Контакт

Свет

Руски експерти: Турската војска нема да го порази Хафтар во Либија

Објавено пред

Испраќањето турски сили во Либија ќе го натераат НАТО да се вмеша, а против нив ќе бидат арапските држави поради внатрешниот конфликт, па внатрешниот конфликт ќе стане регионален, изјави за „Спутник“ поранешниот началник на Главната управа за меѓународна соработка при руското Министерство за одбрана, генерал-полковник Леонид Ивашов.

„Европјците, некои се членки на НАТО, во војната во Либија ја поддржуваат владата на национално единство против маршалот Калифа Хафтар. Тие го зготвија тоа под раководство на Американците и на некој начин ќе учествуваат, на пример, во испораката на вооружување на специјалците“, рече Ивашов.

Според него, на страната на Хафтар ќе се најдат солидни арапски држави почнувајќи од Египет.

„И тогаш конфликтот ќе прерасне во регионален“, смета експертот.

Тој се сомнева дека турските сили ќе имаат пресудно влијание во решавањето на конфликтот.

Ивашов вели дека тие немаат најсовремена техника и на северот од Сирија веќе покажале дека немаат некоја желба за војување на туѓа територија за некои, како што рече, нејасни интереси.

Турција ја поддржува владата на Фајез Сараџ во Либија и веќе ѝ испрти воени резерви и покрај ембаргото за оружје на ОН. Кон крајот на ноември Ердоган и Сараџ, кој контролира само дел од земјата, потпишаа меморандуми за соработка во воената област и за меѓусебно разбирање во поморските зони.

Свет

Бразилскиот претседател доби казна од 108 долари за неносење маска

Објавено пред

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро беше осуден во саботата на парична казна од 108 долари за учество на мотоциклистичка манифестација во државата Сао Паоло без носење заштитна маска.

Илјадници мотоциклисти учествуваа на настанот наречен „Гас за Христос“. Екстремно десничарскиот претседател водеше поворка со мотоцикл без маска, со што ги прекрши државните прописи на Сао Паоло.

Властите му изрекоа казна на претседателот, неговиот син Едуардо, член на Конгресот, а министерот за инфраструктура Тарсисио Гомеш исто така беше казнет затоа што не носел маска и не одржувал физичка дистанца.

Болсонаро долго се противеше на мерките за заштита од пандемијата Ковид-19, во која починаа скоро 485.000 луѓе во Бразил. Тој редовно ги критикува мерките за карантин, како и носењето маска и заговара спорни лекови.

Обраќајќи им се на своите приврзаници, Болсонаро рече дека вакцинираните лица не треба да носат маски затоа што е невозможно вакцинираното лице да го пренесе вирусот.

Нема научен консензус за тоа дали вакцинираните лица се заразни.

Болсонаро исто така рече дека секогаш може да смета на полицајците „без оглед што се случило“ и ја нарече државната воена полиција „негова армија“.

„Вие сте асистенти на вооружените сили. Сигурен сум дека во согласност со законот и редот, ќе бидеме заедно, без оглед што се случи“, рече тој.

На претседателските избори во 2022 година, противник на Болсонар најверојатно ќе биде поранешниот левичарски претседател Луиз Инасио Лула да Силва, иако ниту еден од нив сè уште не ја номинирал својата кандидатура.

Прикажи повеќе...

Свет

Експлозија во Кина, најмалку 11 лица загинаа, а десетици се тешко повредени

Објавено пред

Најмалку 11 лица загинаа, а 37 се тешко повредени во експлозија на гасовод во станбена област во централна Кина, соопштија локалните власти.

Несреќата се случила во градот Шијан во провинцијата Хубеи, изјавија властите и додаваат дека 144 лица се хоспитализирани.

Спасувачките екипи се’ уште се на лице место, додека причината за експлозијата засега не е позната.

Слична експлозија се случи во 2013 година на пристаништето Чингдао. Во тоа време, 55 лица загинаа во експлозијата на подземниот гасовод.

Ваквите несреќи често се случуваат поради непочитување на прописите за безбедност, лошо одржување на објектите и корупција во извршните тела.

Одговорните честопати се строго казнувани, но високата побарувачка и желбата за профит честопати ја надминуваат загриженоста дека не се следат регулативите.

Прикажи повеќе...

Свет

Макрон: Америка се врати со Бајден

Објавено пред

САД се вратија како кооперативен лидер на слободниот свет, рече францускиот претседател Емануел Макрон, илустрирајќи го олеснувањето што го почувствувале многу сојузници на САД, по периодот на поранешниот претседател Доналд Трамп.

На состанокот со Макрон, Бајден, на прашањето дали Америка се вратила, се сврте кон францускиот претседател и рече дека тој треба да одговори на тоа прашање.

„Да, дефинитивно“, рече Макрон. „Одлично е да се има американски претседател кој е дел од клубот и е подготвен да соработува. Она што го покажувате е дека лидерството е партнерство“.

Зборовите на Макрон се слични на оние на британскиот премиер, Борис Џонсон, кој изјави дека Бајден е големо освежување.

Бајден рече дека Соединетите држави силно ја чувствуваат кохезијата на НАТО и изрази поддршка за Европската Унија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

„Кога пилите ќе стивнат“ – денеска протест против сечата на дрвја

За денеска со почеток во 12 часот, на улицата Орце Николов , најавен е протест против сечата на дрвја. Зад...

Македонија25 минути

Заев: СДСМ е фаворит на локалните избори

СДСМ е фаворит на локалните избори, затоа што граѓаните, јавноста, сите знаат дека напредок и развој е возможен само со...

Македонија1 час

Милошоски: Османи в среда да го претстави Акцискиот план за кој се преговара во Софија

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Комисијата за надворешна политика, Антонијо Милошоски, соопшти дека за среда во 15 часот ќе закаже...

Спорт2 часа

Македонија дебитира на ЕП, прв противник е Австрија

Македонската фудбалска репрезентација, денеска, на Националната арена во Букурешт, Романија, ќе дебитира на големите натпреварувања. Прв противник, во Ц-групата, на...

Македонија2 часа

Општина Центар за протестот: Ќе се засадат нови дрвја на Орце Николов, отстранетите беа стари, болни и оштетени

По повод денешниот протест против сечата на дрвјата на улицата Орце Николов, општина Центар тврди дека останува посветена на остварување...

Македонија13 часа

Мицкоски: Ги почитуваме стратешките интереси на партнерите, но ги почитуваме и македонските национални интереси

ВМРО-ДПМНЕ ги почитува стратешките интереси на стратешките партнери, но тоа не значи дека немаме право да ги почитуваме и да се...

Македонија14 часа

Заев: Извозот на канабис за медицински цели oд Северна Македонија во ЕУ станува реалност

Извозот на сув цвет од канабис за медицински цели од Северна Македонија за пазарите во Европската Унија станува реалност, пишува...

Спорт15 часа

Ериксен во стабилна состојба префрлен во болница

Данскиот репрезентативец, Кристијан Ериксен, во стабилна состојба е префрлен во болницата во Копенхаген. Натпреварот, помеѓу Данска и Финска е прекинат...

Македонија20 часа

Османи: Зголемена е активноста на ЕУ за почеток на преговорите, но исходот е непредвидлив

Се забележува една невообичаена зголемена активност од сите земји членки за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ, истакна министерот...

Македонија21 час

Регистрирани 21 нов случај на коронавирус, почина едно лице

Денеска се регистрирани 21 нов случај на Ковид-19, оздравени се 7 пациенти, а пријавенo е едно починатo лицe. Во последните...

Македонија22 часа

Заев отвори канцеларија за директни средби со граѓаните во Струмица

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска во Струмица ја отвори Канцеларијата за непосреден контакт со граѓаните. Од Владата велат дека...

Македонија1 ден

Средношколскиот сојуз: Училишта бараат пари од учениците за издавање на свидетелства

Сојузот на средношколците реагира дека некои училишта бараат од учениците пари за издавање на свидетелства. „Изминативе неколку денови Сојузот на...

Македонија1 ден

Македонија повеќе не е на германската листа на ризични земји

Според новите податоци, објавени од државниот германски институт „Роберт Кох“, Македонија повеќе не се смета за ризична држава од Ковид-19....

Спорт1 ден

Арнаутовиќ: Не го отпишувајте Пандев поради неговите години

Македонија и Австрија, утре ќе го одиграат првиот натпревар во Ц-групата на Европското првенство. Дуелот на двете селекции, во Букурешт,...

Спорт2 дена

Пандев со обраќање до нацијата: Генерацијата која ја обедини цела Македонија

Капитенот Горан Пандев преку Инстаграм прати порака до нацијата пред историскиот настап на Европското првенство во фудбал, во кое зборува...

Регион2 дена

Србија ја одобри вакцината на „Фајзер“ за деца од 12 до 15 години

Агенцијата за лекови и медицински помагала на Србија ја одобри вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ за деца на возраст од...

Македонија2 дена

Заев – Брнз: Извршната наредба на Бајден ги штитат САД, Северна Македонија и сојузниците

Премиерот, Зоран Заев, денеска имаше средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Брнз, при што во фокусот на разговорите...

Македонија2 дена

Андоновска: Системот за вакцинирање со сериозен недостаток, ако се пријавите повеќе пати, се регистрира последното пријавување

Ако веќе еднаш сте пријавени на vakcinacija.mk не се пријавувајте повторно, затоа што се евидентира само датата на вашата последна...

Македонија2 дена

Регистрирани 20 нови случаи на Ковид-19, починале две лица

Во последните 24 часа се направени 2.885 тестирања, а регистрирани се 20 нови случаи на КОВИД-19 од: Куманово – 5,...

Македонија2 дена

Еко-активистите бараат увид во извештајот за состојбата на исечените дрвја, Богдановиќ тврди дека биле стари и суви

Еко-активистите изразија револтираност од, како што велат, масакрот на дрвјава на улицата „Орце Николов“ во Дебар Маало, направен вчера. Од...

Досие