Свет
Руски сепаратист: Мариупол би можел да падне за една недела

Лидерот на прорускиот сепаратистички регион Доњецк изјави дека на руската армија ќе ѝ треба „една недела или повеќе“ за да го освои Мариупол, пренесува агенцијата ИФАКС.
Падот на Мариупол ќе овозможи спојување на руските сили од југот и истокот на Украина и формирање на коридор меѓу регионите Доњецк, Луганск и Крим, кои веќе се под руска контрола.
Украина денеска ги отфрли руските повици да го предаде пристанишниот град Мариупол, каде жителите се опколени и оставени со малку храна, вода и струја во хуманитарна криза што го зголемува притисокот врз европските лидери да ги заострат санкциите кон Москва.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Генералниот директор на СЗО: Пандемијата на коронавирус сигурно не е завршена

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејесус денеска изјави дека пандемијата на коронавирусот сигурно не е завршена и покрај фактот што бројот на пријавени случаи е намален откако сојот омикрон го достигна својот врв.
Тој им рече на официјалните лица собрани во Женева на отворањето на годишниот состанок на СЗО дека одбивањето на тестирања и секвенционирања значи дека сме слепи за еволуцијата на вирусот, пренесува АП.
Генералниот директор оцени и дека е постигнат напредок во борбата против коронавирусот и посочи дека 60 отсто од светската популација е вакцинирана, но дека не е готово никаде додека не заврши секаде.
Европа
Во експлозија тешко повреден руски градоначалник

Руската новинска агенција РИА Новости јавува дека Андриј Шевчик, кој Русија го назначи за градоначалник на Енергодар, е тешко повреден во експлозија и се наоѓа на интензивна нега.
Повеќе детали не се достапни, но претходно украинските локални власти соопштија дека Шевчик и неговите телохранители биле повредени во насочен и прецизен напад.
Енергодар е град и општина во северо-западниот дел на Запорожјевската област во Украина, моментно под контрола на руските вооружени сили.
*Фотографијата е илустрација, а не од конкретниот настан
Европа
Канада: Најмалку пет лица загинаа во силно невреме, речиси 900.000 домови останаа без струја

Најмалку пет лица загинаа, а речиси 900.000 домови во јужна Канада останаа без електрична енергија кога силно невреме во саботата ги погоди провинциите Онтарио и Квебек.
Четири лица загинале во Онтарио кога врз нив паднале дрвја, додека една жена загинала во Квебек кога брод се превртел во реката Отава, јавува Би-би-си.
За време на невремето кое траело повеќе од два часа биле соборени многу дрвја, оштетени куќи, а имало и нарушувања во oдвивањето на сообраќајот.