Свет
Рускиот митрополит Иларион бара операцијата за промена на полот да стане кривично дело
Висок претставник на Руската православна црква ги критикува операциите за промена на полот и повика на кривично гонење на родителите што ги учат своите деца дека може да го изберат својот пол, пренесува РТ.
„Ваквите операции се, според мое мислење и според мислењето на црквата, злосторство против Бога“, рече во интервјуто митрополитот Иларион Алфеев, раководител на одделот за надворешни односи на Руската православна црква.
Тој објасни дека црквата не го признава новиот пол на лицето по операцијата за промена на полот.
Иларион потврди дека Руската православна црква никогаш нема да го признае како нормален таквиот животен стил во кој децата од колепка се учат дека постои биолошки пол и род што тие може да го изберат“.
Тој нагласи дека родителите што им ги всадуваат овие идеи во главата на своите деца треба да бидат кривично гонети. Според Иларион, детето треба да почека до полнолетство за да одлучи дали сака да остане како што го создал Бог или да го промени својот пол.
Во 2017 година Руската православна црква го критикува законот воведен во Грција, со кој им се дозволуваат операции за промена на полот на тинејџери на возраст од 15 години.
Во Русија операциите за промена на полот се дозволени за граѓаните постари од 18 ако бидат дијагностицирани како транссексуалци.
Според експертите, транссексуализмот е ретка состојба, која може да влијае на 1 од 30.000 до 1 во 100.000 случаи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Дачиќ: Србија не е експериментално тело па на неа постојано да се крши меѓународното право
Министерот за надворешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ денеска изјави дека е срамно што Комитетот за политички прашања на Советот на Европа (СЕ) ја прифати препораката дека Косово ќе биде примено во Советот на Европа, и дека е спротивно на сите принципи на кои почива таа организација и посочи дека Србија не е „експериментално тело“ па на неа постојано да се крши меѓународното право.
„Првпат се препорачува членство на територија која не е меѓународно признаена, која не е членка на ОН. За да се постигне тоа се обидуваат да најдат оправдување и да кажат дека тоа не го прејудицира статусот, а потоа во втората реченица велат дека тогаш ставот на СЕ престанува да биде статусно неутрален“, рече Дачиќ.
Регион
Откриено кој го возел „пунтото“ во моментот на исчезнувањето на Данка
Кој го управувал автомобилот „пунто“ е откриено од видеото во случајот со исчезнувањето на девојчето Данка.
Преземено е видео од надзорната камера лоцирана во дворот на куќата на сосетката Јасмин Стојадиновиќ од Бањско Поле, која била прегледана од полицијата во текот на истрагата за исчезнувањето на Данка Илиќ (2) од Бор.
На видеото се гледа зелен автомобил „пунто“, кој во моментот на исчезнувањето на девојчето се движел по улицата со голема брзина. Возилото наводно било управувано од маж. Сепак, оваа информација не го олесни пребарувањето многу. Познато е дека бил сослушан во полиција.
Утврдено е дека се работи за сосед што живее недалеку од местото на кое исчезна Данка Илиќ. Според информациите, мажот бил во алкохолизирана состојба и возел со голема брзина.
Девојчето исчезна на 26 март во 13.45 часот.
Свет
„Њујорк тајмс“: Американските разузнавачки служби не ги споделиле со своите руски колеги сите информации што ги имале за заканата од терористички напад
Американските разузнавачки служби не ги споделиле со своите руски колеги сите информации што ги имале за заканата од терористички напад во градското собрание Крокус поради страв да не ги откријат нивните извори, пишува „Њујорк тајмс“ повикувајќи се на претставници на европската и американската безбедност, пренесува „РИА новости“.
„Непријателските односи меѓу Москва и Вашингтон ги спречија американските официјални лица да споделат повеќе информации за терористичкиот заговор поради страв дека руските власти би можеле да дознаат за нивните разузнавачки извори или методи“, се вели во написот.
Како што изјави директорот на ФСБ, Александар Бортников, Вашингтон на почетокот на март пренел информации за подготовка на терористички напад во Русија, но тој бил од општа природа. Тој истакна дека таквите податоци од САД не се секогаш конкретни.