Контакт

Свет

Руските и турските трупи спроведоа заедничка патрола во сириската провинција Ал Хасака

Објавено пред

Руските и турските трупи спроведоа заедничка патролна мисија во сириската провинција Ал Хасака во согласност со меморандумот усвоен од претседателите на Русија и Турција, изјави офицер од рускиот Центар за помирување на спротивставените страни во Сирија, Александар Казаков, пренесува ТАСС.

„Уште една руско-турска патрола беше спроведена во согласност со меморандумот од 2019 година. Беше извршена контрола во пет населени места, трасата на патролата беше долга 55 километри“, рече Казаков.

Патролата вклучувала два руски хеликоптера „мил ми-8“. Целта на мисијата била да се осигураат дека нема курдски единици на милицијата по должината на турската граница затоа што, според меморандумот, тие треба да се држат надвор од тампон-зоната од 30 километри. Кога мисијата завршила, руските и турските воени офицери одржале консултации за трасата на следната заедничка патрола.

На 22 октомври 2019 година, рускиот претседател, Владимир Путин, и неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган усвоија меморандум за заеднички активности насочени кон решавање на ситуацијата во североисточна Сирија. Според документот, руската воена полиција и сириските трупи се распоредени во области соседни на турската безбедна зона.

Руските и турските трупи почнаа заеднички патроли источно од реката Еуфрат на 1 ноември. Покрај тоа, Москва и Анкара на 5 март 2020 година се согласија дека ќе биде прогласен прекин на огнот во Идлиб и ќе бидат преземени голем број други мерки за подобрување на ситуацијата во покраината.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Европска комесарка: Вакцината против Ковид-19 може да биде достапна до крајот на годинава

Објавено пред

Европската комесарка за здравство, Стела Киријакидес, рече дека вакцината против Ковид-19 може да биде достапна до крајот на оваа година.

„Иако е ризично да се предвиди во овој момент, имаме некои добри индикации дека вакцината може да биде достапна до крајот на оваа година или почетокот на следната“, рече Киријакидес во интервјуто за онлајн изданието на Ханделсблат.

Вакцината нема да ги реши сите проблеми одеднаш, додаде таа, но ќе овозможи постепено враќање на нормалноста, под услов да се вакцинира критична маса на граѓани, особено оние кои припаѓаат во ризични групи.

Прикажи повеќе...

Свет

Шест француски туристи убиени во Нигер

Објавено пред

Шест француски туристи, нивниот возач и водич биле убиени денес во Нигер, изјави гувернерот на провинцијата Тилабери, Тиџани Ибрахим Катиела, јави АФП.

Тој прецизираше дека осум лица се убиени кога напаѓач, кој бил на мотоцикл, пукал во автомобилот во кој биле жртвите.

Официјален претставник од канцеларијата на францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека тие засега не можат да ги потврдат тие информации.

Исто така, и „Ројтерс“ објави дека не добиле потврда за тие информации ниту од француското Министерство за надворешни работи, ниту од Владата на Нигер.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Црна Гора 30 нови случаи на коронавирус

Објавено пред

Во изминатите 24 часа во Црна Гора се регистрирани 30 нови случаи на коронавирус, а две лица починале, соопшти Институтот за јавно здравје на Црна Гора.

Повеќето нови случаи, 15, се од Подгорица, по што следат Бијело Поље со шест случаи, Бар и Улцињ со по три, Цетиње со два и Будва со еден случај.

Од почетокот на епидемијата, во Црна Гора се потврдени 3.618 случаи, а 64 пациенти починале. Во моментов активни се 1.102 случаи.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет42 минути

Европска комесарка: Вакцината против Ковид-19 може да биде достапна до крајот на годинава

Европската комесарка за здравство, Стела Киријакидес, рече дека вакцината против Ковид-19 може да биде достапна до крајот на оваа година....

Македонија1 час

Директорката на санитарниот и здравствен инспекторат во самоизолација, имала контакт со заболено лице

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Сотирова – Бухова, ќе помине 14 дена во самоизолација затоа што имала...

Македонија2 часа

Македонија на второ место по стапката на смртност од Ковид-19 во регионот

Во регионот, најголема стапка на смртност од коронавирус е регистрирана во Словенија, а потоа следат Северна Македонија и Албанија, објави...

Регион5 часа

Синот на убиената новинарка на Малта: Мајка ми го истражуваше и Ѓукановиќ

Синот на Дафне Каруанa Галиција рекол дека неговата мајка ја истражувала и врската на Мило Ѓукановиќ во случајот „Можура“. Синот...

Македонија5 часа

Четворица починати и 85 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа четири лица починаа од коронавирус, а потврдени се 85 нови случаи. Оздравеле 45 заболени, соопшти Министерството...

Свет6 часа

(Видео) На Трамп не му се допадна прашање од новинар и ја напушти прес-конференцијата

Американскиот претеседател, Доналд Трамп, ја напуштил вчерашната прес-конеференција откако новинарка го прашала за неговата изјава за здравствената заштита за ветераните,...

Регион8 часа

Силно невреме во Грција – тројца загинати, меѓу кои и бебе

Најмалку тројца луѓе, меѓу кои и бебе се најдени мртви во невремето кое го зафати грчкиот остров Евија во централна...

Македонија10 часа

(Видео) Се запалија неколку автомобили на паркинг во Ново Лисиче

Утрово во скопската населба Ново Лисиче, на паркинг гореа автомобили. Жителите од околните згради се собраа да го гаснат пожарот,...

Свет10 часа

Фаучи: Вакцината против коронавирус нема во целост да биде ефикасна

Главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи оцени дека вакцината против коронавирус нема да биде целосно ефикасна. Како што пренесува „Скајњуз“, тој...

Македонија12 часа

Големи штети во Велес и околината по вчерашното невреме

Невремето синоќа предизвика големи штети во Велес и околината. Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски на Фејсбук објави фотографии, на...

Свет12 часа

Нов Зеланд одбележува 100 дена од победата над коронавирусот

Денеска Нов Зеланд одбележува 100 дена откако е сузбиено ширењето на коронавирусот, со што оваа земја стана светол пример во...

Свет13 часа

(Видео) Пожар изби во болница за пациенти со ковид-19 во Индија, најмалку седум загинати

Најмалку седум луѓе загинаа во пожар, кој зафати привремена болница за пациенти заразени со коронавирус во Вијајавади, во југоисточна Индија....

Свет13 часа

Макрон и ОН организираа конференција за собирање помош за Бејрут

Меѓународните лидери денеска ќе разговараат за собирање помош за Бејрут по експлозијата која го разори либанскиот главен град. Виртуелната конференција,...

Свет13 часа

Пронајдена црната кутија од преполовениот авион во Индија

Истражителите ја пронајдоа црната кутија од авионот кој во петокот се излизга од пистата и се преполови на аеродромот во...

Свет1 ден

(Видео) Демонстранти упаднаа во зградата на Министерството за надворешни работи во Бејрут

Демонстранти упаднаа во зградата на Министерството за надворешни работи во Бејрут, извикувајќи пароли против владата, пренесуваат светските медиуми. Претходно денеска...

Свет1 ден

Британските медицински работници на протест, бараат повисоки плати

Mедицинските работници во Велика Британија се собраа да протестираат во неколку градови, барајќи од владата повисоки плати за нивната макотрпна...

Македонија1 ден

Нови 200 заболени и четворица починати од ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1828 тестирања, а регистрирани се 200 нови случаи на...

Свет1 ден

(Видео) Португалски канадер се урна во близина на шпанската граница, има и жртви

Португалски канадер за гаснење пожар се урна денеска близу шпанската граница и според информациите од медиумите, најмалку едно лице го...

Свет1 ден

Документ на британската влада: Карантинот предизвикал смрт на илјадници луѓе

Карантинот убил илјадници луѓе кои не можеле да дојдат до медицинска помош или кои избегнувале да одат во здравствени установи...

Македонија1 ден

МЗ: Во Геријатриската болница се преземени сите мерки по појавата на позитивни случаи

Министерството за здравство реагира на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека новите случаи на коронавирус во Геријатриската болница во Скопје го демантираат...

Досие