Контакт

Свет

САД одбележуваат 18 години од терористичкиот напад

Објавено пред

Во САД денеска се одбележуваат 18 години од терористичкиот напад извршен на 11 септември 2001 година во Њујорк и Вашингтон, кога загинаа речиси 3.000 лица.

Нападите се случија кога терористи киднапираа четири авиони од кои два удрија во кулите близначки на Менхетн, еден во Пентагон, а четвртиот се сруши во руралниот дел од Пенсилванија, бидејќи патниците пружиле отпор.

Одговорност за нападот презеде Ал каеда, чијшто лидер, Осама бин Ладен, беше убиен 10 години подоцна во Пакистан.

Во САД денот ќе биде одбележан со комеморација на која ќе присуствува и американскиот претседател Доналд Трамп.

Свет

Нетанјаху во тешка ситуација, се чини дека доживеа изборен пораз

Објавено пред

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, се бори за политички опстанок, откако излезните анкети за изборите одржани во вторникот, укажуваат на тесна трка и можност за крај на спиралата на моќ на израелскиот лидер кој на власт е една деценија.

Главниот противник на Нетанјаху, центристот Бени Ганц, денеска изјави дека според излезните анкети, се чини дека лидерот со најдолга власт во Израел е поразен, но дека сепак треба да се почекаат официјалните резултати.

Нетанјаху не прогласи победа или пораз, но рече дека ги чека резултатите во обраќањето во својата десничарска партија „Ликуд“. Неговото неуспешно формирање на влада по изборите во април доведе до уште едни избори кои се одржаа во вторникот.

Поранешниот командант на израелските вооружени сили, пред својот центристички сојуз „Сино-бело“ порача дека по се изгледа ја исполниле својата цел и вети дека ќе работи на формирање влада за национално единство.

„Се чини дека Нетанјаху не успеа во својата мисија да освои петти мандат“, изјави 60-годишниот Ганц.

Официјалните резултати од изборите би можеле да бидат познати за повеќе од една недела, но како што ќе бидат објавувани делумни резултати, така и целосната слика ќе станува појасна.

Партијата „Ликуд“ треба да добие меѓу 31 и 33 места од вкупно 120 во израелскиот парламент, и центристичкиот сојуз „Сино-бели“ меѓу 32 и 34 места. Ниту една партија нема доволно поддршка за добивање 61 место во парламентот, потребни за формирање влада.

Поранешниот министер за одбрана Авигдор Либерман, претседател на десничарската партија „Израел Бејтину“, што би можела да биде пресудна во формирањето на новата израелска влада, во вторникот вечерта повика на формирање влада за национално единство која би ги вклучувала партиите на Нетанјаху и Ганц.

„Имаме само една опција, а тоа е да формираме широка и либерална влада за национално единство во која би биле вклучени Израел Бејтину, Партијата на сино-белите и Ликуд“, рече Либерман.

Прикажи повеќе...

Свет

Грета Тунберг до политичарите: Жалам, но не правите доволно

Објавено пред

Активистката за борба против климатските промени, Грета Тунберг им порача на политичарите дека не прават доволно за спас на планетата.

„Знам дека се обидувате, но тоа не е доволно. Жалам“ рече активистката за борба против климатските промени, која ги инспирира младите луѓе низ светот да протестираат против влијанието на глобалното затоплување.

Таа ѝ порача на работната група за климатски промени во Сенатот во Вашингтон да си ги „зачуваат пофалбите за себеси“.

„Не не викајте тука само за да ни кажете колку сме инспиративни, без притоа да направите нешто“ рече таа.

Шеснаесетгодишната активистка е една од неколку млади активисти од целиот свет, која беше поканета да присуствува во дводневна дискусија на работната група во Вашингтон.

Целта на младите активисти е да поттикнат поддршка од американските пратеници за итна акција против климатските промени, за што Грета и останатите спроведоа кампања.

Прикажи повеќе...

Свет

Пенс ја откажа средбата со премиерот на Соломонските Oстрови

Објавено пред

Потпретседателот на САД, Мајк Пенс ги откажа плановите да се сретне со лидерот на Соломонските Oстрови и да разговара за развојот на партнерството, откако овој пацифистички остров ги прекина дипломатските контакти со Тајван, соопштија американски официјални претставници.

Соломонските Острови се шеста земја што го повлече признавањето на Тајван, за кој Кина смета дека е дел од нејзината територија и одлучи да воспостави дипломатски односи со Пекинг, пренесува „Ројтерс“.

Премиерот на Соломонските Острови, Манаса Согаваре побара состанок со Пенс во јули, а првично требаше да се состанат на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк или подоцна во Вашингтон.

„Но, одлуката на Соломонските Острови да го повлече признавањето на Тајван ќе има последици. Тие ги поткопаа историски важните односи со таа одлука“, рекоа американските власти, додавајќи дека приоритет им бил даден на краткорочните цели со Кина во врска со долгорочните односи со САД.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет59 минути

Би-би-си: Зошто Саудиска Арабија и Иран се лути ривали?

Саудиска Арабија и Иран се два силни соседа и повеќегодишни ривали во борбата за регионална доминација, а неодамнешните напади врз...

Македонија1 час

Ново рочиште за „Монструм“, ќе бидат пуштени бомби за случајот

Обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски влегоа на судењето за предметот „Монструм”. Фетаи не одговори на новинарските прашања, само прокоментира...

Македонија2 часа

Протест на лекарите поради насилството врз нив

Лекарите и здравствените работнициденеска ќе протестираат, по неколкуте напади врз доктори и медицински сестри што се случија неодамна. Протестот е...

Свет2 часа

Макрон испраќа експерти во Саудиска Арабија да испитаат кој го извршил нападот

Франција ќе испрати експерт во Саудиска Арабија, кој ќе помогне во истрагата за нападот на нафтеното постројување во Саудиска Арабија,...

Свет2 часа

САД бараат конфискација на приходите од продажбата на книгата на Сноуден

Министерството за правда на САД соопшти дека поднеле тужба против Едвард Сноуден и бараат конфискација на сите приходи од продажбата...

Свет14 часа

Поради лекарски грешки годишно умираат 2,6 милиони луѓе

Околу 2,6 милиони луѓе годишно умираат од ненамерни грешки во амбулантите и болниците низ светот, се вели во анализата на...

Спорт15 часа

Драма во Љубљана! Македонија ја „собори“ и Словенија, остана во игра за осминафинале!

Откако вчера македонските одбојкари ја забележија историската прва победа на едно Европско првенство, денеска повторно на „крилата“ на Никола Ѓорѓиев,...

Регион16 часа

Кучиња намирисаа 11 килограми хероин во возило кај Драч

Албанец од Косово, Агим Сиљејмани (50), кој веќе неколку години живеел во Швајцарија, е уапсен во албанскиот пристаништен град Драч...

Македонија17 часа

Нов пожар во околината на Прилеп, гори шумата над манастирот во село Селце

Нов голем пожар денеска се појави кај село Селце, во непосредна близина на манастирот „Св.Димитрија“. Со пожарот е зафатена густа...

Македонија19 часа

Иванов: Антикорупциска манипулира, закупот е 1.950, а не 4.500 евра

Експретседателот Ѓорге Иванов реагира откако антикорупциската комисија даде препорака до Владата да се раскине договорот за закуп на неговите деловни...

Македонија21 час

ВМРО-ДПМНЕ предлага анкетна комисија за работењето на СЈО

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска до Собранието поднесе предлог-одлука за основање анкетна комисија за утврдување на евентуалното нестручно, несовесно и...

Македонија21 час

Апелациониот суд ги потврди доживотните затворски казни за „Диво Насеље“

Апелациониот суд Скопје ги одби жалбите на обвинетите во предметот „Диво Насеље“ и во целост ја потврди првостепената пресуда за...

Македонија21 час

Антикорупциската комисија ќе побара Иванов да ја пресели канцеларијата од „Џеваир“

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе побара од Службата за општи и заеднички работи при Владата (СОЗР) да...

Македонија21 час

(Видео) Туск: Северна Македонија направи сè што се очекуваше за влез во ЕУ

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, по денешната средба со премиерот, Зоран Заев, изјави дека Северна Македонија направила сè што...

Македонија22 часа

(Видео) Заев: „Рекет“ е силен тест за судството

„Рекет“ е силен тест за судството и успехот во правосудните реформи. Со решавање на овој случај и законот за Јавното...

Македонија1 ден

„02 Иницијативата“: Ништо не е реализирано од програмата за намалување на загадувањето за 2019 година

Од програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 со два милиона евра нема ништо реализирано, а објавена e само една...

Свет1 ден

Путин, Ердоган и Рохани: Да се формира одбор за изработка на нов Устав во Сирија

Лидерите на Турција, Русија и на Иран, Реџеп Таип Ердоган, Владимир Путин и Хасан Рохани, се согласија на состанокот во...

Свет1 ден

Трамп: Иран стои зад нападот на Саудиска Арабија, но ќе почекаме да се докаже

Треба да се почека додека со сигурност не се дознае извршителот на нападот на Саудиска Арабија, изјави американскиот претседател Доналд...

Свет1 ден

Хамнеи: Никогаш нема да преговараме со САД

Иран никогаш нема да преговара со САД, политиката на Вашингтон заснована на максимален притисок ќе пропадне, изјави врховниот ирански верски...

Македонија1 ден

Пратеници формираа иницијатива за една изборна единица

Во Собранието на Северна Македонија се формира иницијатива за една изборна единица, во која се вклучија 12 пратеници од 10...

Досие