Контакт

Европа

САД: Изјавите на Ердоган за Израел се антисемитски

Објавено пред

САД остро ги осудија неодамнешните коментари на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за еврејскиот народ и ги карактеризираа како антисемитистички.

„Го повикуваме претседателот Ердоган и другите турски лидери да се воздржат од потпалувачки коментари што можат да предизвикаат понатамошно насилство. Антисемитската реторика никогаш не може да биде соодветна“, рече портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Турскиот претседател неодамна го критикуваше Израел за воздушните напади на Појасот Газа и го нарече „терористичка држава“ и повика на воведување меѓународни санкции за Израел со цел да се запре, како што кажа, масакрот врз Палестинците.

Вчера тој остро ја осуди австриската влада, бидејќи минатата недела го закачи израелското знаме на владината зграда во Виена, со цел да го поддржи Израел во ескалацијата на конфликтот со Палестинците.

Европа

Германија досега издала пет милиони потврди за вакцинација

Објавено пред

Германскиот министер за здравство соопшти дека Германија издала пет милиони сертификати за вакцинација, кои се дизајнирани да бидат дел од системот на дигитални пропусници во цела Европска Унија.

Германија почна да издава сертификати кон крајот на минатата недела, потсетува агенцијата АП.

Аптеките во целата земја почнаа да им издаваат сертификати на лицата што се целосно вакцинирани и досега имаа само аналогни докази, а сертификатите може да се издадат и на самото место во големите центри за вакцинација.

Германските власти велат дека патниците на европските граници веќе ги користеле сертификатите без никаков проблем.

Досега 22,3 милиона луѓе во Германија се целосно вакцинирани, што е 26,8 проценти од вкупното население.

Прикажи повеќе...

Европа

„Астра зенека“: Терапијата со антитела не успеа да спречи развој на коронавирус

Објавено пред

Англиско-шведскиот производител на лекови „Астра зенека“ објави дека нивната терапија со моноклонални антитела, AZD7442, не помага во превенција на болеста Ковид-19 кај лица што биле изложени на коронавирус.

Компанијата соопшти дека во студијата учествувале невакцинирани лица постари од 18 години, кои биле во контакт со заразените во последните осум дена.

Во споредба со плацебо, AZD7442 го намали ризикот од развој на симптоми на коронавирус за 33 проценти, што не е статистички значајно, соопшти компанијата.

Од „Астра зенека“ ја испитуваат ефикасноста на лекот кај веќе заразени пациенти и спречување на развој на потешки форми на болеста.

„Иако лекот не ја исполни примарната цел да спречи појава на симптоми, ние сме охрабрени од заштитата што им ја дава терапијата AZD7442 на учесниците со негативен ПЦР-тест“, рече Мене Пангалос, извршен потпретседател за истражување и развој во „Астра зенека“.

Владата на САД го поддржа развојот на AZD7442.

Компанијата постигна договор со Соединетите Американски Држави во март за испорака на половина милион дози од лекот, а во вторникот беше објавено дека во тек се преговори со американската влада за понатамошни чекори.

Ривалските компании „Регенерон фармацеутикалс“ и „Ели Лили и ко“ развија слични производи кои се состојат од моноклонални антитела и се одобрени за употреба во САД.

Терапијата со моноклонални антитела е класифицирана како група лекови што имитираат природни антитела што ги произведува телото за борба против инфекцијата.

Европската агенција за лекови (ЕМА) ја одобри терапијата со „регенерон“ и сега проучува слични лекови од производителите „Ели Лили“, „Целтрион“ и еден лек развиен од „Глаксо Смит Клајн“ и „Вир биотехнологија“.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Обид за филмски грабеж во Модена: запалени возила и расфрлани клинци по патот

Објавено пред

Синоќа, во Модена се случил неуспешен обид за напад на блиндирано возило за да се ограбат парите и скапоцените предмети што ги превезувало, пренесува италијанската агенција „Анса“.

Разбојниците, како на филм, најпрвин го блокирале автопатот на јужниот излез од Модена, истуриле клинци на патот за да го оневозможат сообраќајот, запреле и под закана со оружје одзеле две возила, кои ги запалиле, а потоа запреле и два камиона и ги принудиле возачите да ги постават дијагонално како барикада на патот.

И покрај ваквите подготовки, нападот и грабежот не успеале, а како што соопшти полицијата, за среќа, нема жртви или повредени, иако очевидци велат дека слушнале експлозии и пукотници.

Чадот и пламенот од запалените возила биле видливи и километри подалеку од местото на инцидентот. Отпрвин постоел страв од посериозни последици, па во акцијата на полициските сили учествувал и медицински хеликоптер.

Разбојниците побегнале и по нив се трага.

Поради обидот за грабеж на автопатот меѓу Болоња и Модена, кој е важен сообраќаен центар, превозот бил блокиран неколку часа, а Италија била поделена на два дела. Утрово, како што пренесува агенцијата, сообраќајот на овој дел од автопатот се одвива нормално во двата правци.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Владата го укина полицискиот час, дозволени се прослави и настани

Полицискиот час од утре се укинува, угостителските објекти останува да работат само на отворено, а се дозволува и одржување на...

Топ11 час

Пронајдени 1.243 стебла марихуана во близина на болницата „Св. Еразмо“ во Охрид

Полицијата пронајде 1.243 стебла марихуана во близина на болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Според информациите на МВР, приведени се две...

Македонија13 часа

28 новозаразени од коронавирус, нема починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.887 тестирања, а регистрирани се 28 нови случаи на...

Македонија14 часа

Актерката Силвија Стојановска доби три и пол години затвор поради учество во шверц на кокаин

Затворска казна од 3,6 години доби актерката Силвија Стојановска за транспортот на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија. Нејзиниот...

Македонија16 часа

Филипче ја прими грчката донација од 20.000 дози вакцини од „Астра зенека“

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека денеска пристигнала донацијата од 20.000 дози вакцини на „Астра зенека“...

Свет16 часа

„Политико“: Има пет работи поради кои Бајден ја сака Европа, една од нив е Балканот

Малкумина американски претседатели стапиле на таа функција со толку многу поминати километри во меѓународни патувања како што е Бајден, пишува...

Македонија16 часа

Вчера се аплицирани 4.840 вакцини, прва доза примиле 3.222 граѓани

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 259.935 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.222 граѓани,...

Македонија16 часа

Кацарска: Ниту еден политичар не може да ми влијае за некој предмет

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, тврди дека врз неа не може да влијае ниту еден политичар ниту, пак, да...

Свет18 часа

Израел ги укина маските во затворено

Министерството за здравство на Израел објави дека од денеска веќе не важи обврската за носење заштитни маски во затворен простор....

Македонија18 часа

Владата ќе одлучува за укинување на полицискиот час

На седница што ќе почне денеска во 13 часот, според соопштение од владините служби, на дневен ред пред министрите за...

Свет19 часа

СЗО: Опаѓа бројот на новозаразени од коронавирус во последните седум недели

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, рече дека има пад на новозаразени од коронавирус во последните...

Свет19 часа

Бајден вети дека ќе му ја каже црвената линија на Путин

Американскиот претседател, Џозеф Бајден, вчера во Брисел вети дека ќе му каже на својот руски колега Владимир Путин каде е...

Свет19 часа

Кина возврати на обвинувањата на НАТО: Кажувате невистини, ние сме мирољубиви

Кинеската мисија во Европската Унија денеска ја осуди процената на НАТО од вчерашниот самит дека Кина претставува „системски предизвик“. Водачите...

Македонија1 ден

Заев од НАТО Самитот 2021: Трансатлантското семејство е силно како никогаш порано

Премиерот Зоран Заев, заедно со лидерите на земјите членки на НАТО, учествуваше во централниот работен дел на годинешниот Самит на...

Свет1 ден

Бајден: Напад врз една членка на НАТО е напад врз секого

Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Брисел рече дека колективната одбрана на НАТО, принципот дека нападот врз една членка се...

Свет2 дена

Земјите од НАТО заеднички ќе се бранат и од напади во вселената

Проширувањето на членот 5 од договорот за основање на НАТО, кој денеска ќе биде продолжен, им овозможува на членките на...

Македонија2 дена

Четири нови случаи на Ковид-19, починал 66-годишен скопјанец

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.337 тестирања, а регистрирани се четири нови случаи на...

Европа2 дена

Во Германија најнизок број на новозаразени во последните 9 месеци

Во Германија е регистриран најмал број на новозаразени од коронавирус на дневно ниво во последните девет месеци, па официјалните лица...

Економија2 дена

Од полноќ се зголемуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,15%...

Македонија2 дена

Груби и Мерко за рушењето на платформите во Струга: Зелената агенда е веќе во акција

Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби, заедно со министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, и...

Досие