Контакт

Свет

Рускиот хакер Бурков се соочува со затворска казна до 80 години

Објавено пред

Рускиот хакер Алексеј Бурков може да се соочи со затворска казна до 80 години поради обвиненијата за измама и заговор за измама, изјави во вторникот во Министерството за правда на САД, пренесува ТАСС.  Бурков беше екстрадиран во САД во понеделникот вечерта од Израел.

„Обвинението што беше отворено денес го товари Бурков за измама со трансакции, измама со пристап до уреди, измама со пристап до уреди, упади во компјутер, кражба на идентитет и перење пари“, се вели во соопштението.

Бурков може да се соочи со затворска казна до 80 години ако биде прогласен за виновен по сите обвиненија.

„Според судските документи, Бурков наводно имал веб-страница наречена ‘Карпенпланет’, која продавала броеви од платежни картички украдени преку упади во компјутери. Многу од картичките понудени за продажба им припаѓале на американски државјани. Украдените податоци за кредитни картички од повеќе од 150.000 платежни картички наводно биле продадени на страницата на Бурков и резултирале со штета од над 20 милиони американски долари во лажни набавки направени со кредитни картички во САД “, се вели во соопштението.

„Дополнително, Бурков наводно водел и друг интернет-форум за компјутерски криминал, кој служел како клуб само за поканети, во кој елитните компјутерски криминалци можеле да се сретнат и да објавуваат на сигурна локација, да планираат разни компјутерски криминали, да купуваат и продаваат украдени стоки и услуги, како што се лични информации за идентификување и злонамерни софтвер и други криминални услуги, како што се перење пари и уреди за хакерство“, се додава во соопштението.

Руската амбасада во САД вложи протестна нота до американскиот Стејт департмент поради екстрадицијата на Бурков од Израел.

Во вторникот рускиот специјален претседателски претставник за Блискиот Исток и Африка, Михаил Богданов, оствари средба со Јаков Ливен, заменикот на израелскиот амбасадор и изрази жалење поради одлуката на израелските власти за екстрадиција на рускиот државјанин во САД. Според Богданов, ваквите активности се спротивни на конструктивното партнерство меѓу Русија и Израел, што напредуваше изминатите години.

Бурков беше приведен за време на пасошка проверка по барање на Вашингтон додека се обидуваше да го напушти Израел во декември 2015 година. Москва претходно испрати барање за екстрадиција на Бурков. Неговиот случај го разгледа судот во Ерусалим зад затворени врати.

Европа

Во Франција над 12.000 новозаразени

Објавено пред

Во изминатите 24 часа во Франција се регистрирани 12.845 случаи на коронавирус, соопштија денеска здравствените власти на таа земја.

Ова е првпат од 27 септември бројот на заразени со коронавирус да надмине 10.000.

Во изминатите 24 часа 63 лица починале како последица на Ковид-19, со што вкупниот број на смртни случаи во Франција достигна 31.956, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Досега во земјата се заразиле вкупно 563.535 лица.

Прикажи повеќе...

Свет

Москва тврди: Во Нагорно-Карабах пристигнале борци од Либија и Сирија

Објавено пред

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека борци од Сирија и Либија пристигнале во Нагорно-Карабах, регион каде четири дена трае конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан, во однос на спорните територии.

„Борци од илегални вооружени групи, особено од Сирија и Либија, се распоредени во зоната на конфликтот во Нагорно-Карабах, за да учествуваат во борбите“, соопшти руското министерство, додавајќи дека е крајно загрижено поради процесите што можат да ги зголемат тензиите во конфликтот и низ целиот регион.

Русија ги повика лидерите на засегнатите земји да преземат ефикасни мерки за да спречат регрутирање терористи и странски платеници во конфликтот и да ги повлечат од областа.

Ерменија ја обвини Турција, која го поддржува Азербејџан, за испраќање платеници во Карабах. Властите во Баку, пак, ги отфрлија тврдењата и возвратија со обвинување кон официјален Ереван.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска им предложил на своите ерменски и азербејџански колеги Москва да биде домаќин на разговорите за сепаратистичкиот регион Нагорно-Карабах во кој од 27. септември се водат жестоки битки.

Двете земји беа дел од Советскиот Сојуз пред тој да се распадне во 1991 година. Тие веќе четири децении се во конфликт околу регионот Нагорно-Карабах, кој е меѓународно признат како дел од Азербејџан, но е под контрола на Ерменците.

Прикажи повеќе...

Свет

Папата одбил да се сретне со Помпео, не сака да ја вмешува црквата во американските избори

Објавено пред

Ватикан објави дека го одбил барањето на Мајк Помпео за аудиенција кај папата Франциско и го обвини државниот секретар на САД дека се обидел да ја вовлече Католичката црква во претседателските избори во САД, осудувајќи ги односите на Ватикан со Кина.

Забелешките на Ватикан уследија откако Помпео во серија објави на „Твитер“ ја обвини црквата за нарушување на нејзиниот морален авторитет преку обновувањето на договорот со Кина за назначување бискупи.

Помпео, кој денеска престојува во Рим и треба да се сретне со официјални претставници на Ватикан в четврток, уште еднаш ја осуди Кина на конференцијата за верски слободи организирана од Амбасадата на САД.

Двајцата главни дипломати во Ватикан, државниот секретар и кардинал Пјетро Паролин и надбискупот Пол Галагер, изјавија дека папата Франциско го отфрлил барањето на Помпео за средба бидејќи не сака да се состанува со политичари пред избори.

„Да, тој побара. Но, папата веќе јасно стави до знаење дека не прима политичари за време на избори. Тоа е причината“, рече Паролин.

Ватикан и Пекинг потпишаа двегодишен договор за назначување кинески бискупи. Тој договор истекува следниот месец, но треба да биде обновен.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Објавен распоредот на телевизиските часови за учениците кои немаат компјутери

Учениците кои немаат компјутер или таблет за да следат онлајн-настава преку платформата на Министерството за образование часовите ќе можат да...

Македонија12 часа

Регистрирани 194 новозаразени, починаа 2 лица

Во последните 24 часа се направени 1.697 тестирања, а регистрирани се 194 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Регион14 часа

Грчките свештеници загрижени за барањето до Вартоломеј за автокефалност на македонската црква

Грчките црковни кругови ги коментираа барањата на македонските власти до вселенскиот патријарх Вартоломеј за автокефалноста на македонската црква. Задната врата...

Македонија15 часа

Сојузот на средношколците најави бојкот во ноември ако не се дозволи комбинирана настава

Сојузот на средношколците најави бојкот на наставата од ноември доколу во октомври остане стабилна епидемиолошката состојба, а институциите не дозволат...

Македонија15 часа

Милошоски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против одлуките за вонредна состојба

Заврши координацијата на пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“ по што пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, информира дека...

Регион16 часа

Албанија го одложи почетокот на училишната година

Албанија го одложи почетокот на училишната година за ноември откога бројот на заразени од коронавирусот во еден ден се зголеми на...

Топ17 часа

Приведена дилерка на кокаин во Тетово

Полицијата приведе 45-годишна жена од Теотово осомничена за продажба на кокаин. Според информациите од МВР, таа ја криела и ја...

Свет17 часа

Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании: го зголемуваме производството на вакцини со невидена брзина

Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании за да соработуваат во производството на вакцина против...

Македонија17 часа

Потрошени 6,7 милиони евра за итни набавки за заштита од Ковид-19, најмногу потрошило МВР

За итни набавки за заштита од коронавирусот, во првите шест месеци од кризата биле потрошени 6,7 милиони евра, покажува извештајот...

Македонија18 часа

Филипче на средба со медицинските сестри кои дадоа отказ од Инфективна – се обидел да ги убеди да останат

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово се сретнал со трите медицински сестри од Инфективната клиника кои дадоа отказ. Според објавата...

Свет19 часа

(Видео) Хаотична прва дебата меѓу Трамп и Бајден

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот противкандидат, поранешниот потпретседател и сенатор Џо Бајден, синоќа ја имаа првата од трите дебати...

Свет19 часа

Премиерот на Ерменија: За конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение

Премиерот на Ерменија, Никол Пашињан изјави дека за конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение. Пашињан за телевизијата Русија 1 рекол...

Свет1 ден

Кремљ: Путин планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус

Рускиот претседател, Владимир Путин, планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус, рече неговиот портпарол. „Путин планира да се...

Македонија1 ден

Алаѓозовски и Поповски именувани за национални координатори во Владата

Владата на денешната седница ги именува поранешниот министер за култура Роберт Алаѓозовски и поранешниот министер без ресор задолжен за комуникации,...

Македонија1 ден

Игротеките почнуваат со работа

Владата на денешната седница го усвои протоколот за работа на игротеките. „Владата го усвои протоколот за работа на игротеките во...

Македонија1 ден

Владата одобри целоднeвна настава во училиштата

По препорака на Комисијата за заразни болести, Владата на денешната седница одобри целодневна настава во училиштата. „Одобрена е организацијата на...

Македонија2 дена

(Видео) Потпишан етичкиот кодекс, функционерите се обврзаа на транспарентно и одговорно работење

На седница на Владата денеска беше потпишан кодексот за етичко однесување на носителите на јавни функции. По тој повод, заменик-претседателот...

Свет2 дена

(Видео) Војската на Нагорно-Карабах соборила два азербејџански хеликоптера

Војската на Нагорно-Карабах собори два азербејџански хеликоптера користејќи ракети „земја-воздух“ – „игла“, објави прес-секретарот за ерменското Министерство за одбрана, Шушан...

Македонија2 дена

Осум починати и 112 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на...

Македонија2 дена

(Видео) Фетаи ќе бара затворски казни за сите обвинети во „Насилство во Центар“

Обвинителката Фатиме Фетаи ќе бара затворска казна за Миле Јанакиески и другите обвинети со жалба во апелација откако Кривичниот суд...

Досие