Свет
САД во Сирија убиле ветеран на Ал Каеда
Пентагон објави дека во бомбардирање во Сирија на 4-ти февруари е убиен Абу Хани ал-Масри, ветеран на Ал Каеда, кој во 1980-те години ѝ се приклучил на оваа џихадистичка терористичка мрежа.
Ликвидацијата на Абу Хани ал-Масри била изведена во сириската покраина Идлиб. „Тој беше поврзан со Осама бин Ладен и со Ајман ал-Завахри“, поранешниот основач и идеолог и неговиот заменик на чело на Ал Каеда, изјави во средата во писмена изјава портпаролот на Пентагон, Џеф Дејвис.
„Во 80-те и 90-те години од минатиот век го надгледувал основањето и операцијата на големиот број бази на Ал Каеда во Авганистан, каде регрутирал, индоктринирал, обучувал и опремувал илјадници терористи кои подоцна се рашириле низ ова подрачје и во светот“, додава Дејвис.
Ал-Масри покрај својата улога во Авганистан, според тврдењето на Пентагон, е еден од основачите на египетската групација Исламски џихад. Таа група е „првата сунитска групација која започна да изведува бомбашки напади“, истакнува Дејвис во соопштението.
Американското министерство за одбрана притоа ја презема одговорноста и за бомбардирањето од ден претходно, исто така, во покраината Идлиб во кое се „убиени десет екстремисти во зграда која џихадистичката мрежа ја користела за состаноци“.
Овие бомбардирања „ја ослабуваат способноста на Ал Каеда да планира напади врз САД и врз нивните интереси во светот“ истакна портпаролот на Пентагон.
Американските воздушни удари во Сирија досега беа насочени врз позициите на ултрарадиалната сунитска организација Исламска држава. Меѓутоа, последниот период зачестија ударите и врз позициите на Ал Каеда.
Покраината Идлиб, сега главно е под контрола на сирискиот огранок на Ал Каеда, Џебхат Фатах ал-Шам, кој им се приклучи на сириските бунтовнички групи,откако беше истисната од покраината Алепо..
Џебхат ан-Нусра, сириското крило на Ал Каеда, се преименуваше од Џебхат ал-Фатах ал-Шам и наводно се дистанцираше од Ал Каеда, пред октомврискиот договор за примирје под покровителство на САД и Русија. Тогаш Москва го обвини Вашингтон за сугерирање за преименувањето на оваа џихадистичка група за да биде изземена од договорот кои бунтовнички групи ќе бидат напаѓани од страна на коалициските сили предводен од САД и од руската авијација, бидејќи сириската Ал Каеда беше најсилната вооружена бунтовничка формација во северната покраина Алепо и им даваше најсилен отпор на владините сили./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Македонски државјани изнудиле 40.000 евра од пензионерка во Хрватска со измама дека ќерка и’ е во болница: eдна приведена, по двајца се трага
Загрепската полиција уапсила 25-годишна државјанка на Македонија, дел од група од тројца измамници кои, претставувајќи се како лекари, измамиле 87-годишна жена и ѝ зеле 40.000 евра, пренесе Јутарњи лист.
Според полицијата, измамниците ја контактирале жената и ѝ кажале дека нејзината ќерка е во болница и ѝ е потребна итна операција. Еден од нив се претставил како лекар, а потоа жена глумела дека е нејзината ќерка, за да ја убедат да ги предаде парите.
Следниот ден, осомничената пристигнала со такси на адресата во Загреб и презела 40.000 евра.
Полицијата ја привела осомничената и поднела кривична пријава, додека по другите две лица, исто така државјани на Македонија, сè уште се трага.
Од полицијата апелираат граѓаните да бидат внимателни на вакви телефонски измами, особено кога непознати лица се претставуваат како лекари и бараат пари за итни интервенции.
Свет
(Видео) Ова беше чесен пораз, продолжуваме да му служиме на народот, рече Орбан ден по изборите
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, повторно се огласи по изборниот пораз, обраќајќи им се на гласачите на неговата партија Фидес-КДНП.
„Драги сограѓани, денес е јасно дека на вчерашните избори повеќе од 2,25 милиони гласачи дадоа поддршка за листата и кандидатите на Фидес-КДНП. Националната опција, нашата политичка заедница, денес е со оваа големина во Унгарија“, порача Орбан во видео објавено на Фејсбук.
Тој им се заблагодари на поддржувачите, истакнувајќи дека со ист број гласови во 2014 година оствариле голема победа, додека сега тоа било доволно само за „чесен пораз“.
„Големо благодарам на сите наши поддржувачи. Вчера тоа беше доволно само за чесен пораз, но гласачите на националната опција секогаш можат да сметаат на нас“, изјави Орбан.
Според него, Фидес останува најповрзаната политичка заедница во земјата и ќе продолжи да му служи на унгарскиот народ.
Тој најави дека во наредните недели ќе следи реорганизација на партијата, обиколка на изборните единици и состанок на националниот одбор на 28 април. „Работата започна. Напред, Унгарија! Напред, Унгарци!“, порача Орбан.
На парламентарните избори одржани на 12 април 2026 година, партијата Тиса, предводена од Петер Маѓар, оствари двотретинска победа.
Орбан уште во неделата ја призна загубата, оценувајќи го резултатот како „болен и јасен“, и им честиташе на победниците.
Излезноста беше речиси 80 проценти, највисока досега, а по изборите унгарската валута форинта зајакна и достигна најсилно ниво во последните години.
Маѓар најави дека новата влада ќе предложи измени на Уставот, со кои мандатот на премиерот би се ограничил на два мандати, што би значело дека Орбан повеќе не би можел да се кандидира за функцијата.
Фото: Depositphotos
Регион
Вучиќ му честита на Маѓар , очекува продолжување на соработката меѓу Србија и Унгарија
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, му упати честитка на новоизбраниот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, по повод неговата изборна победа.
„Честитки до Петер Маѓар за изборната победа. Уверен сум дека силната соработка меѓу Унгарија и Србија ќе продолжи да се развива. Исто така, сум му благодарен на Виктор Орбан што помогна да се овозможат такви односи.“, напиша Вучиќ на Икс.
Congratulations to Peter Magyar on his electoral victory. I am confident that the strong cooperation between Hungary and Serbia will continue to grow. I am also grateful to Viktor Orbán for helping make such relations possible.
— Александар Вучић (@predsednikrs) April 13, 2026
Тој во пораката изрази уверување дека билатералните односи меѓу двете земји ќе продолжат да се зајакнуваат, истакнувајќи ја и улогата на Виктор Орбан во досегашната соработка.
