Контакт

Свет

Рускиот Истражен комитет и РТ иницираат проект за злосторствата во Донбас

Објавено пред

Рускиот Истражен комитет и телевизијата РТ ќе поведат заеднички проект за злосторствата на украинските војници против цивилите на југоистокот од Украина.

„Истражниот комитет на Руската Федерација и РТ почнуваат заеднички мултимедијален проект, чија цел е да раскаже за злосторствата против цивилното население што ги извршиле украинските војници во текот на вооружениот судир на југоистокот од Украина“, се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на комитетот.

Истражниот комитет наведува дека за пет години бројот на поведени кривични постапки поради примена на забранети средства и методи на војување се зголемил на 300. Во рамките на истрагата биле испитани повеќе од 143.000 сведоци, а повеќе од 20.000 од нив, од кои 2.000 деца, се покажале како жртви.

Освен тоа, поведени се повеќе од 280 кривични постапки против претставници на украинските сили. На одговорност се повикуваат 76 луѓе вклучувајќи 20 офицери од командата на вооружените сили на Украина.

За да се истражат кривичните дела поврзани со употреба на забранети средства и методи на војување, формиран е специјализиран главен оддел за истраги во Истражниот комитет на Русија. Ниту еден факт од злосторничкото однесување на украинската војска кон цивилното население нема да се игнорира од истражителите на оваа единица. Задачата на комитетот е да собере цврста основа со докази бележејќи го секој кривичен факт.

„На веб-страницата на проектот телевизијата РТ исто така ќе објавува авторски истраги за злосторствата над цивилното население и приказни на непоредните сведоци на овие брутални злосторства“, се додава во соопштението.

Европа

Франција и Германија бараат прекин на турската офанзива во Сирија

Објавено пред

Франција и Германија бараат турската офанзива во северна Сирија веднаш да запре, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон по француско-германскиот состанок на ниво на влади.

„Разговаравме за операцијата и побаравме таа да биде прекината“, рече Макрон, истакнувајќи дека турската офанзива им помага на терористите на Исламската држава да ги вратат своите позиции.

Тој смета дека од витално значење е ставот за ова прашање да биде усогласен со Русија и особено со Иран.

Прикажи повеќе...

Европа

Чешкиот претседател во болница до недела

Објавено пред

Чешкиот претседатeл Милош Земан ќе биде хоспитализиран неколку дена за да ја врати кондицијата, изјави денеска портпаролот на претседателството, Жири Овчачек.

Тој рече дека Земан, кој има 75 години и е страстен пушач, ќе биде примен во Воената болница во Прага и дека ќе биде пуштен в недела.

Земан во последно време има проблеми со одењето, дијабетес и невропатија.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп: Ако нема решение, санкциите кон Турција ќе бидат разорни

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД се обидуваат да најдат решение со Турција по нападот во североисточна Сирија, но додаде дека санкциите против Анкара ќе бидат разорни ако разговорите не успеат.

„Ние сме во одлична позиција. Се надевам дека потпретседателот Мајк Пенс и државниот секретар Мајк Помпео имаат успешни состаноци во Анкара. Ако тоа не биде случај, санкциите, тарифите и другите работи што ги правиме и ќе ги направиме кон Турција, ќе бидат погубни за нејзината економија“, рече Трамп на заедничка прес-конференција со италијанскиот претседател Серџо Матарела во Вашингтон.

Трамп во понеделникот ги зголеми даноците на увоз на челик од Турција за 50 проценти и се закани со построги санкции поради офанзивата на земјата во Сирија, додека претставниците на Конгресот најавија воведување санкции кон Анкара.

Mинистерството за надворешни работи на Турција, пак, денеска соопшти дека подготвува реципрочни санкции против САД.

По состанокот на Владата во Анкара, портпаролот на турското претседателство, Ибрахим Калин, рече дека на американските власти јасно им е кажано дека Турција нема да прогласи прекин на огнот во северна Сирија и дека нема да преговара со курдските борци.

Трамп последниве денови беше критикуван за одлуката да ги повлече американските трупи од североисточна Сирија, што ја отвори вратата за турска офанзива.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Заев и Туск очекуваат да се изнајде решение за почеток на преговорите

Во пријателска атмосфера и во искрен разговор вечерва во Брисел се одвиваше средбата меѓу премиерот, Зоран Заев и претседателот на...

Македонија3 часа

(Видео) Макрон: Ни треба малку повеќе време за позитивни сигнали кон Скопје и Тирана

По завршувањето на француско-германскиот совет на министри одржан во Тулуз, францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел одржаа...

Македонија5 часа

(Видео) Заев до европските лидери: Бидете наши херои, не гасете ја ѕвездата кон која се стремиме

Премиерот Зоран Заев попладнево е во Брисел, каде што заедно со еврокомесарот Јоханес Хан одржа прес-конференција во обид да издејствува...

Европа7 часа

Карл Билд: Ветото на Франција би значело колапс за кредибилитетот на ЕУ на Балканот

Шведскиот политичар Карл Билд на „Твитер“ порача дека ЕУ се соочува со можноста за пропаѓање на целиот нејзин кредибилитет на...

Македонија8 часа

АВМУ: Досега не е побарана промена на сопственоста на „1ТВ“

„1ТВ“ досега нема побарано да се изврши промена на сопственоста, соопшти Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги. Од таму појаснуваат...

Македонија10 часа

Велика Британија го ратификува протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

Велика Британија денеска го ратификува протоколот за полноправно членство на Северна Македонија во НАТО. Британскиот министер за надворешни работи, Доминик...

Македонија10 часа

Заев: Ако нема одлука за датум, Владата може да падне

Понатамошно одлагање за добивање датум за преговори со Европската Унија би можело да доведе до пад на Владата, рекол премирот...

Македонија11 час

Прогласени пет нови природни реткости – меѓу нив и Чинарот во Охрид

Министерот за животна средина и просторно планирање донесе решение за прогласување 5 нови природни реткости: Киселичката пештера, Чинарот во Охрид,...

Свет11 час

(Видео) Кара: Додека не го исчистиме регионот од терористи, акцијата во Сирија нема да престане

Операцијата „Извор на мирот“ на Турција во Сирија ќе продолжи сè до расчистување на регионот од терористи. Досега се убиени...

Регион12 часа

Малолетник украл автобус и ги развезувал патниците низ Белград

Младо момче, според неофицијални информации малолетник, за време на такси-блокадата во Белград, украл автобус на линијата 59, кој го држи...

Македонија12 часа

Јанакиески: Не можам да бидам вработен, една година сум во притвор

На повторниот нов почеток на судењето за предметот „Насилство во Општина Центар“, судијата Душан Јосифов им го утврдуваше идентитетот на...

Свет14 часа

Ким Џонг-ун јавајќи бел коњ се искачи на корејската света планина

Водачот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, вети дека ќе ги совлада меѓународните санкции за кои рече дека донеле многу тешкотии...

Свет14 часа

Ердоган го одби повикот на САД за примирје

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, го одби повикот на САД за итен прекин на огнот во северна Сирија. Ова следува...

Свет14 часа

Семејство во Холандија живеело 9 години во подрум чекајќи го крајот на светот

Во подрумот на куќа во Руинерволд, Холандија, е пронајдено семејство што таму живеело изминативе девет години чекајќи го крајот на...

Регион15 часа

Полицијата во Словенија во воз пронајде 13 килограми хероин вреден над милион евра

Словенечката полиција откри повеќе од 13 килограми хероин во меѓународен патнички воз што патувал од Турција за Австрија, што е...

Европа15 часа

САД ги повикаа каталонските демонстранти на умереност

Соединетите американски држави ги повикаа каталонските демонстранти на умереност во реакцијата на судската пресуда за политичарите што организираа референдум за...

Македонија1 ден

Спасовски најави намалување на казните за сообраќајни прекршоци

Потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на граѓанската трибина во Кичево најави дека наскоро ќе следува...

Свет1 ден

(Видео) Судири на протестот на пожарникарите во Париз, полицијата употреби солзавец и водени топови

Француската полиција употреби солзавец и водени топови во судирите со пожарникарите кои протестираат во Париз. #Policiers contre #pompiers, quand les...

Македонија1 ден

Министрите на ЕУ не донесоа одлука за почеток на преговори со Северна Македонија

Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија не донесоа одлука за определување датум за почеток на преговори...

Европа1 ден

(Видео) Најмалку 170 повредени во судирите во Барселона

Најмалку 170 лица се повредени, меѓу кои и 40 полицајци, во судирите меѓу демонстрантите и полицијата кај Меѓународниот аеродром во...

Досие