Контакт

Свет

САД и Русија остануваат најголеми извозници на оружје во светот

Објавено пред

САД и Русија останаа главни извозници во 2014-2019 година, иако обемот на продажба на оружје од Русија се намали во однос на 2010-2014 година, покажува извештајот на Меѓународниот институт за истражување на мирот во Стокхолм (СИПРИ), пренесува ТАСС.

Во новиот извештај за состојбата со трговијата со оружје се забележува дека во 2015-2019 година обемот на трговијата се зголемил за 5,5 отсто  споредено со претходниот петгодишен период (2010-2014).

„Помеѓу 2010-14 и 2015-19 година, извозот на оружје од САД порасна за 23 отсто, зголемувајќи го неговиот удел во вкупниот глобален извоз на оружје на 36 отсто. Во 2015-19 година вкупниот извоз на оружје од САД беше за 76 отсто поголем од извозот на вториот најголем извозник на оружје во светот, Русија. Оружјето од САД отиде во вкупно 96 земји “, се вели во извештајот.

„Половина од американскиот извоз на оружје во изминатите пет години отиде на Блискиот Исток, а половина од него заврши во Саудиска Арабија. Во исто време се зголеми побарувачката за напредните воени авиони на САД, особено во Европа, Австралија, Јапонија и Тајван“, вели Питер Д. Везман, виш истражувач во СИПРИ.

Уделот на воениот извоз на Русија во изминатите 5 години изнесуваше 21 отсто од глобалниот обем, што е за 6 отсто помалку од периодот 2010-2014 година. Снабдувањето со руско оружје на Индија, главниот партнер на Русија во областа на трговијата со оружје, значително се намали – за 47 отсто во однос на претходниот период 2010-2014 година.

 

 

Свет

(Видео) Жена која исчезна пред две години рибарите ја најдоа жива во морето

Објавено пред

Колумбијката Анџелика Гаитан (46) е пронајдена истоштена и со хипотермија додека лебдела во море во близина на брегот на градот Пуерто Колумбија во провинцијата Атлантико. Таа е забележана во водата на 26 септември, две години по нејзиното исчезнување. Ја пронашол локалниот рибар Роландо Висабал.

Според колумбиските медиуми, рибарот на почетокот не сфатил дека станува збор за човечко тело.

Видеото, кое брзо се прошири на Интернет, покажува како рибарите ја влечат беспомошната жена со помош на јаже.

Според извештаите од болницата, жената пловела во водата околу осум часа и дошла во болница во состојба на шок. Откако се опоравила, Гаитан изјавила дека жали за моментот кога решила да скокне во вода и како самиот Бог ја спасил од давење.

– Благодарна сум, Бог ми даде нова можност да продолжам – рече таа.

Полицијата почна истрага за случајот, за да се открие каде била спасената жена во изминатите две години.

Несреќната жена, за RCNRadio изјавила дека нејзиниот сопруг ја тепал и малтретирал за време на последните две бремености, пренесува DailyMail, а таа не можела да избега поради децата. И откако го пријавила неколку пати, сè се враќало по старо.

Во друго интервју, таа рече дека била заклучена во сопствената куќа и нејзиниот сопруг и забранувал да користи тоалет. Тој ја тепал и се обидел да ја убие во 2018 година.

Според нејзиното сведочење, пред две години,  избегала и шетала по улиците шест месеци сè додека не била примена во засолниште за жени каде што рече дека била исто така малтретирана и не го нашла засолништето по кое копнеела.

„Жените ја исклучуваа водата додека се туширав или ставаа течен сапун во мојот сок“, рече таа.

Прикажи повеќе...

Свет

Ерменија планира признавање на независноста на Нагорно-Карабах

Објавено пред

Во екот на актуелната воена ситуација, властите на Ерменија ги разгледуваат плановите за официјално признавање на независноста на Републиката Артсак (Нагорно-Карабах), рече ерменскиот премиер Никол Пашинјан на прес-конференција со руските медиуми, пренесува „Арменпрес“.

Пашинјан нагласи дека дејствата што ги презема Ерменија се фокусирани на воспоставување трајна стабилност во Нагорно-Карабах.

„Да, прашањето за признавање на независноста на Нагорно-Карабах е на нашата агенда. Исто така, постои можност за формирање воен и политички сојуз со Карабах”, рече Пашинијан.

Плановите за воспоставување воен и политички сојуз со непризнатата република, претходно ги најави лидерката на владејачката парламентарна фракција „Мај степ алијанс“, Лилит Макунц, на својата страница на „Фејсбук“.

„Во сегашната ситуација активно се дискутира за нашите потенцијални активности, вклучително и склучување воен и политички сојуз со Артсак (непризната Република Нагорно-Карабах)“, напиша Макунц.

Пашинјан рече дека Ерменија ќе ја осигура својата безбедност со или без учество на Организацијата на договорот за колективна безбедност (ЦСТО). Во исто време, тој рече дека Ерменија е во постојан контакт со партнерите од ЦСТО.

Тој додаде дека Ерменија е подготвена да биде домаќин на претстојниот состанок на Меѓувладиниот совет на Евроазиската економска унија во Ереван, закажан за 9 октомври.

Само ден претходно, Виктор Бијагов, претставник на Ерменија во ЦСТО, рече дека како што продолжува конфликтот во Нагорно-Карабах, Ерменија е подготвена да ги активира воените механизми на организацијата, бидејќи постои значителна закана за суверенитетот на земјата.

Бијагов призна дека владата на Ерменија ќе мора да го спроведе овој протокол ако се прошири географијата на воените дејствија. Тој додаде дека Азербејџан почнал целосна војна, одбивајќи мировните разговори. Воената акција резултираше со многу цивилни жртви, вклучително жени и деца.

„Особено сме загрижени од безусловната воена и политичка поддршка на Турција за Азербејџан, што придонесува за понатамошна дестабилизација во областа на одговорност на ЦСТО и претставува сериозна закана за народите во регионот. Турските воени специјалисти се борат во редовите на вооружените сили на Азербејџан и се користи турско оружје, вклучително и беспилотни летала и воени авиони“, се вели во изјавата.

Прикажи повеќе...

Свет

Француската полиција растури камп за 700 мигранти во Кале

Објавено пред

Камп за мигранти во Кале, Франција, во кој беа сместени 700 до 800 мигранти, беше растурен од француската полиција во вторникот, во една од најголемите операции по уништувањето на озлогласената „Џунгла“ во Кале во 2016 година, пренесува „Брејтбарт“.

Францускиот пристанишен град сè уште е како магнет за мигрантите од Блискиот Исток и Африка кои се надеваат дека нелегално ќе го преминат каналот Ла Манш и ќе стигнат до Обединетото Кралство каде, и покрај патувањето од безбедна прва светска земја во Франција, често им се дава можност да побараат азил.

Додека ги чекаат криумчарите за да им овозможат премин преку каналот, во пловни објекти кои се движат од даски за сурфање и кајаци до гумени чамци, мигрантите често градат импровизирани кампови во француски градови како Кале. Во полициската рација на најновиот логор беа отстранети повеќе од 200 лица во првите два часа од операцијата, од кои 21 беа уапсени.

Луи ле Франк, висок претставник на северниот департман Па-де-Кале, изјави за Франс Прес дека владата сака да избегне концентрирање и ново собиралиште во Кале. Ле Франк рече дека операцијата е најголема од ваков вид по демонтирањето на озлогласениот камп „Џунгла“ во Кале, од каде беа отстранети околу 9.000 мигранти во периодот од 2015 до 2016 година.

„Според мене, ова е пред сè операција за да им се даде на луѓето безбедно прибежиште. Мигрантите живеат во оваа пошумена област во екстремно тешки услови. Беше важно мигрантите да се истераат пред зимскиот период“, рече Ле Франк.

Мигрантите отстранетиени во вторникот наводно биле мажи и потекнувале од земји како Сомалија, Судан, Иран, Ирак и Еритреја.

Од приближно 700 мигранти отстранети во вторникот, 150 ќе бидат пренесени во центар за прием на мигранти, 150 во други департмани во Северна Франција, а останатите 500 ќе бидат распределени низ другите региони на Франција.

Француската влада тврди дека во областа Кале во моментов живеат 1.000 мигранти, меѓутоа локалните групи за поддршка на мигранти сугерираат дека бројот е веројатно близу 1.500.

Од почетокот на годинава, француската влада спречи 1.317 мигранти да го преминат Ла Манш. Во истиот временски период евидентирано е дека речиси 7.000 мигранти стигнале до британските брегови, а многумина останале неоткриени.

Во август беше евидентирана првата смрт во Ла Манш, со извештаи во медиумите кои лажно тврдеа дека удавениот мигрант бил тинејџер. Подоцна беше откриено дека Абдулфатах Хамдалах, Суданецот кој бил жител на мигрантскиот камп Кале, всушност бил 28-годишник чие барање за азил Франција го одбила.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион57 минути

Грчките свештеници загрижени за барањето до Вартоломеј за автокефалност на македонската црква

Грчките црковни кругови ги коментираа барањата на македонските власти до Вселенскиот патријарх Вартоломеј за автокефалноста на македонската црква. „Задната врата“...

Македонија1 час

Сојузот на средношколци најави бојкот во ноември ако не се дозволи комбинирана настава

Сојузот на средношколци најави бојкот на наставата од ноември, доколу во октомври остане стабилна епидемиолошката состојба, а институциите не дозволат...

Македонија2 часа

Милошоски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против одлуките за вонредна состојба

Заврши координацијата на пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“ по што пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, информира дека...

Регион3 часа

Албанија го одложи почетокот на училишната година

Албанија го одложи почетокот на училишната година за ноември откога бројот на заразени од коронавирусот во еден ден се зголеми на...

Топ3 часа

Приведена дилерка на кокаин во Тетово

Полицијата приведе 45-годишна жена од Теотово осомничена за продажба на кокаин. Според информациите од МВР, таа ја криела и ја...

Свет4 часа

Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании: го зголемуваме производството на вакцини со невидена брзина

Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании за да соработуваат во производството на вакцина против...

Македонија4 часа

Потрошени 6,7 милиони евра за итни набавки за заштита од Ковид-19, најмногу потрошило МВР

За итни набавки за заштита од коронавирусот, во првите шест месеци од кризата биле потрошени 6,7 милиони евра, покажува извештајот...

Македонија5 часа

Филипче на средба со медицинските сестри кои дадоа отказ од Инфективна – се обидел да ги убеди да останат

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово се сретнал со трите медицински сестри од Инфективната клиника кои дадоа отказ. Според објавата...

Свет6 часа

(Видео) Хаотична прва дебата меѓу Трамп и Бајден

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот противкандидат, поранешниот потпретседател и сенатор Џо Бајден, синоќа ја имаа првата од трите дебати...

Свет6 часа

Премиерот на Ерменија: За конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение

Премиерот на Ерменија, Никол Пашињан изјави дека за конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение. Пашињан за телевизијата Русија 1 рекол...

Свет20 часа

Кремљ: Путин планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус

Рускиот претседател, Владимир Путин, планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус, рече неговиот портпарол. „Путин планира да се...

Македонија21 час

Алаѓозовски и Поповски именувани за национални координатори во Владата

Владата на денешната седница ги именува поранешниот министер за култура Роберт Алаѓозовски и поранешниот министер без ресор задолжен за комуникации,...

Македонија21 час

Игротеките почнуваат со работа

Владата на денешната седница го усвои протоколот за работа на игротеките. „Владата го усвои протоколот за работа на игротеките во...

Македонија21 час

Владата одобри целоднeвна настава во училиштата

По препорака на Комисијата за заразни болести, Владата на денешната седница одобри целодневна настава во училиштата. „Одобрена е организацијата на...

Македонија24 часа

(Видео) Потпишан етичкиот кодекс, функционерите се обврзаа на транспарентно и одговорно работење

На седница на Владата денеска беше потпишан кодексот за етичко однесување на носителите на јавни функции. По тој повод, заменик-претседателот...

Свет24 часа

(Видео) Војската на Нагорно-Карабах соборила два азербејџански хеликоптера

Војската на Нагорно-Карабах собори два азербејџански хеликоптера користејќи ракети „земја-воздух“ – „игла“, објави прес-секретарот за ерменското Министерство за одбрана, Шушан...

Македонија1 ден

Осум починати и 112 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на...

Македонија1 ден

(Видео) Фетаи ќе бара затворски казни за сите обвинети во „Насилство во Центар“

Обвинителката Фатиме Фетаи ќе бара затворска казна за Миле Јанакиески и другите обвинети со жалба во апелација откако Кривичниот суд...

Македонија1 ден

Царовска: Место да ја бојкотираат онлајн-наставата, родителите, градоначалниците и директорите да седнат и да се договорат

Бојкот на онлајн-наставата нема да им донесе ништо добро на децата, рече денес министерката за образование и наука, Мила Царовска....

Македонија1 ден

(Видео) Затворска казна за Груевски, а условна за Јанакиески и за извршителите во „Насилство во Центар“

Судот изрече казна затвор од 1 година и 6 месеци за Никола Груевски, а за Миле Јанакиески условна казна од...

Досие