свет21 час

Психијатар со српско потекло со торта отрул колеги во Австрија

Психијатар вработен во затвор со српско потекло е уапсен недалеку од Виена под сомнение дека на колегите им дал торта...

Регион21 час

Албанија од 1 јуни ги отвора границите и плажите

Албанскиот премиер, Еди Рама, рече дека на хотелите во таа земја ќе им биде дозволено да ги отворат своите плажи...

Македонија22 часа

Претседателот на Стопанската комора за енергетика: Измамници нечесни, вирусот не е смртоносен

Претседателот на Стопанската комора за енергетика на Македонија, Ѓорѓи Манасков, тврди дека коронавирусот не е смртоносен и дека е обичен...

Македонија22 часа

Филипче: Коронавирусот ниту е мртов ниту е заминат

Фотографиите и прилозите од вчерашното празнување во верските храмови и пред нив се повторно загрижувачки. И покрај апелите на здравствените...

Економија23 часа

Најбогатите луѓе во светот го зголемија богатството за 255 милијарди долари за два месеца

Вкупното богатство на 25-те најбогати луѓе во светот се зголеми за 255 милијарди американски долари за два месеци, пишува „Форбс“....

Регион23 часа

Храповиќ: Црна Гора е прва „корона фри“ држава во Европа

Црногорскиот министер за здравство, Кенан Храповиќ, соопшти дека Црна Гора последна во Европа го регистрира првиот случај на Ковид-19 и...

Свет1 ден

САД ѝ се заканија на Кина поради ситуацијата во Хонгконг

Aмериканскиот советник за национална безбедност Роберт О’Брајан се закани дека Вашингтон ќе воведе санкции за Кина и Хонгконг доколку Пекинг...

Европа2 дена

Австрискиот претседател го прекршил полицискиот час, полицијата го нашла во ресторан по полноќ

Австрискиот претседател, Александер Ван дер Белен, се извини денеска откако полицијата во друштво на неговата сопруга Дорис Шмидауер, по полноќ...

Европа2 дена

На миса во Франкфурт се заразиле 107 лица

Најмалку 107 лица се заразиле со коронавирус на миса на Баптистичката црква во Франкфурт, објави денеска локалниот министер за здравство....

Свет2 дена

„Њујорк Тајмс“ на насловната страница ги објави имињата на починатите од Ковид-19

Весникот Њујорк Тајмс на насловната страница ги објави имињата на починатите од Ковид-19. Вообичаени текстови, фотографии и цртежи се заменети...

Досие