Контакт

Свет

САД: Жалбениот суд одби да ја суспендира одлуката на судијата Робарт

Објавено пред


Окружниот апелационен суд во Сиетл одби, на барање на американското министерство за правосудство, да донесе итна мерка со којашто ќе биде суспендирана одлуката на федералниот судија Џејмс Робарт, а којашто се однесува на целата територија на САД за привремено поништување на привремениот извршен указ на претседателот Доналд Трамп за заштита од тероризам забрана за влегување на американска територија на државјани од седум земји каде мнозинското население е муслиманско.

Според агенцијата Reuters, апелациониот суд го установил рокот за министерството за правосудство за одговор на тужителот кој истекува за приговорот на тужениот. Тој требало да биде даден до понеделник.

Министерството за правосудство во саботата достави во жалбениот суд најава на жалба на одлуката на судијата Џејмс Робарт и побара неговата одлика моментално да биде отповикана до одлука на повисок суд за жалбата на министерството на правосудство и да ја врати на сила извршната уредба на претседателот.

На 27-ми јануари претседателот Доналд Трмап го потпиша извршниот указ 13769 „За заштита на земјата од влез на странски терористи“, со кој во рок од 90 дена се суспендира издавање визи за државјаните на седум муслимански држави: Иран, Ирак, Јемен, Либија, Сирија, Сомалија и Судан. Указот, исто така, и им наложува на Стејт департментот и на Министерството за национална безбедност да го суспендираат распоредувањето на бегалците по сојузните држави на 120 дена, како и на неодреден рок се суспендира прифаќањето бегалци од Сирија.

Исто така, значително е намалена квотата за прифаќање на барателите на азил во САД во фискалната 2017 година, која таму започнува во октомври 2016 година, на не повеќе од 50.000, од претходно планираните 110.000.

Министерството за правосудство на САД напиша во неделата дека одлуката на споменатиот судија, донесена во петокот, нанесува моментална штета на американската јавност и го оневозможува спроведувањето на извршна уредба, а исто така ги доведува во прашање национално-безбедносните процени на претседателот за ризокот кој претставува влегување во земјата на одредени групи и најдобриот начин за намалување на тој ризик.

Министерството за правосудство не објави кога ќе ја поднесе самата жална на деветтиот окружен апелационен суд на одлуката на судијата Робарт. Во поднесокот на министерството за правосудство Трамп е наведен како еден од подносителите во својство на претседател, заедно со секретарот за внатрешна безбедност Џон Кели и државниот секретар Рекс Тилерсон./крај/мф/сн

Европа

Зградата на руското МНР евакуирана поради закана за поставена бомба

Објавено пред

Од

Вработените во руското Министерство за надворешни работи биле евакуирани по анонимна телефонска закана дека во објектот е поставен експлозивен уред, објавија руските медиуми.

Повикувајќи се на неименуван извор од службата за итни случаи во рускиот главен град, медиумите пренесуваат дека засега не познато колку луѓе се евакуирани од зградата, иако се претпоставува дека станува збор за околу 40 лица.

Службите за итна помош и полициските единици излегле на терен. Неименуван извор од руското Министерство за надворешни работи ги потврдил наводите за евакуација.

 

Прикажи повеќе...

Свет

Дијас на чело на Куба: Ќе продолжиме по патот на револуцијата, надворешната политика останува иста

Објавено пред

Од

Новоизбраниот претседател на Куба, Мигел Дијас Канел, во својот прв говор порача дека ќе ја продолжи социјалистичката револуција која во минатото ја предводеа браќата Кастро.

Дијас Канел (57), во говорот пред Националното собрание, кој се емитуваше и на националната телевизија, рече дека неговите први мисли по преземањето на должноста се силно поврзани со историската генерација, која ја водела земјата од Кубанската револуција во 1959 година, пренесува АП.

Кубанското раководство, додаде тој, не може да ја заборави ниту за секунда нивната посветеност кон кубанскиот народ. Дијас Канел, кој е исто така и претседател на Националниот совет, рече дека надворешната политика на Куба нема да се промени.

„Кубанската надворешна политика ќе остане непроменета. Куба нема да го загрози својот суверенитет и независност, ниту ќе разговара за своите принципи, а отстапки нема да има и покрај надворешните притисоци и закани“, кажа тој во обраќањето.

Новиот кубански претседател рече дека ќе го смени она што мора да се промени, а истовремено ќе го брани и ќе го заштитува текот на кубанската револуција.

Тој, исто така, додаде дека Куба е подготвена за дијалог со рамноправни улоги.

Прикажи повеќе...

Европа

Британија планира да ги забрани пластичните сламки и лажички

Објавено пред

Од

Британската премиерка, Тереза ​​Меј, објави дека Велика Британија планира да ја забрани продажбата на пластични сламки, пластични лажици и пластични стапчиња за уши и воедно ги повика и другите лидери на Комонвелтот да се приклучат во борбата против пластиката и загадувањето на околината.

Вакиот британски план е дел од поширока стратегија насочена кон намалување на загадувањето на животната средина. Во согласност со предлогот на министрите, за идејата ќе се дискутира со претставници од бизис-светот на кои ќе им се даде доволно време да се прилагодат на новите правила.

Резултатите од една неодамнешна анкета покажале дека во Велика Британија секоја година се фрлаат околу 8,5 милијарди пластични сламки.

Меј рече дека владата ќе понуди финансиски средства за истражување и помош во износ од околу 61,4 милиони фунти со цел на земјите од целиот Комонвелт да им се помогне да го спречат фрлањето на штетен пластичен отпад во океаните.

„Британската јавност се покажа како многу кооперативна во врска со мерките за штетноста од пластичниот отпад, па тоа ни дава мотив денес да размислуваме за уште поамбициозни планови за намалување отпадот од пластика, како што е отстранувањето од употреба на пластичните сламки, лажици и чепкалки за уши“, рече Меј.

Секретарот за заштита на животната средина, Мајкл Гов, рече дека голем број британски трговци на мало, пабови и компании веќе работат заедно за да се заштити животната средина за идните генерации. Годишно во океаните завршуваат повеќе од 150 милиони тони пластичен отпад, што резултира со угинување на околу еден милион птици и 100.000 морски животни.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 часа

ЕЛЕМ: Децата на Грчев и Џафери се ангажирани оти имаа исклучителни биографии

По вработувањето на Димитар Грчев, син на архитектот Мирослав Грчев, и Бесијана Џафери, ќерка на собранискиот спикер Талат Џафери, од ЕЛЕМ за „Макфакс“...

Македонија19 часа

Мицкоски појадуваше со Могерини – „Постои сомнеж дека власта е вмешана во криминал“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари работен појадок со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини,...

Македонија20 часа

Судењето за „Насилство во Центар“ одложено за 1 јуни

Судењето за предметот „Насилство во Центар“ е прекинато и одложено за 1 јуни поради неможноста на претседателот на кривичниот суд,...

Регион20 часа

Харадинај побара од Хан визна либерализација за Косово

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, побара од Европскиот комесар за проширување и добрососедство, Јоханес Хан, да ја вклучи Приштина во европскиот...

Македонија20 часа

Могерини: Да се продлабочат реформите за да има позитивни вести во јуни

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Федерика Могерини, во обраќањето пред пратениците во Собранието забележа дека треба да...

Македонија20 часа

Кривична пријава за основките што претепаа соученичка во Неготино

Полицијата поднесе кривична пријава за насилство против трите ученички во основното училиште „Гоце Делчев“ во Неготино, кои истепаа своја соученичка....

Свет21 час

Трамп: Никој не е поостар од мене кон Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека никоја не е остар кон Русија како што е тој и порача дека на...

Македонија1 ден

(Фото) Премиерите од Западен Балкан вечераа во Скопје

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, и високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ и...

Македонија2 дена

(Видео) Могерини: Може да славите половина ден, а потоа да се вратите на работа

Се вративте назад на патеката. Може да славите половина ден, а потоа да се вратите на работа. Ова го порача високата...

Македонија2 дена

(Видео) Заев: Препораката со години беше условена поради кризата и назадувањето со реформите

Македонските граѓани заслужуваат да бидат дел од Европската Унија, порача претседателот на Владата, Зоран Заев, на заедничката прес-конференција со високата...

Македонија2 дена

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Позитивниот извештај од Европската комисија не е новина

„Корупцијата останува распространета во многу области и продолжува да претставува сериозен проблем. Политичкото мешање останува ризик“. „Се крие опсегот на...

Македонија2 дена

(Видео) Ахмети: Јас не сум препродавач на Бит-пазар за да давам или земам министерства

Јас не сум препродавач на Бит-пазар за да давам или земам министерства, вели Али Ахмети, одговарајќи на прашање дали ќе...

Македонија2 дена

На Јанкулоска ќе ѝ се суди одвоено за „Тенк“ поради потврдата за ризична бременост

На поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, ќе ѝ се суди одвоено за случајот „Тенк“, кој се однесува на...

Свет2 дена

Директорот на ЦИА се сретнал со Ким Џонг-ун

Директорот на ЦИА, Мајк Помпео, отпатувал за Пјонгјанг на таен состанок со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, пренесуваат американските медиуми. Според...

Македонија2 дена

(Видео) Заев: Датум за почеток на преговорите во јуни е нашата следна цел

Безусловната препорака од Европската комисија е мотив за следната цел, а тоа е одлука за почеток на преговорите со Европската...

Македонија2 дена

Уапсен Фејзи Азири обвинет во случајот „Монструм”

Фејзи Азири, кој е еден од обвинетите во случајот „Монструм“, вчера бил пронајден и уапсен со правосилна судска пресуда за...

Македонија2 дена

(Видео) Хан: Македонија се врати на европскиот пат, но има уште многу да се работи

Македонија се врати на европскиот пат, но има уште многу да се работи, изјави еврокомесарот Јоханес Хан на заедничката прес-конференција...

Македонија2 дена

Во кривичниот суд продолжуваат судењата за „Тенк“ и „Тарифа“

Во кривичниот суд денеска се очекува да продолжат судењата за предметите „Тенк“ и „Тарифа“ на специјалното јавно обвинителство. Во денешното...

Македонија2 дена

Откриени 38 мигранти во комбе кај тунелите кај Демир Капија

Триесет и осум мигранти биле откриени вчера на регионалниот пат Гевгелија-Скопје во товарно моторно возило „форд транзит“ во близина на базата...

Македонија2 дена

Хан и Могерини денеска во Скопје

Денеска во официјална посета на Република Македонија пристигнува делегација на Европската Унија предводена од комесарот за европска соседска политика и...

Досие