Контакт

Свет

Руски град на границата со Кина го ограничува пристапот поради корона вирусот

Објавено пред

Рускиот град Благовешченск, кој се наоѓа на границата со Кина во регионот Амур, ќе го ограничи пристапот до земјата поради појавата на смртоносниот корона вирус, пренесува агенцијата „Тасс“.

Градот ќе ги прекине културната размена и официјалните посети на земјата по наредба на градоначалничката Валентина Калита.

На прометните места ќе се спроведе засилена контрола за носење маски, а особено внимание ќе се посвети на продавниците за малопродажба и местата за забава.

„Неопходно е да се интензивира јавната свест за ризикот од новите вирусни респираторни заболувања“, вели Калита.

Претходно, гувернерот на регионот Амур, Василиј Орлов, ги повика жителите да ги откажат патувањата во Кина. Гувернерот на регионот Пенза, Иван Белоцерцев, подоцна ја спомна истата иницијатива. На жителите на големите градови им било кажано да избегнуваат контакт со кинески туристи.

Благовешченск се граничи со кинеската област Аихуи. Тие се одделени со реката Амур. Помеѓу руските и кинеските градови постои безвизен режим за патување.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Ердоган му постави ултиматум на Асад

Објавено пред

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган постави ултиматум до Башар ал Асад, да ги повлече своите воени сили зад линијата на турските набљудувачки места и порача дека за тоа има уште малку време, пренесува „Раша тудеј“. Рокот, како што рекол, истекува на крајот од месецов.

„Не сакаме да отстапиме во Идлиб. Ние не сме гости во ова царство, ние сме домаќини“ рекол Ердоган на состанокот на својата партија АК.

Тој ветил дека ќе ги донесе до крајот нападите на режимот, нагласувајќи дека Анкара му дала на Дамаск уште малку време да ги повлече силите од турските набљудувачки места, но како што рекол, тоа време истекува на крајот од месецов.

Ердоган истакнал дека ќе се обиде да обезбеди поддршка од американскиот претседател Доналд Трамп пред да стане опасно во Идлиб, но дека се уште нема поддршка.

Прикажи повеќе...

Свет

СЗО: Меѓународната соработка клучна во борбата против коронавирусот

Објавено пред

Светската здравствена организација и Светската туристичка организација во заедничка изјава ги повикаа сите светски региони на одговорност и кооринација поради понатамошното ширење на коронавирусот порачувајќи дека во туристичкиот сектор, како и во другите, соработката е клучна.

Од Светската туристичка организација велат дека на 30 јануари оваа година СЗО го прогласи коронавирусот за загрижувачки за јавното здравје и издаде привремени препораки, но без ограничувања за патување или трговија вр база на тогаш достапните информации.

„СЗО соработува со глобалните експерти, влади и партнери на брзо проширување научни сознанија за новиот вирус, следење на ширењето и вируленцијата на вирусот, како и давање совети на земјите и глобалната заедница за мерки за заштита на здравјето и спречување на ширењето на вирусот“, се наведува во заедничката изјава на двете организации.

Меѓународната соработка се смета за клучна, особено во туристичкиот сектор, бидејќи, како што велат, туризмот е посветен на поставување на луѓето и на нивното добро на прво место.

Прикажи повеќе...

Европа

Комесарка во ЕУ: Земјите да не паничат, ќе издадеме инструкции за патниците

Објавено пред

Комесарката за здравство на Европската Унија, Стела Киријакидес, изјави дека е добро што соседните земји на Италија ги задржаа границите отворени по значителното зголемување на заразени луѓе со новиот коронавирус, истакнувајќи дека така ќе се избегне непропорционален одговор.

Таа за време на прес-конференција со министерот за здравство на Италија и директорот на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге, оцени дека може да дојде до проблем доколку различни земји имаат поинакви пристапи и дека Европската комисија е подготвена да ги координира активностите.

Истакна дека земјите не треба да паничат и оти ЕУ ќе издаде предупредувања за патувања.

„Сè на сè, веднаш по оваа средба Комисијата ќе издаде низа инструкции за патниците кои одат или се враќаат од зони зафатени со инфекција со новиот коронавирус“, рече Киријакидес.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Спасовски: Нема потреба од паника, сè е под контрола

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, на прес-конференција изјави дека нема потреба од паника во јавноста поради појавата на првиот случај...

Македонија2 часа

(Видео) Прв случај на коронавирус во земјата

Потврден првиот случај на коронавирус во земјата. Се работи за жена, родена 1970 година, од Скопје. Како што изјави министерот...

Економија6 часа

Бебе имало дивиденда над 1 милион денари во 2018 година, а скопјанка пријавила приход од 17 милиони евра

Скопјанка со годишен бруто-приход од 17, 1 милион евра е најбогатата Македонка. Таа во 2018 година пријавила во УЈП годишен...

Свет6 часа

(Видео) Бебе кое има само 17 дена излечено од коронавирус

17-дневно бебе од Вухан, на кое му беше дијагностицирана инфекција со коронавирус КОВИД-19 веднаш по неговото раѓање, заздравило без лекување...

Македонија6 часа

(Видео) Обвинетите за организација на крвавиот четврток во судот рекоа дека ќе докажат оти не се виновни

Заврши главната расправа за организација на насилствата на 27 април. За случајот обвинети се поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, поранешните...

Регион7 часа

Во Грција потврден прв случај на коронавирус

Прв случај на новиот коронавирус е потврден денеска во Солун, во соседна Грција, соопшти грчкото Министерство за здравство. Станува збор...

Регион8 часа

Близнаци заразени со коронавирус во Хрватска

Двајцата заразени од коронавирус во Хрватска се близнаци. Како што пишуваат хрватските медиуми, затворена е фирмата каде што работел едниот...

Европа8 часа

Во Италија заразени пет деца, во Австрија почина италијанска туристка

Петмина малолетници се заразени со коронавирус во Италија. Четворица од нив се во Ломбардија, а еден случај е забележан во...

Забава9 часа

НАСА објави видео за Месечината снимена од астрoнаутите на Аполо 13

Дали некогаш сте посакале да ја видите Месечината снимена одблизу од астронаутите од Аполо 13 на нивната мисија во вселената?...

Економија10 часа

Најбогатите во светот за само еден ден изгубија 120 милијарди евра

Најбогатите 500 луѓе во светот во понеделникот изгубија 139 милијарди долари, или над 120 милијарди евра на берзите, што ги...

Македонија10 часа

Од денеска до 11 март граѓаните ќе можат да извршат увид во Избирачкиот список

Од денеска до 11 март на полноќ граѓаните ќе можат да извршат увид во Избирачкиот список преку апликацијата на веб-страницата...

Македонија11 час

Патничката од Милано нема коронавирус, покажаа анализите

Резултатите на пациентката која синоќа беше тестирана на коронавирус на Инфективната клиника во Скопје се негативни, соопшти Министерството за здравство,...

Спорт21 час

За три месеци ќе се знае дали ќе има Олимпијада во Токио

Членот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ), Дик Паунд предупредува дека наскоро ќе мора да се донесе одлука за откажување на...

Македонија23 часа

Продолжен притворот за Емил Јакимовски, пресуда на 6 март

Нови 30 дена притвор му биле определени на Емил Јакимовски, поранешниот вработен во Централниот регистар и член на ВМРО-ДПМНЕ, обвинет...

Македонија23 часа

Мицкоски побара да се поведе истрага за Заев: „Слушнавме како ја егзекутира правдата“

„Ова е протестен марш со кој почнува крајот на неславното владеење на СДСМ“. Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го...

Македонија1 ден

Филипче: Дојдените од Италија да побараат преглед дома ако почувствуваат симптоми на коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека оние што допатувале од Италија и имаат симптоми на болеста...

Македонија1 ден

Патникот од Дубаи нема коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека патникот од Дубаи, кој јавил симптоми, нема коронавирус. „Вториот случај што го тестиравме...

Македонија1 ден

Владата со препораки за коронавирусот – да се откажат сите патувања и екскурзии на учениците во Италија

Владата донесе повеќе заклучоци и препораки за превенција и заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните од коронавирусот. Како...

Регион1 ден

Во Хрватска потврден првиот случај на коронавирус

Потврден еден случај на заразен со коронавирус во Хрватска. „Се работи за помлад човек, кој се наоѓа на Клиниката за...

Македонија1 ден

Маж варел кафе на плин и го предизвикал пожарот во Ново Лисиче

Од запалениот стан во Ново Лисиче пожарникарите извлекле петмина, меѓу кои една неподвижна жена и маж, кој од стресот не...

Досие