Свет
САД најавија нови санкции против Русија

САД наскоро ќе разгледаат дополнителни санкции против Русија, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео.
„ Соединетите држави наскоро ќе разгледаат дополнителни санкции против Русија според Законот за санкции против американските противници (CAATSA) и Европскиот закон за заштита на енергетската безбедност (ПЕЕСА)“, рече Помпео.
Тој потсети дека Америка воведе санкции на бродот кој работи на изградба на „Северен поток 2“ – леталото „Фортуна“ и неговиот сопственик, компанијата „КВТ РУС“, пренесува Спутник.
„ Ако биде завршен „ Северен поток 2 “, тоа ќе и` даде можност на Русија целосно да ја заобиколи Украина, лишувајќи ја од исклучително важните приходи и „отворајќи“ ја за понатамошни агресивни руски активности, а исто така ќе овозможи природните ресурси да се користат како инструменти на притисок и злонамерно влијание во Западна Европа“, истакна Помпео.
Според него, „денешното објавување на санкции покажува дека Соединетите држави не се плашат да одговараат за оние кои продолжуваат да помагаат и да го одобруваат овој руски инструмент на принуда“.
Претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека проектот за гасоводот „Северен поток 2“ се соочува со суров и незаконски притисок од Америка. Проектот „Северен поток 2“ вклучува изградба на две гранки на гасоводот, со вкупен капацитет од 55 милијарди кубни метри гас годишно, од брегот на Русија, преку Балтичкото Море, до Германија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Фаучи: Студентите ќе бидат вакцинирани до 2022 година

Водечкиот американски епидемиолог, Ентони Фаучи, изјави дека апсолвентите во САД ќе бидат вакцинирани до есен, додека нивните помлади колеги најверојатно ќе бидат вакцинирани до почетокот на 2022 година.
Тој изрази уверување дека Националните центри за контрола и превенција на болести во следните неколку дена ќе одобрат ублажување на мерките на лицата кои биле вакцинирани, но апелираше до 80 проценти од населението во САД кои сè уште чекаат на вакцинирање, за постојано да се придржуваат и да ги спроведуваат превентивните мерки.
„На добар пат сме, само треба да издржиме уште малку“, рече Фаучи во интервју за телевизиската мрежа Си-би-ес.
Во Соединетите држави, во просек, секој ден се вакцинираат околу 2,1 милиони луѓе, објави „Ројтерс“.
Свет
Зошто е речиси невозможно да се заразите со коронавирус на отворено?

Аеросолите, ситни честички што лебдат во воздухот, се главниот виновник за пренесување на коронавирусот. Според наодите на научниците, ова особено се случува во затворен простор бидејќи циркулацијата на воздухот на отворено е многу поголема.
„Имате проток на ветер, така што концентрацијата на аеросолот се разредува многу брзо”, вели Нико Мутерс, раководител на Институтот за јавно здравје на Универзитетската клиника во Бон за „Дојче веле“.
Александар Кекуле, вирусолог, вели слично, но додава: „Сето тоа се однесува ако држите растојание од најмалку метар и половина на отворено. Ако не ја одржувате таа далечина, ако стоите и се гледате лице в лице и разговарате гласно, пеете, викате, плукате – тогаш, наместо преку аеросоли, може да се заразите преку капки од плунката“.
Студиите потврдуваат дека ризикот од инфекција надвор е исклучително мал. Една студија од Кина испита 7.324 случаи на инфекција – само една се случила на отворено. Кекуле вели дека истото важи и за мутациите на вирусот – тие се нешто позаразни, но мерките остануваат исти.
Како влијае ветерот?
„Колку е поветровито, толку побрзо ќе се распрснат облаците од аеросоли“, вели Герхард Шоих, физичар и истражувач на аеросоли.
На прашањето дали, на пример, на една ливада каде што седат различни групи луѓе, можно е ветерот да пренесува аеросоли од една во друга група, Шоих вели дека тоа е практично невозможно.
„Поради температурата на телото, се создава еден вид воздушна струја, која претежно, како и со камин, се движи нагоре“, изјави овој физичар за „Дојче веле“. Појаснува дека тоа е така затоа што телесната температура од околу 37 степени е генерално повисока од надворешната.
„На тој начин потоплиот воздух се движи нагоре, дури и облакот од аеросоли“, додава тој.
Една студија во Иран, исто така, потврди дека ветерот не игра никаква улога во пренесувањето на вирусот.
Дали има опасност од спортување?
Експертите велат дека спортистите, на пример кога џогираат, треба да одржуваат растојание од метар и половина, и дека во состојба на физичко оптоварување тие дишат подлабоко и испуштаат повеќе честички во воздухот.
„Ако некој помине покрај вас, дури и на кратко растојание, ризикот е многу мал“, вели Биргит Венер, истражувач од Институтот Лајбниц.
Слично размислува и нејзиниот колега Герхард Шоих – и задушените спортисти ќе мораат да стојат едни до други неколку минути за да се прошири инфекцијата. Затоа тој не гледа проблем во тимските спортови како фудбалот.
„Но, проблемот се јавува кога се користат соблекувални или тоалети. Ова се опасни простории. Тие мора да бидат добро проветрени“, додава Шоих.
Холандска студија, која минатата година покажа дека е потребно поголемо растојание меѓу спортистите, се смета за контроверзна. Во студијата се наведува дека велосипедистите треба да се оддалечат дваесетина метри. Критичарите истакнуваат дека студијата е спроведена во тунел на ветер, а не под реални услови.
Регион
Во Врање сменет начинот на вакцинација откако маж прими две различни вакцини

Од денес е сменет начинот на вакцинирање во српскиот град Врање заради неодамнешниот пропуст кога едно лице беше вакцинирано со две различни вакцини.
Сменета е и локацијата за вакцинација. Сега се вакцинира само во јавната установа Спортска хала, а примателот на вакцина се следи од влезот до излезот од објектот.
„Целиот систем е дизајниран за да не се повтори грешката со давање две различни вакцини. Поставен е мониторинг, пациентот се следи целосно од влез до излез, така што грешката е сведена на скоро нула“, рече координаторот на Здравствениот дом во Врање, Небојша Димитријевиќ.
Слаѓан Антиќ од Врање прими две различни вакцини, прво таа на „Фајзер“, а потоа за време на ревакцинацијата, ја примил кинеската вакцина на „Синофарм“.
Антиќ ја примил првата доза на вакцината во Здравствениот дом во Врање, а за втората доза добил СМС-порака да се јави во Спортска хала.
По ревакцинацијата, како што вели, во разговор со докторот дознал дека е вакциниран со кинеската вакцина.
„Во разговорот, лекарот што ми е пријател ми рече – кинеската вакцина што ја прими е одлична. Изненаден го прашав – како кинеска, требаше да ја примам вакцината на ‘Фајзер’ и тогаш настана гужва “, рече Антиќ за РТС.
Во Врање четири недели е на сила вонредна состојба поради зголемувањето на бројот на болни и хоспитализирани.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“