Свет
Руските сили уништија 90 отсто од Мариупол

Руските војници веќе уништија 90 отсто од Мариупол и убиле илјадници жители на градот, објави Министерството за одбрана на Украина на “Фејсбук“.
„Руските окупатори убија илјадници луѓе! Повеќе од 90 отсто од градот беше уништен во нападите на трупите на Путин. Русите ги држат како заложници жителите на Мариупол со блокирање на хуманитарните коридори. Во градот нема струја, гас и парно“, информираат од Министерството за одбрана.
Ракетен напад на руските окупатори целосно уништил станбени згради во Калинивка во Киев, пренесува „Укринформ“.
„Ова е само едно од сведоштвата за многуте руски фашистички воени злосторства врз цивили за кои тие ќе одговараат во Хаг. Ќе им се одмаздиме за сите убиени и осакатени: непријателот ќе биде казнет или на наша територија или во Меѓународниот кривичен суд“, соопшти Министерството за одбрана.
Руските трупи ја гранатираат и уништуваат инфраструктурата пукајќи врз станбени области на украинските градови и села користејќи артилерија, повеќе ракетни системи и балистички ракети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Убиецот од Тексас го најавил масакрот на Фејсбук: Ја убив баба ми, сега одам кон училиште

Гувернерот на Тексас, Грег Абот, изјави дека напаѓачот објавил три текста на Фејсбук пред нападот.
Во првиот текст, објавен 30 минути пред да отиде во училиштето, рекол дека ќе пука во својата баба. Во другиот напишал: „Ја убив баба ми“. А во третиот текст, објавен околу 15 минути пред нападот, тој го најавил својот крвав поход кон училиштето.
Неговата баба преживеала. Таа е во критична состојба, но е стабилна, беше речено на прес-конференцијата.
Во пукањето во основното училиште во Тексас беа убиени 19 деца и двајца возрасни. Пукањето се случило во 11:17 часот по локално време во основното училиште Роб во Увалде, мал град во југозападниот дел на Тексас.
Полицијата соопшти дека мртов е и 18-годишниот напаѓач Салвадор Рамос. Повеќе од 10 деца се повредени, а една жена и едно девојче се во критична состојба. Станува збор за училиште во кое посетуваат ученици до четврто одделение. Ги има околу петстотини и повеќето од нив се со шпанско потекло и лоша економска состојба.
Свет
Шведската државна телевизија сними интервју со лидер на терористичка организација

Шведската државна телевизија СВТ сними интервју со еден од водачите на терористичката организација ЈПГ/ПКК, Салих Муслим.
Интервјуто е снимено во американската воена база каде тој се крие на северот на Сирија.
Во вестите на шведската државна телевизија Муслим изјави и дека таа северноевропска земја никогаш нема да ја прифати ЈПГ како терористичка организација и дека нема позитивно да одговори на барањата за членство во НАТО.
Од емитуваното интервју се гледа дека Салих Муслим не сакал да одговори на новинарско прашање дали ЈПГ е поврзана со ПКК.
Фотографиите и плакатите на Абдула Оџалан, водачот на терористичката организација ПКК, која виси на многу места, го привлекоа вниманието и на снимките направени од шведската државна телевизија во северниот сириски регион.
Свет
Вартоломеј: Руската православна црква нѐ разочара, патријархот Кирил треба да му се спротивстави на Путин

Вселенскиот патријарх Вартоломеј денеска изјави дека Руската православна црква ги предала отците на православната црква поддржувајќи го нападот врз Украина.
Рускиот патријарх Кирил ја поддржа акцијата во Москва и неговата позиција се прошири низ Православната црква.
Светскиот совет на црквите побара од патријархот Кирил да „интервенира и посредува“ за запирање на војната, објави „Ројтерс“.
Во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ, Ватроломеј рече дека очекува Кирил да се спротивстави на одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ја нападне Украина и да поднесе оставка, доколку е потребно.
„ Не е невозможно сите цркви да не го осудуваат насилството, војната. Руската црква нè разочара. Не сакав Руската црква и братот патријарх Кирил да бидат овој трагичен исклучок. Не знам како може да се оправда пред својата совест“, рече Вартоломеј.
Тој додаде дека очекува Кирил да застане во клучниот, историски момент и ако треба да ја жртвува својата позиција, па да му каже на Путин „Господине претседателе, не се согласувам со вас, поднесувам оставка“.